Дојдe и мојот Ди деј.
Флојд - Echoes
Конкретна причина нема, а и неможам да одлучам зошто ја одбрав токму оваа песна. Најверојатно поради структурата, лириките, амбиентот, триповите, компатибилноста.
Сакам прво да почнамсо лириките и нивното значење. Додуша, ова е песна која можеш да ја интерпретираш на било каков свој начин.
Почнува:
1.Overhead the albatross
Hangs motionless upon the air
And deep beneath the rolling waves
In labyrinths of coral caves
An echo of a distant time
Comes willowing across the sand
And everything is green and submarine.
Која друга песна ја опишува кондицијата на светот, каде се е стокмено и на место. Ја чувствуваме иднината како бавно се приближува, баш како ехо. Фокус на светот, од највисоките врвови, каде албатросите неподвижно летаат во воздухот, се до најниските длабочини.
2.And no one called us to the land
And no one knows the where's or why's.
Something stirs and something tries
Starts to climb toward the light.
Невнимателни, несвесни, па дури и исплашени сме од опкружокот. Несигурни за она што можеме да го правиме со него, но "нешто" се обидува да истражи, со големи шанси да успее.
3.Strangers passing in the street
By chance two separate glances meet
And I am you and what I see is me.
And do I take you by the hand
And lead you through the land
And help me understand
The best I can.
Тивкиот синтисајзер и точкестите гитарски звуци не носат на сосема друго место. Двајца комплетно загрижени непознаници со својот очајнички поглед заклучуваат дека се заштрачувачки слични. Две човечки суштества, кој на крајот секогаш се исти. Завршната реченица ни ја дава потребата од меѓусебна помош, за вистинскиот живот, неговата виталност и кои сме ние.
4.And no one called us to the land
And no one crosses there alive.
No one speaks and no one tries
No one flies around the sun....
Површински, но конечно истражено, преку околината се докажува дека не сме повикани, непосакувани, мрзеливи, безнадежни и бездушни. Потенцирам: Никој не лета околу сонцето.
Следно, не би рекол дека има пауза, бидејќи ваква маестрална проекција нема одмор. Врисок на жена или природа од гитарските жици кој продолжува во динамичниот цут на синтисајзерот.
5.Almost everyday you fall
Upon my waking eyes,
Inviting and inciting me
To rise.
And through the window in the wall
Come streaming in on sunlight wings
A million bright ambassadors of morning.
"Ти". Се однесува на живот или идеи, а можно и двете. Животот не поздравува секое утро по ширењето на зениците и длабокиот сон. По првиот поглед, добиваш идеи кој што чекаат да бидат "повикани" и "надразнети" со цел да те задоволат, или да "процветаш". Животот те повикува да се кренеш од кревет, носејќи го утрото во твојот дом, при што сончевите крилја поминуваат низ твојот прозор.
6.And no one sings me lullabyes
And no one makes me close my eyes
So I throw the windows wide
And call to you across the sky....
Следниот дел за мене ја покажува перфекцијата на оваа песна. Целиот проблем е што, тоа суштество неможе да заспие, или така одбира, па безумно талка по непознаници низ светот. Во овие букви е тежината на нивниот збор и на светот. Ништо не е фер, ништо не е лесно, го презираш секој иден ден, но и го колнеш денешниот. Ти си безвременски патник, кој се обидува да го најде своето место во светот. Корицата е мека и привлечна, но суштината е горка и мрачна. Повикот низ небесната шир не стигна до посакуваната цел. А и никогаш нема.
Сосема на крај, истоштениот ветар полека ја минува својата патека, собирајќи ја сета тага и очај, сонувајќи за подобар и идеален живот и свест.
Помпеја, 1972. Дефиниција за тишина и мистериозност.
За да уживате во песнава, попуштете тон и бас, изгасете светло, затворете очи и дозволете да влезете во поинаква димензија во следните 23 минути. Како и секоја девојка, нема да ти рашири нозете и да ти ги каже сите тајни со само едно слушање. Мораш да бидеш внимателен, сконцетриран и трпелив. Оваа песна е голема, долга и спора, но ќе заврши додека отвориш очи. Лачи традиционална структура, но во себе крие и длабока логика. Дадете и време и ќе ве претопи во неподвижен емоционален лигуш.
Со среќа.