Санаториум

  • Креатор на темата Креатор на темата AceCaleb
  • Време на започнување Време на започнување

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.944
Поени од реакции
11.336
Не видов тема за еден од најдобрите македонски бендови (мој омилен), па сметам дека подфорумов би бил осиромашен, доколку не се посвети посебна тема за дечкиве т.е. Санаториум.

Санаториум е македонски треш метал бенд формиран во Скопје во 1987ма година, еден од првите метал бендови во државава.

Се работи за 4 члена група:
Перо Стефановски - гитара и вокал
Константин Качев - гитара
Горан Станковиќ - бас гитара
Горан Атанасов - тапани

Во 1992ра година го издаваат првиот албум "На работ на разумот", на касета. Албумот е комплетно на македонски јазик. После него имаат и снимен настап во живо во Унгарија.
Во 1996та година го вадат вториот студиски албум под името "No more". Албумот е комплетно на англиски јазик.
Во 2001ва година го вадат цд-то "Sanatorium" кое ги содржи сите песни од нивниот прв албум, како и две други песни и три снимени песни во живо.
Имаат настапувано како предгрупа на Motorhead, Slayer и Soulfly.

Во последно време по подолга пауза почнаа да прават по некој настап во живо, последен им беше на Скопје Гори 2013та. Имаат изведено и неколку нови неиздадени песни, а на нивната страна пишува дека работат на новиот албум.

Мене лично ми е омилениот македонски бенд. Албумот на македонски е многу подобар од англискиот и со него по мое субјективно мислење имаат згазено се друго што има излезено од музика во нашиве простори.
Замерка им наоѓам во поголемите паузи што ги имаат направено, па во однос на тоа и малиот музички багаж.
Во нивната музика наоѓам највеќе влијание од Металика, впрочем во првиот албум имаат и една инструментална песна (Muirotanas), како што имаат Металика во првите 4 албуми. Песната Санаториум лирички е слична со Welcome Home (Sanitarium) од Металика итн.
Тешко е да се избере омилена песна, Удобен ковчег, Ултра спид, Санаториум, Без разум и свест, се секако едни од нив.

Еве по нешто

\m/

Пукна гитара со страотен глас
по неа веднаш ненормален бас,
тапаните грмат во сите души,
споулаве публика почна да руши!
 
Бравоте за темава.

Инаку освен споменатите, мене ова ми беше така пофацлеста песна.

Закон се. И мене ми се најомилен мак бенд. Удобен конвчег, во себе умирам и секако без разум и свест ми се омилени. Ако не се лажам беа предгрупа и на Iron Maiden во софија кон крајот на 90тите.
 
Јас па помислив нешто за лудница,лудачки кошули јажиња и друго.
 
Еден од ретките бендови кои прават музика што секој би ја слушал.Не мора да си искусен хеви металец да можеш да ги слушаш САНАТОРИУМ.Едноставно андерграунд музика за сечие уво.И којзнае дали има некој што е фан на гитарската музика а да рекол лош збор,дека не чинат.
 
Ако не се лажам беа предгрупа и на Iron Maiden во софија кон крајот на 90тите.
Мислам дека се лажеш, на Slayer биле предгрупа во Софија, а на Мејден мислам дека не биле никогаш предгрупа.

Имаат и по некоја балада дечкиве

Пред неколку дена пишаа на фб профилот дека викендов влегуваат во студио да снимат три песни. Не застануваат на тоа, а планираат и самостоен концерт да направат во иднина. Немаат спонзори се самофинансираат за се', како и сите бендови од ваков тип во државава :)

Еве нешто повеќе
 
Санаториум денеска во 12:00 на својата фб страна ја објавија првата од трите нови снимени песни. Ми делува солидно и автентично на нивниот стил, ќе ја послушаме повеќе пати.

Уживајте \m/

[DOUBLEPOST=1405075120][/DOUBLEPOST]Повелете и линк за превземање на песната

Sanatorium - Molitva
 
Последно уредено:
Санаториум денеска во 12:00 на својата фб страна ја објавија првата од трите нови снимени песни. Ми делува солидно и автентично на нивниот стил, ќе ја послушаме повеќе пати.

Уживајте \m/
рефренот НЕ е тоа што треба да биде. едно многу потестува на онаа србинката (не ми текнува како се вика), а и не е тоа тој звук на санаториум за да биде толку мек/лигав/певлив.
би било фино да го преработат тој дел. еве и ќерка ми вика “леле, што е ова, ко бибер“ ме изнасмеала:pos: од кај и текна за бибер
 
За рефренот во право си, делува како поп-панк момент, али рифовите се тие, типично нивни стил и тежина, пиштачкиот момент на гитарата проследен со вокалот на Шпирт им е погодок според мене, соло е неизбежно во нивните песни, така и во оваа. Воглавно песната е помелодична, Санаториум сепак имаат доста мелодичен звук на некои песни... мислам дека песната е кул.
 
тоа е! за останатиот дел јака 9-ка. но пак ќе кажам, би било за нив подобро да го преработат тој дел.
 
тоа е! за останатиот дел јака 9-ка. но пак ќе кажам, би било за нив подобро да го преработат тој дел.
Ќе видиме, уште не е излезен албумот, промени се можни!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom