Челзи - Ливерпул | 29.12.2013 | 17:00 | Стемфорд Бриџ

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши натпреварот?

  • Вкупно гласачи
    115
  • Гласањето е завршено на .

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.872
Поени од реакции
52.952
chelsea_vs_liverpool.jpg
Ново дерби ни носи 19тото коло од Премиер Лигата. Дуел помеги третиот и четвртиот тим на табелата. Сините против црвените. Мурињо против неговиот поранечен ученик Роџерс. Иванович против Суарез. Челзи против Ливерпул.​
Челзи го дочекува Ливерпул на Стемфорд Бриџ во последното коло во 2013та година после победа над Свонси од 1-0. Ливерпул доаѓа после поразот од Манчестер Сити од 2-1 на Етихад.​
Челзи со враќањето на Мурињо е еден од фаворитите за освојување на титулата. И покрај досегашната неконстантност, сепак се наоѓа на третото место со озвоени 37 поени, само 2 поени зад лидерот на табелата, Арсенал. Ливерпул во новата сезона со Роџерс со стабилна игра пробуваат конечно да го вратат своето место во топ 4. Засега се пријатно изненадување и покажуваат доста добра игра. Се наоѓаат на четвртата позиција со освоени 36 поени.​
Челзи сезонава има проблеми со недостиг на голови, пред се од тројцата напаѓачи Торес, Ето и Ба. Од друга страна, Ливерпул го има Суарез кој е во одлична форма месецов и е прв стрелец во Премиер Лига со 19 голови после 18 одиграни кола.​
Кај Челзи за овој натпревар е повреден Марко Ван Гинкел кој веќе подолго време е надвор од терените, а Рамирес ќе отсуствува поради суспензија за жолти картони. Кај Ливерпул повредени играчи се Енрике, Фланаган, Џерард и Стариџ, а Мозес нема можност за настап поради тоа што е на позајмица од Челзи.​
Можни состави:​
Челзи​
Чех​
Иванович - Кејхил - Тери - Азпиликуета​
Микел - Лампард​
Вилиан - Мата - Хазард​
Торес​
Ливерпул​
Мињоле​
Џонсон - Туре - Сако - Сисоко​
Лукас - Ален - Хендерсон​
Стерлинг - Суарез - Кутињо​
Последни 5 натпревари во ПЛ:​
Челзи 0-1 Ливерпул​
Челзи 1-2 Ливерпул​
Ливерпул 4-1 Челзи​
Челзи 1-1 Ливерпул​
Ливерпул 2-2 Челзи​
Нека победи подобриот.​
 
Ко шо памтам (а во меѓувреме си потврдив од мини статистиката погоре), Ливерпул нема изгубено од Цхелсеа pet natprevari минимум. Дополнителен „на хартија“ проблем на Ливерпул.
Покрај тоа што Роџерс сам по себе е проблем, се додаваат и други.

Ова, за жал, или за среќа, за кого како, би требало да е кец.
 
За тебе како? :D
 
Во најлош момент ни дојдоа анти-пациентиве :(
 
Ми треба името на моделот од сликата, истражувам нешто па...

Ми рече да не кажувам :P

Ко шо памтам (а во меѓувреме си потврдив од мини статистиката погоре), Ливерпул нема изгубено од Цхелсеа pet natprevari минимум. Дополнителен „на хартија“ проблем на Ливерпул.
Покрај тоа што Роџерс сам по себе е проблем, се додаваат и други.

Ова, за жал, или за среќа, за кого како, би требало да е кец.

Последен пораз на Ливерпул е кога Џерард му подаде на Дрогба за титула :D
 
Suarez ke ni ja terorizira odbranava, a nasive trupci od napadot za zal nema da mozat da gi iskoristat kiksovite od nivnata odbrana.Stvarno koga ke vidam odbranava na Liverpul serka me faka, sea ako ne dadat gol Ba/Tores/Eto neka se obesat.
 
Ми рече да не кажувам :P

Последен пораз на Ливерпул е кога Џерард му подаде на Дрогба за титула :D

Тоа технички не беше пораз на Ливерпул. :D
 
Ливерпул губи оваа, а знаете зошто? На Азар му е роденден, има да ги решета мајсторот! :icon_lol:
 
Едно кило глупости погоре..
Суарез ќе ја тероризирал одбраната на Челси, божем станува збор за ФК Беласица Герас Цунев.
И од друга страна незнам зашто ја потценувате одбраната на Ливерпул, одлична си е, Сако си гази, само не знам што е проблемот со Агер, зашто не игра? И да, го имаат Мињоле моментално најбољи голман у Премиер лига.

И двете екипи имаат добри одбрани, мала предност би дал на Челси пошто ги имаат искусните Бане и Тери а и Кејхил игра на ниво.
Средниот ред ќе го одлучи натпреварот.. Микел-Лампард вс. Лукас-Ален.

Типувам на победа на Ливерпул 1-2 (Лампард-Суарез,Хендерсон)

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom