Анкетно прашање: Колку сте спремни да платите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Muki-20
  • Време на започнување Време на започнување

Колку би платиле за шпорет за готвење, кое не е на струја ниту пак на плин?

  • Од 15.000 до 20.000 ден

    Гласови: 25 55,6%
  • од 20.000-25.000 ден

    Гласови: 11 24,4%
  • повеќе од 25.000 ден

    Гласови: 9 20,0%

  • Вкупно гласачи
    45

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Возраст
33
Веб-сајт
sezabiznis.blogspot.com
Колку сте спремни да платите за шпорет за домаќинство (шпорет за готвење) кој не е на струја ниту на плин, со голема сигурност и ниски трошоци во потрошувачка???
 
штом е нешто ново, прво тест период па после плаќање ...
Нормално дека е ново, реализиран е планот на изработка, тоа што ме интересира е да видам колку би го ценеле квалитетот и ефикасноста на овој производ. Се надевам дека овој производ ќе биде реализиран и достапен на пазарот во Македонија а се надевам дека овој производ ќе има достап во цела Европа.
 
Прво кажи на шо е. Сигурно не е на воздух.
Сеуште не, бидејки деновиве треба да ја призавршам документацијата за да го ПАТЕНТИРАМ, а потоа ќе биде сопштено на што работи.

Денес, не се кажува никаква идеа, бидејки наеднаш ке ти ја превземат.
 
тоа што ме интересира е да видам колку би го ценеле квалитетот и ефикасноста на овој производ.

па за да го видиме квалитетот и ефикасноста треба производот да е пред нас, а не вака ... цената се одредува од побаруваката (ваљда) ...
 
Дефинирај шпорет... Јас плотна за вградување пред некоја година ја купив 15.000 денари (комбинирана, пола струја, пола гас) + релна на башка уште толку одприлика и ми дадоја гратис аспиратор и боца со плин 12 литарска или колку и да е....
 
Сеуште не, бидејки деновиве треба да ја призавршам документацијата за да го ПАТЕНТИРАМ, а потоа ќе биде сопштено на што работи.

Денес, не се кажува никаква идеа, бидејки наеднаш ке ти ја превземат.

Епа тогаш прво патентирај го,па после прашувај колку би платиле за него.Како јас да ти кажам колку би дал кога не знам ништо за него.Моментално ни продаваш мачка у вреќа и не прашуваш за цена.
 
па за да го видиме квалитетот и ефикасноста треба производот да е пред нас, а не вака ... цената се одредува од побаруваката (ваљда) ...
Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред, а производот ќе биде пред вас за скоро време.

Целта е да настапувам со КВАЛИТЕТ.
 
Што мислиш колку сме спремни да платиме за шпорет за домаќинство (шпорет за готвење) кој не е на струја ниту на плин, со голема сигурност и ниски трошоци во потрошувачка???
 
Нормално дека е ново, реализиран е планот на изработка, тоа што ме интересира е да видам колку би го ценеле квалитетот и ефикасноста на овој производ. Се надевам дека овој производ ќе биде реализиран и достапен на пазарот во Македонија а се надевам дека овој производ ќе има достап во цела Европа.
Како да ги преценам квалитетот и ефикасноста кога не кажуваш ни на што работи.

Шпорет - топлина излегува на рингла тоа се подразбира, претпоставувам.
А што и колку влегува како гориво?
Како некој ќе пресмета енергетска ефикасност кога не се познати основните параметри?
Ти не мора шемата да ја кажуваш, шемата пак патентирај ја, работните трошоци на машината треба да се знаат, за да ти биде одговорено прашањето.

PS: А за прoценка на квалтет пак е потребно шемата да се знае, или ако не - статистика од употреба.

Да не е пампур на тркала? :)
 
За скоро време, ќе ви биде прикажан производот, и нивните ефикасности и начинот на работа. Поздрав и се најбаво!!!
--- надополнето: 26 декември 2013 во 16:51 ---
Можеби ова прашање е предвреме поставено, но исто така ова ми е важно и за моето истражување и начинот на изработка на прикажаниот производ.

Ако еден домаќински шпорет кој е на струја или плин или комбинација струја/плин на пазарот може да се најде од 10.000 до 25.000 ден или повеќе, тогаш ако на Вас ви се понуди шпорет кој ќе користи друго гориво, кое со сигурност ви кажувам дека има помала потрошувачка и голема СИГУРНОСТ, од несакани дејствија, тогаш приближната цена можете сами да ја дадете, а тоа ќе ми помогни да го понудам тој производ со висок квалитет и цена прифатлива за ВАС.
 
70 денари, искористен кондом, дугме од кошуља и скршена шнола..
Продаваш идеја, id rather buy time shares.

Ама.. just for the sake of the argument, ако троши 30 посто помалку, без несакани дејствија и пред се - квалитет, а ако просечно шпоре чини 300 евра, поради факторот *нов производ* - фер цена би било ~600e.
 
Ако еден домаќински шпорет кој е на струја или плин или комбинација струја/плин на пазарот може да се најде од 10.000 до 25.000 ден или повеќе, тогаш ако на Вас ви се понуди шпорет кој ќе користи друго гориво, кое со сигурност ви кажувам дека има помала потрошувачка и голема СИГУРНОСТ, од несакани дејствија, тогаш приближната цена можете сами да ја дадете, а тоа ќе ми помогни да го понудам тој производ со висок квалитет и цена прифатлива за ВАС.

мило ми е што и кај нас се пронаоѓаат нови производи ...
тој шпорет од 10000 до 25000 е произведен во фабрика каде во сериско производство се произведуваат многу парчиња со специјализирани машини за подобар квалитет и има контрола на квалитет итн. а кај твојот производ како ќе е? ќе отвориш голема фабрика или ...? или можеби патетнот ќе го продадеш на некој голем произведител?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom