Не сакам а и никогаш н сум говорел на оваа тема но ако сами не си помогнеме и не мислиме на нашето здравје никакви лекари, надри лекари, цркви, џамии или што и да е нема И НЕМА да ни помогнат... единствено ако осетиме нешто да си го бараме чарето благовремено е лекот, одложувањето нема да не доведе до никаде... искрено жалам за сите што имале слична судбина но мојата фамилијарна судбина е таа... таткоми беше тврд на карактер, да неречам тврдоглав и самоубеден па ете тоа го кошташе живот, се надевам другите ќе мислат повеќе на себе...
Некаде авг-сеп 2011 сетил проблеми со мокрење, кажа за истото ама не можеше човек да го убеди да појди на лекар, болки кога имал кога не така 3-4 месеци и се со “муабетот ај ќе помине“ за да некој ден пред нова 2012 тогаш доживее тотална блокада, па набрзина катетри ова она... е сега што е причината ајде да се види, тука следува биопсија заклучок тумур на тестиси, операција-одстранување, па терапии ова она и скен на коски, и што таму... сенки “некакви“ на карлицата пак терапии и демек се е во ред, се е стопирано одстрането нема ништо, да се продолжи со терапија превентивно... и колку ... по некој месец отекување на нозете, болки, терапии вакви такви онакви несакам ни да набројувам и заклучок се од карлица надолу е зафатено или во фаза на зафатување со карциномот... за се да заврши средина на април годинава, значи 16-17 месеци од првото одење на лекар за проблемот но оние 3-4 месеци предходно се најбитните и најтрагичните во случајот. Ако нешто се преземеше можеби нештата ќе беа поинакви...
Само превенција и неверување во “ај ќе помине“ е правилно, се останато е само прашање на време, а тоа верувајте нема да е долго...