Карцином/Канцер/Рак

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.curenaturalicancro.com/
демек лекува докторов од италија. Јас му имав испратено и мајлови и го скапав барање али не добив одговор. Инаку има истиов и во јапонија сега отворено болница мислам. Ако е во порана фаза и зависи кој тип на карцином го “лекува“, али овие лекови од алтернативната медицина се 100% лага. Б17, газија, сода бикарбона, ДЦА *дихлороацетат .....и се што ќе видиш се речиси лага. Ете можеби помагаат од 1000души на 5мина али тоа не го сметам за помош и лек, на грешка може и самиот карцином мутирал или се повлекол кај толку мал процент и после се кажува дека помагаат.
На типов му е одземена лиценцата за работа, еден куп луѓе има "убиено" по диви болници во Албанија.
 
Imam brat koj bese bolen od 7. stepen so karcinom na prostata...

Negovoto iskustvo vo lekuvanjeto od 367 PSA od pred mesec e na nivo 00,00 i poradi tie pricini ce otvoram (posle nedela-dve) posebna tema vp ometo na site koi boleduvaat od rak, kancer ili karcinom...
 
Утрово (17.10.2013) добив известување од брат ми за вчерашната последна анализа на крвта - 0,003 присуство на канцер.
 
За неколку дена ќе презентирам оригинални документи од сите лекарски наоди...
 
Код:
http://www.mediafire.com/?259088m4oz44mpr

Модераторот да дозволи заинтересираните да го прегледаат овој .pdf лекарски наоди.
 
Верувам дека се познати на сите причините заради кои некој би земал хемо-терапија. Но исто така ги знаеме и негативните страни на овој начин на лекување.

Прашањето ми е - дали негативните последици од оваа терапија веднаш почнуваат после ЕДЕН третман. Дали со земање на само еден третман има неповратна штета по организмот.
Значи ме интересираат последиците негативни, од само еден третман.

Фала однапред
 
Работите се индивидуални, постојат многу различни медикаменти кои се користат во хемотерапијата во зависност од првичниот извор на карциномот, до каде се развил, кој стадиум дошол.

Исто така зависи каква хемотерапевтска шема е употребена, дали куративна, неоадјувантна, адјувантна или пак во најлош случај палиативна хемотерапија. За жал пациент кој веќе еднаш имал дијагностицирано карцином не е исклучена можноста повторно да се поврати рецидив, затоа се налагаат периодично контроли и тестирања за да може да се избере соодветна хемо и симптоматска терапија, која има за цел зависи случајот да го сопре/забави развојот на карциномот и соодветно подобри квалитетот на живот на пациентот.
 
Верувам дека се познати на сите причините заради кои некој би земал хемо-терапија. Но исто така ги знаеме и негативните страни на овој начин на лекување.

Прашањето ми е - дали негативните последици од оваа терапија веднаш почнуваат после ЕДЕН третман. Дали со земање на само еден третман има неповратна штета по организмот.
Значи ме интересираат последиците негативни, од само еден третман.

Фала однапред
Дали мислиш како болниот реагира надворешно, видливо или како ткивата и организмот се борат со лекарствата. Надворешно тие недела-две е одвратно, човекот целиот е даун, му се лоши, омалаксан е, често и повраќа. Додуша зависи кој лек му се дава, некој е "потежок" за користење, зависи и како се аплицира (орално, перкутано, венозно...). Често при хемотерапија примаат и лекови против гадење, дексаметазон и други (не знам за што точно служеа, само ги наведувам). Инаку ако е за споредба, зрачењето уште повеќе го истоштува и разорува, но некогаш за жал е единствена опција.
А за дејство врз ткивата, дејството е најверојатно разорувачко (според надворешните симптоми) ако знаеме дека му е целта да уништува клетки (иако првенствено брзорастечките). И влакната и крвните клетки и црниот дроб и мускулите...се е клетки. Некои ги губат влакната, некои им страда црниот дроб, се јавуваат проблеми со столицата, бубрезите...Едно знам дека во било кој случај страдаат црвените крвни клетки кои мора да се надоместат со појачана исхрана. Тоа е обично додека трае третманот и некое време по третманот, но кај некои се јавуваат и трајни оштетувања (пак зависно од типот и апликација на лекот). Медицински ствари што точно се случува со делови од телото, органите и ткивата honestly не ми е познато. Не знам дали бараше како се чувствува болниот или научно какви се штетите.
 
Прашањето ми беше кои се негативните последици од само ЕДЕН третман?

Значи, болниот земал еден третман само и прекинал.

Али погоре тој ми рече дека тоа зависело од тоа каков е тој третман.
 
Прашањето ми беше кои се негативните последици од само ЕДЕН третман?

Значи, болниот земал еден третман само и прекинал.

Али погоре тој ми рече дека тоа зависело од тоа каков е тој третман.

Од една доза, без одржување на концентрацијата на хемикалијата во телото, ефектите се тие што ги предизвикала пред да се исчисти од телото. За повеќе ќе треба да дознаеш кој лек се користел и во која концентрација и да си провериш кои се механизмите на делување и полувремето на елиминација, има средства со време од неколку часа, па до неколку дена и недели.
Воглавно не може да се очекуваат некои ефекти на ракот и клетките на ракот од една доза. Од несаканите ефекти први се на таргет клетките на слузницата на целиот гастроинтестинален тракт затоа што тие се размножуваат најбрзо и тие се прикажуваат преку симптомите повраќање, пролив, гадење... За ефекти на влакната или на други хематопоетски клетки мислам дека една доза нема да има ефект.
Код:
http://www.mediafire.com/?259088m4oz44mpr

Модераторот да дозволи заинтересираните да го прегледаат овој .pdf лекарски наоди.
Кај пациентот има направено орхиектомија што е буквално кастрација и прима антитестостеронска терапија. Намалувањето на ПСА после овие третмани е неизбежно, едноставно ракот и метастазите кои се зависни од тестостерон со оваа терапија се изгладнуваат од тестостерон, ама кај различни пациенти тој период е различен, прашање е за колку време повторно ќе почне да се покачува ПСА, кај некои тоа е неколку месеци, кај некои до десетици години.
Рестриктивната диета објаснета во другата тема најверојатно немала никаков ефект врз овие вредности.
http://forum.kajgana.com/threads/По-100-ти-пат-пронајден-лек-против-ракот.59116/page-7#post-6177259
 
Некој со искуство од информо-медицина (или нешо слично се вика), на оваа тематика ?
 
Брат ми, пред 4. дена ме информира дека по три месеци консумирање на магнезиум хидрат (морска сол), седата коса почнала да ја добива вистинската боја - црна.

Веројатно треба и јас да пробам. Од него сум постар 6. години.
 
Кај вашиот брат има направено терапеутска кастрација и прима антиандроген лек Casodex со што се запира активноста на тестостеронот кој игра клучна улога во стареењето на косата. Мислам дека има поверојатни можни причини за враќањето на бојата отколку употребата на еден магнезиум хлорид.
 
Брат ми, пред 4. дена ме информира дека по три месеци консумирање на магнезиум хидрат (морска сол), седата коса почнала да ја добива вистинската боја - црна.

Веројатно треба и јас да пробам. Од него сум постар 6. години.

Нема врска промената на бојата со магнезиум хлорид. Најверојатно промената на бојата е последица од инхибицијата на тестостеронот преку примањето на лекот, односно билателарната орхиектомија.

Убаво ти објасни членот, рак на простата може да се контролира, ќе се инхибира тестостеронот и работата е под контрола, не можеш да зборуваш за терапевско дејство на некоја супстанца, или пак диета, као демек се излечил од тоа, а да го тргаш на страна фактот дека прима лек кој всушност си ја врши работата и затоа карциномот мирува.

Карцином на простата инаку е многу спорорастечки, некои луѓе живеат со него по 10 години без да знаат дека го имаат, вака кога се контролира и се прима соодветна терапија може да си живее човекот со години.
 
Од тоа што го добивам како информација, тој покрај магнезијум хидрат, консумира само темно масло од марихуана... Вообичаено пие миксиран сок од најстарите (први) листови на било кој зеленчук со малку сол...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom