CNN: Македонија во петте најлоши економии во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Realen.
  • Време на започнување Време на започнување
И после ќе се задужат до гуша и ќе мораат да продаваат сите острови што ги имаат. И на крај може и градовите ќе си ги продадат.

Они сега се должни не до гуша него изнад уши :) , незнам само од каде му е идејата дека они ќе бидат економски лидери набрзо кога од ден на ден се повеќе тонат .
 
И после ќе се задужат до гуша и ќе мораат да продаваат сите острови што ги имаат. И на крај може и градовите ќе си ги продадат.

Но проблемот е што нив европската унија ги влече Меркел и носеше пари со авиони само да не се дестабилизира еврото и Грција всушност ќе излезе од кризата во 2014-2015 година (инаку грција има раст на економијата од 0.6% оваа година), а како што почнала и кај нас владата да се задужува,гради споменици со пари од кредити и со толку вработени во администрација не очекува истата судбина како Грција. Но проблемот е што ако кај нас се случи тоа никој воопшто нема да го интересира и само ќе си тонеме се повише и повише.Меркел сигурно нема да даде ниту 1 евро за Македонија бидејќи нема никаква корист од тоа Германија.

Малку офф топик: Премногу сум разочаран од оваа наша држава еве пред 2-3 недели братучедками завши Медицински факултет на кирил и методиј со просек над 9.6. Значи она учи 5.5години+стажирање и такви глупости вкупно 7 години за лиценца да земе. Пријавена е во заводот за вработување и пред неколку дена и стигнаа 3 понуди за работа како општ доктор во приватни установи што нејќам да ги именувам од кој едната понуда беше двоктратно работење,на сите 3 понуди платата беше 8050денари. Седум години се мачила за 8000денари плата и ова го нарекуваат држава...
 
ахх бре Реален, кажи жити се колку пари те плаќат за ова црна пропаганда..
--- надополнето: 23 декември 2013 во 23:01 ---
Да бе да и СНН се шегува и Економист се шегува, лееее што глуп народ живее во Мкд..:facepalm: Според вас само Сител и Латас се во право,а другите се за никаде..:eek:


Не велам дека цутиме, факт е дека сме сиромашна земја,туку кажи ми ти мене колку пари те плаќат? Абе нонстоп шириш пропаганди, едвај чекаш да гледаш некоја вест против Македонија и одма постираш на форумот, а коментарите ти се во полза на Грција,стварно ти си најчуден тип на овој форум,името на никот требеше Енигма да ти е а не Реален..
 
Abe koj im kur biznis na ovie Cnn , da ne gi boli uste za Perl Harbour?
 
За снн ми е смешно што им даде милиони за реклами да се врти, а види они како му враќаат.
Економист си е економист тука нема збор..


Па ја мислам дека тука е проблемот. Немој да мислиш дека CNN е нешто поразлично од Сител и А1, и Велија кога нејќеше да му се рекламира Пивара, Даб го рекламираше на пола цена.
Али во ниеден случај не може да се каже дека не се во право ради тоа што сме тука и гледаме како е. Девеесетите ми се низ магла и не ги памтам али ова сега што не знам ни тогаш дали било.
 
Јапонија меѓу најлошите пет. Како па да не бе. Овие не се арни во главата.
 
Мене ме нервира Владата, ама уште повеќе ме нервираат и од овие CNN кога им се даваа државни пари што не критикуваа тогаш, а? Или да не им дужат некоја рата за рекламирањето овие? Ѓубре од телевизија... :гомце:

не се тие такви, да им дадеш пари и одма за тебе позитивно да известуваат ...
 
Дека не цвета економијата, тоа и врапчињата го знаат. Ама реален пак почнува со прикаските за НАТО и ГејУ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom