- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Петицијата ми изгледа малку несериозно, како некое дете да немало попаметна работа, па си отворило некоја петиција на хрватски сајт. Хрватски. Пред се` не е објаснета целта. Дали тие инсистираат на укинување на турските и слични серии? Дали инсистираат само на намалување? Колку потписи им се потребни? Каде ќе го достават списокот на потпишани луѓе? Што според стручните психолози би можело да се прикажува наместо ваквите серии? Поради ова, петицијата ми личи повеќе на attention whoring, отколку на нешто сериозно кое се стреми да ја промени состојбата на медиумите во земјава.
Да не бидам сфатено погрешно, турските и индиските серии ги мразам од дното на душата. Сликата за нашите медиуми е мизерна, но колку тоа зборува за самите нив, толку зборува и за нивната публика. Се` е до луѓето и тука не мислам на пензионерите како баба ми кои немаат што да прават по цели денови, туку на младите. Ако некој дваесет и кусур годишен не е свесен дека Бандини е ретардирана серија, не може никој од страна да му наложува што треба да гледа бидејќи е џабе. Сите имаме интернет, сите имаме акаунти на Замунда. Ако некој сака да гледа индиски танцови, слоу-моушни и глума ала ментално пореметување, сето тоа проследено со реклами и грди синхронизации - нека. Се` додека јас си ги имам сите серии и филмови на торент, не треба да ме засегаат нашите глупи телевизии.
Но, од друга страна пак, има некои работи кои не можат да се најдат на интернет и работи за кои нашите телевизии треба да го одврзат ќесето малку повеќе. Зборувам за домашната продукција. Е, на сметка на кичерајот кој го има моментално на телевизиите, домашната продукција во последно време е се` поретка (освен кај МТВ, која се` повеќе се труди на ова поле, кој би рекол нели?). Нема наши серии, нема документарци, нема квизови, нема образовна програма, нема детски емисии. Ако намалувањето на сапуниците значи зголемување на горенаведените содржини, тогаш океј. Но, имајќи го в предвид искуството и желбата за максимална заработка и минимален влог на нашите телевизии, се` си мислам дека кога ќе ги снема турските серии ќе им текне нешто друго. Израелски, грчки, порторикански, узбекистански, било што, само да е ефтино.