Ancient Aliens S06E11 Macedonia ,Kokino

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не бе од Македонија му била.
Нека ја објасни бе. Само две насоки има - или Антарктикот е од неодамна заледен, или луѓето биле присутни и ја мапирале Антарктика многу одамна (со тоа и историскиот хронолог за постоењето на човечки цивилизации се преместува наназад).
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ги критикувате Ancient Aliens ,а се базирате на wiki што е слободна енциклопедија кој може секој да напишеш што сака.
Серијалот не го критикувам баш, интересен е, има инфо па кој сака нека го провери. Тоа што се претерува не ми смета многу....10% да е вистина добро е. А за вики...па папирусот од Турин е општо позната работа...не ми е јасно што може да се искриви овде.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Серијалот не го критикувам баш, интересен е, има инфо па кој сака нека го провери. Тоа што се претерува не ми смета многу....10% да е вистина добро е. А за вики...па папирусот од Турин е општо позната работа...не ми е јасно што може да се искриви овде.
Има многу грешки во вики затоа не ги гледам ич :)
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.665
Поени од реакции
23.718
Нека ја објасни бе. Само две насоки има - или Антарктикот е од неодамна заледен, или луѓето биле присутни и ја мапирале Антарктика многу одамна (со тоа и историскиот хронолог за постоењето на човечки цивилизации се преместува наназад).
Многу постаро е човештвото него што тврди официјалната наука ....
Побарај ги книгите забранета археологија и забранета историја и ке прочиташ како се најдени орудија од пред 100-200 илјади години кога наводно имало мајмуни ....ама изгледа немало;)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Серијалот не го критикувам баш, интересен е, има инфо па кој сака нека го провери. Тоа што се претерува не ми смета многу....10% да е вистина добро е. А за вики...па папирусот од Турин е општо позната работа...не ми е јасно што може да се искриви овде.

Сега го забележав деталот - покрај официјалните фараони ги листа и полубоговите, боговите и другите митски битија како дел од официјална, формална листа на владетели со Египет :). Интересно. Искрено прв пат слушам/го гледам ова, интригантно.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.665
Поени од реакции
23.718
Сега го забележав деталот - покрај официјалните фараони ги листа и полубоговите, боговите и другите митски битија како дел од официјална, формална листа на владетели со Египет :). Интересно. Искрено прв пат слушам/го гледам ова, интригантно.
Не си покопал по нет. Едно време ке налеташ на шарлатани,ама се наога по нешто. А у книгиве се со докази е убаво објаснето (ако те интересира да ги најдам авторите и ке ти пратам пдф у пп) ;)
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Многу постаро е човештвото него што тврди официјалната наука ....
Побарај ги книгите забранета археологија и забранета историја и ке прочиташ како се најдени орудија од пред 100-200 илјади години кога наводно имало мајмуни ....ама изгледа немало;)
Имаш и документарче за овие ствари со слики со се нивна примена ако го најдам ќе ти го пратам . ;)
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
:facepalm:Овде се пишува не се изговара ,ти пишуваш не збориш .
Добро бе, нели си се запрашал зашто во секој македонски пишан извор, Von како дел од името, (пр. Otto Von Bissmarck) се пишува и чита Фон (Ото Фон Бизмарк) ?
Или Фон Деникен толку ти го исушил мозокот што не приметуваш вакви работи?

Еве ти неколку за пирамидите во Гиза. Кој фараон би градел толкави пирамиди и имал толкаво его само за да му бидат гробници ? :confused:
Внатре во пирамидите на Гиза не е пронајдено ниту едно тело , мумија ништо ,а стандардните научници тврдат дека се гробници:facepalm:.
Он дава теорија дека тие се временски часовник , за мерење на времето на планетата земја која постои со векови .
Всушност поголем број на научници со зголемување на бројот на докази излегуваат со тврдење дека можеби и не се гробници. А тоа НИКАКО НЕ ЗНАЧИ дека тврдењето на Фон Даникен е на било каков начин точно. Ова е фалична логика од четврто одделение.
Всушност ти тука користиш типична реторика на верниците. "Ако научниците неможат да откријат како настанал универзумот, тогаш мора Господ да го создал". Што е дебилна логика.
Ти самиот се декларираш како атеист а размислуваш НА ИСТ НАЧИН како хардкор верник.

Објасни ја барем логиката позади теоријата на Фон Деникен, па да праиме муабет. Ако ти се праи, мада добивам импресија дека ти поише си заинтересиран за слепо гледање на безсмислени теории на заговор без да го замараш мозокот.

Има и многу други теории за кој ти знам дека не си ни слушнал ни те заинтересирале ,а и нема ни да те заинтересираат и нема ни да се обидувам повеќе да те цитирирам и да ти објаснувам.
Многу ме интересираат. Се додека имаат некаква логична позадина.

@Another Random Dude - Ме интересира објаснение за турската мапа на Антарктикот без лед?
Вакво нешто?
http://www.uwgb.edu/dutchs/pseudosc/piriries.htm

Нека ја објасни бе. Само две насоки има - или Антарктикот е од неодамна заледен, или луѓето биле присутни и ја мапирале Антарктика многу одамна (со тоа и историскиот хронолог за постоењето на човечки цивилизации се преместува наназад).
Или трета насока - малото јужно делче на мапата воопшто не е Антарктикот, туку како што е комплетно утната Северна Америка, реките во Иберискиот полуостров, големина на островите во Атлантикот, бреговите на Африка и Јужна Америка, така е комлетно промашен и јужниот дел од Јужна Америка и Дрејковиот пролаз(кој воопшто не постои на мапата). Мапата воошто не е прецизна и постоеле многу попрецизни мапи во истиот период.
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Добро бе, нели си се запрашал зашто во секој македонски пишан извор, Von како дел од името, (пр. Otto Von Bissmarck) се пишува и чита Фон (Ото Фон Бизмарк) ?
Или Фон Деникен толку ти го исушил мозокот што не приметуваш вакви работи?


Всушност поголем број на научници со зголемување на бројот на докази излегуваат со тврдење дека можеби и не се гробници. А тоа НИКАКО НЕ ЗНАЧИ дека тврдењето на Фон Даникен е на било каков начин точно. Ова е фалична логика од четврто одделение.
Всушност ти тука користиш типична реторика на верниците. "Ако научниците неможат да откријат како настанал универзумот, тогаш мора Господ да го создал". Што е дебилна логика.
Ти самиот се декларираш како атеист а размислуваш НА ИСТ НАЧИН како хардкор верник.

Објасни ја барем логиката позади теоријата на Фон Деникен, па да праиме муабет. Ако ти се праи, мада добивам импресија дека ти поише си заинтересиран за слепо гледање на безсмислени теории на заговор без да го замараш мозокот.


Многу ме интересираат. Се додека имаат некаква логична позадина.


Вакво нешто?
http://www.uwgb.edu/dutchs/pseudosc/piriries.htm


Или трета насока - малото јужно делче на мапата воопшто не е Антарктикот, туку како што е комплетно утната Северна Америка, реките во Иберискиот полуостров, големина на островите во Атлантикот, бреговите на Африка и Јужна Америка, така е комлетно промашен и јужниот дел од Јужна Америка и Дрејковиот пролаз(кој воопшто не постои на мапата). Мапата воошто не е прецизна и постоеле многу попрецизни мапи во истиот период.
Не сакам да се мешам ама кога станува збор за Фон Деникен и неговата теорија од клучно значење е фактот што тој во неговата прва книга "Chariots of the Gods" единствено поставува прашања на кои никој не може да даде точен одговор. Како на пример зошто биле нацртани the Nazca lines, што е Пума Пунку, кој и за која цел ја изградил, зошто ако се гробници во пирамидите нема најдено ниту една мумија (конкретно пирамидата во Гиза не само што нема мумија туку нема ниту хиероглифи колку останатите, а има ходник и просторија под неа која има дупка на плафонот) и многу други прашања на кои археолозите очајно бараат одговоти ама ги нема. Е сега кога тој го поставува прашањето дали е можно некој out of this world да влијаел врз човештвото сите се фаќаат за глава и фрлаат со камења по него (а сосема логично е дека некој невидлив старец од горе шкрапа што и како ќе биде, се појавува у грмушки што горат и шкрта по камења). Final summation Фон Деникен е човек кој единствено бара од народот да ја прошират својата перспектива па и ако не се согласуваат со него да го разберат концептот дека постојат мистерии кои науката единствено се преправа дека го знае одговорот но не знае скоро ништо со сигурност.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Сега го забележав деталот - покрај официјалните фараони ги листа и полубоговите, боговите и другите митски битија како дел од официјална, формална листа на владетели со Египет :). Интересно. Искрено прв пат слушам/го гледам ова, интригантно.
http://www.bibliotecapleyades.net/egipto/fingerprintgods/fingerprintgods12.htm
Прочешлај го линков малку. :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Или трета насока - малото јужно делче на мапата воопшто не е Антарктикот, туку како што е комплетно утната Северна Америка, реките во Иберискиот полуостров, големина на островите во Атлантикот, бреговите на Африка и Јужна Америка, така е комлетно промашен и јужниот дел од Јужна Америка и Дрејковиот пролаз(кој воопшто не постои на мапата). Мапата воошто не е прецизна и постоеле многу попрецизни мапи во истиот период.
Попрецизни мапи во истиот период од Антарктика? Збориме периодот кога мапата е направена, не кога е пронајдена, да потенцирам.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Не сакам да се мешам ама кога станува збор за Фон Деникен и неговата теорија од клучно значење е фактот што тој во неговата прва книга "Chariots of the Gods" единствено поставува прашања на кои никој не може да даде точен одговор. Како на пример зошто биле нацртани the Nazca lines, што е Пума Пунку, кој и за која цел ја изградил, зошто ако се гробници во пирамидите нема најдено ниту една мумија (конкретно пирамидата во Гиза не само што нема мумија туку нема ниту хиероглифи колку останатите, а има ходник и просторија под неа која има дупка на плафонот) и многу други прашања на кои археолозите очајно бараат одговоти ама ги нема. Е сега кога тој го поставува прашањето дали е можно некој out of this world да влијаел врз човештвото сите се фаќаат за глава и фрлаат со камења по него (а сосема логично е дека некој невидлив старец од горе шкрапа што и како ќе биде, се појавува у грмушки што горат и шкрта по камења). Final summation Фон Деникен е човек кој единствено бара од народот да ја прошират својата перспектива па и ако не се согласуваат со него да го разберат концептот дека постојат мистерии кои науката единствено се преправа дека го знае одговорот но не знае скоро ништо со сигурност.
Јас не ги оспорувам прашањата што ги поставува Фон Деникен. Јасно е дека сеуште немаме одговор за огромен број прашања од минатото. Поставувањето прашања и дебатирањето за нив со факти и докази е начин да дојде поблиску до одговорот.
Јас ги оспорувам теориите на Фон Даникен и начинот на кој тој доаѓа до нив. Манипулации, лажење и хроничен недостаток на било какви докази за неговите тврдења. А да не се лажеме, човекот е слепо уверен во она што го зборува и тој ги продава неговите теории не како "основа за размислување", туку како дефинитивен одговор за тие мистерии. Не за џабе е исмејуван од голем број луѓе, меѓу кои и познати научници и големи луѓе кои придонеле многу во својата научна област, како Карл Саган на пример. Самиот факт дека се претставува како авторитет на база на книги полни со шпекулации е доволно причина за критика.

Еве спротиставено мислење на Фон Деникен.Ја немам прочитано али во план ми е. Тие кои тврдат дека се со отворен ум ќе ја прочитаат и оваа книга. Останатите се ништо поразлични од хардкор верниците во подфорум "религија".
The Space-Gods Revealed: A Close Look at the Theories of Erich Von Daniken
--- надополнето: 21 декември 2013 во 23:50 ---
Попрецизни мапи во истиот период од Антарктика? Збориме периодот кога мапата е направена, не кога е пронајдена, да потенцирам.
Колку што знам нигде не се спомнува на мапата Антарктикот? Има написи на мапата и тие се преведени и можат да се најдат на интернет. Комплетна шпекулација е дека малиот јужен брег од мапата е Антарктикот. Ниту пак наликува тој брег на брегот на Антарктикот. Мапата е склопена од многу повеќе постари мапи, и самиот Пири Реис го кажува истото.
Самиот факт дека мапата има многу грешки кај работи кои биле тотално познати во тоа време(16 век), ни дава за право да заклучиме дека нема ништо посебно или револуционерно или вонземско во оваа мапа, бидејќи ако работите кои биле познати(во тоа време) се комплетно утнати, тогаш по која логика би верувале дека непознатите работи (во тоа време) се комплетно точни?

Прочитај го текстот од универзитетскиот професор за мапата што ти го дадов погоре, многу работи има одлично објаснето.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Imalo nemalo svemirski bogovi V. Daniken si namlati paricka od taa knigata.
Prvata sezona od serijava bese odlicna,za nekoi raboti stvarno nema objasnuvanje. Ostanatite sezoni se tapa i lupanje gluposti.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Imalo nemalo svemirski bogovi V. Daniken si namlati paricka od taa knigata.
Prvata sezona od serijava bese odlicna,za nekoi raboti stvarno nema objasnuvanje. Ostanatite sezoni se tapa i lupanje gluposti.
Абе не лупај глупости, што има врска пари дали направил?
И не е само он....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom