Јас да те прашам нешто? Дали е можно ваква ситуација: Јас издавам меница во полза на фирма. Фирмата "се откажува" од меницата со тоа што подигнува кредит, а истата таа меница ја користи како гаранција? После фирмата не го враќа кредитот, а банката од мене ги бара парите? Правно дали е возможно ова...
Прво да потенцирам не сум правник, туку ова што го пишувам е од познавање на овие работи повеќе од економски аспект.
За ова што го прашуваш вака оди тоа. Како прво ти не издаваш меница туку фирмата ти ја издава. Во спротивен случај фирмата ќе биде твој должник, а ти доверител. Меницата е сама по себе гаранција за наплата на побарување. Пример ти купуваш стока во вредност од 100 000 денари и фирмата бара да потпишеш меница со која потврдуваш дека ќе платиш. Тоа само така не значи ништо. За меницата да биде посигурно обично се бара гарант(или авал како што формално се нарекува) во случај да не платиш и авалот да плати на твое место. Така да прво треба да сфатиш дека меница не се потпишува на слепо, туку само ако должиш нешто. Во тој случај доколку во утврдениот рок ти ја исполниш твојата обврска меницата ќе биде поништена затоа што веќе нема да должиш и нема зошто да гарантираш. Покрај тоа за она што го прашуваш фирмата не може да се откаже од меницата, туку може да ја есконтира во банка. Со тоа фирмата губи, затоа што банката ја есконтира по помала стапка, а после тоа ќе ја наплати по првичната цена од должникот. Овде ти како должник не можеш да бидеш зафркнат заради тоа што се ти исто дали ќе платиш на банката или на доверителот сумата што ја должиш.
Пак да потенцирам дека меницата не се потпишува на слепо, туку ако должиш нешто. Е, сега ако е како овој случај нитуедна банка нема да прифати меница како гаранција за кредит, ако фирмата нема конкретни побарувања од должникот. Така да заклучиме, фирмата може да сака да даде меница како гаранција за кредит, ама никој нема да прифати меница како гаранција ако нема ненаплатено побарување по основ на истата со веќе изминат рок. Тоа е тоа.