и уште нешто, дали мислиш дека Исламот е вера наменета за сите или мозеби христијаните треба да си ја следат својата до границата на исправноста (ако ја има). јас како сватив...........во секој намаз првите два реката се исти а потоа ет техијату и на последниот рекат ет техијату и поздравот. така?? фала што си неуморлив да одговараш на сите прашања. Бог да те награди
Да,исламот е вера наменета за сите,бидејќи Аллах во Куранот вели:
А тебе Мухаммеде те пративме како милост на световите(ел енбија,107)
За разлика од пратениците пред него,кои биле праќани на одредена група луѓе во одреден временски период,Мухаммед е пратен како последен пратеник и Куранот како последна книга и упатство до Судниот ден.
за рекатите:
сабах( 2 рекати,во кои се учи фатиха и било кое друго поглавје,еттехијату и поздравот)
пладне и икиндија(4 рекати,првите два се учи како за сабах,па потоа еттехијату,после еттехијату наместо поздравот се станува за уште 2 рекати,па после тоа е еттехијату,салавати,дова и поздрав)
за
акшам(3 рекати,првите два се како пладне и икиндија,па потоа се станува за уште 1 рекат,па после тоа еттехијату,салавати и дова)
Јација е исто како пладне и икиндија
ако те збунив,постави додатни прашања.