Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не најдов попогодна тема па ајде тука да прашам.
Што се случува со вториот дел на српскиов филм, Монтевидео, бог те видео? Нели требаше веке да излезе?
 
Не најдов попогодна тема па ајде тука да прашам.
Што се случува со вториот дел на српскиов филм, Монтевидео, бог те видео? Нели требаше веке да излезе?


како што разбрав почетокот на јануари 2014 ќе излезе, еве и имдб го потврдува истото http://www.imdb.com/title/tt1801071/
 

losing-it.gif.pagespeed.ce.akhFeoqAnZ.gif
 
Charlie Countryman - me like it, не знам зошто толку ниска оцена и критики, башка и Медс Микелсен повторно во совршен лик на bad guy :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
American Hustle изгледан... разочарување што ќе го паметам... Многу бев хајпнат за филмов ма да не верувам тоа да е причината, хајпнат бев и лани за некои филмови па целосно ме задоволија. Hustle како да кажам... не дека е така лош филм... направен за оскари, добра актерска екипа, костимографија, шминка и такви работи... потсетува на некои од филмовите на Скорсезе но не е ни блиску до Casino да речеме. Прво, немаш лајкабл карактери да се поврзеш со нив, освен градите на Ејми Адамс ништо не се истакнува. Дури ни глумата на Џенифер Лоренс не е ништо значајно затоа што нејзината улога беше како комплетно исклучена од остатокот на филмот. За Бредли Купер не знам што да кажам, не му ги разбирам ликовите и глумата... Филмов на крајот е разочарување за мене затоа што нема добра приказна (таа што ја има е клише), нема билд-ап, никаква тензија и нема за што и за кого да вложиш емоција, да симпатизираш или да мразиш... нити може да те насмее нити да те расплаче, те остава рамнодушен...

Се надевам на некој ќе му се допадне, јас ќе си барам други фаворити.
 
King's Game еден од послабите скандинавски филмови. Иако темата и замислата е убава и типична за нив некако не ми се допадна мислам дека најслабо го рангирам од сите филмови што сум ги гледал од тој регион направени. 6/10
--- надополнето: 19 декември 2013 во 17:20 ---

Требаше да го гледам 3-10 to Yuma телевизорот нешто не ми го подржува фајлот, па ми остана Runner Runner да го пробам. Го пуштив 15мин до моментот кога стигна во Коста Рика и го прекинав. Невидена катастрофа !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom