Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување

Ние лани немавме ништо вакво за структурно. Само за објектно Чорбев ни прати еден ваков сличен мејл на пола семестар, ама на крај пак немаше некој кој не доби потпис заради плагијати колку што знам јас.
Ова се за лани, ама на факултетов мењаат нешто секоја година така да неможеме да ти гарантираме дека нема да ви прават проблеми на вас сега.
 
Системов им е глупост искрено. Посебно кога проверуваа за плагијати по НРС, значи една функција можеш максимум на 2-3 различни начини да ја имплементираш, толку се. Имињата на променливите тие ни ги даваа, 60% од кодот на сите ни беше ист со тие конструктори, get/set методи и такви глупости. И сеа алгоритми, значи не разбирам како ќе одделат плагијати/самостојни задачи. За сортирање на пример ти кажува со кој алгоритам да ја решиш задачата, нормално дека ќе е исто.
 
Лабораториските Структурно, ако ги сменам променливите дали системот преку кој се прегледуваат ќе ги детектира како плагијати ?

Да да, ги детектира :)

Мене лани на задачи кои сам ги решавав и ги немав праќано на никој ми најде плагијати, а на ископирани задачи не ми најде :D

Исто.
Дури се изненадив на првата лабораториска кога се видов во листата на плагијати. :D После ми стана се јасно... Глупости
 
Настрана тоа, студентиве во Македонија се посебна прича. Гледам за консултации на пола од колегиве им е срам да се појават, абе ќе паднат на колоквиум ама на консултации не одат и не.
И ти чекаш некој да се буни за нешто. xD

Добро ова си зависи и од човекот. Јас еве сум апсолвент со 9 просек и ниту еднаш се немам појавено на консултации. Не сакам чекања, гужвања и такви работи и за се што не ми е јасно се консултирам со интернетот, со гугл :)

А за ова бунењево, не само студентите, никој ништо не прави до диктатурава. Еве ви ги пример стечајциве, гледајте да видите како ќе се заврши нивниoт штрајк.
 
Абе не е дека не одат на консултации од што знаат, туку им е срам. :D
Иначе еве денес со етестот по мрежи, се десија глупости со системот и првично сите ќе се бунат по фб ама јас гарантирам дека никој нема да превземе одговорност за системот, ниту ќе има увид ниту па ќе ни дадат уште една шанса за да го повториме. Стално ни мачкаат очи а ние ништо не превземаме.
 
јас нема.
 
Дали некој има предавања од Анто или знае каде може да го најдам?
 
Дали само професорот може да смени оцена у iknow, затоа што правев проект преку лето по АОК за повисока оцена и сега ако Анто не е тука дали може некако да ми биде внесена таа оцена?
 
Некој да каже каде се наоѓа просторијата 35 во ТМФ?
 
Некој да не знај како оди земање на документи од iknow системот? Пуштив барање за два документи (за редовен и за положени испити). За положени ипити е 100 денари, па не знам како треба да ги платам. Има поле „наплати со PreePaid“ и ако го штиклирам ми вика дека немам доволно средства на профилот.
 
За ова ли мислиш колега? И јас сакам за истото да прашам.. мора ли од СП да се извади или може да им се однесе копиран документ.. И таму кај шо пишува доле продекан за настава.. треба лично тој да се потпише или исто од СП ке средат..
 
Attachments

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom