Братов само на претпоследниот ПЛ натпревар не чинеше 2 бода. Не сакам да издвојувам поединци, ама кога работата е преочигледна, не може да се премолчи.
Сакаш на некој начин да го оправдаш, ама што има врска позиција на терен, дали е напаѓач или крило кога ке се дојде до ситуација да се асистира или постигне гол, или упросто кажано, да финишира?
Значи, не зборуваме за доаѓање до гол шанса, туку што со топката кога ја имаш во 16 метри.
4 гола и асистенција. Браво. Се надевам дека ке го утроростручи овој ефект. Искрено.
Но, кога ја покажуваш едната страна на работите, покажи ја и другата.
Кажи колку пати братов усра контри? Кажи колку пати ради неговата ефикасност при финиширање изгубивме поени?
Кажи колку пати го немаше на натпревари? Кажи колку шанси пропушти да даде гол? Колку клучни пасови промаши?
Колку пати кога трчаше сам кон голот се сплетка со топка?
Со Тотенхем прв пат го видов со топка во 39-та минута.
Вака кога те читам, се стекнува погрешна слика за играчот.
Те немаше со коментар за неговата игра против Тотенхем, Евертон, Њукасл.
Можеби и немаше да го пишам постот, ама ме испровоцира сликава.