Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Лајк ти е за тој што имаше тринаесе лајкови, сс овј мој имаш четрнаесе, да не е малер нели
А и Чича ако игра да плесне некој хектрик како лани протиф њима, нели и он е четрснаеска
Аеее дупла победа !!!

И да знаеш дека 13 е баксуз, и фатена е дупла победа ипак фала за лајк Ч)
 
Ааа тројца од одбраната им имаат жути, дај притисни ги да си набилдаме гол разлика :D
 
Џонс игра стопер во одбрана денеска и мака си немаат. Уште еднаш се докажува дека мора да го зациментираат на таа позиција и крај со тоа. Жал ми е многу ама времето на Рио и Видиќ полека но сигурно си заминува.
--- надополнето: пред 5 минути ---
Ајде Флечер, со среќа нека е и да се врати и во игра и фо форма од сега па до крај на кариера!
--- надополнето: пред 4 минути ---
Сеа уште Јанг да дае гол и ќе се комплетираат дрвава. :LOL:


П.С. Си ја згрешив темава пред малце, во ПЛ пишав :pos:
 
Пауeл со гол за Виган, освен ако не ме лаже цимерот. :D
 
Ова денес беше стариот добар Јунајтед, сигурен, остава топка а контролира игра, пасови супер, сигурен напад...... Редно време беше да го видиме
 
Taка бе момчиња, покажете карактер, глад за победи.

Доста позитиви денес од мечот.

-Партнерството на Џонс и Еванс. Нека го остават Еванс стандарден да си биде, и верувам дека ова ке биде новото Видиќ-Рио партнерство.
-Тони денес нафрли со лева. Заебанција на страна, денес прв пат видов Тони наш да влезе во средина со проигрување.
Ја откако го следам Јунајтед со Тони во него, ова се нема случено, од крило да се уфрли централно.
-ФЛЕЧЕР ЧОВЕЧЕ. Аууу, колку ме израдува ова. Браво и за фановите на Вила што го отпоздравија.
-Валенсија-Рафаел. Ја отворија таа лева страна на Вила како паштетка. Какви пасови, пети, асистенции.
-Руни. Не знам што да кажам, тоа е новиот Сколс. Се гледаше со каква желба играше денес за да даде и тој гол.
Сака да го турне рекордот на Ширер. И треба.
- Cleen sheet motherfuckers ... Второ по ред.

Добро изигра скоро целиот тим, едино замерка имам кон Евра, кој не затвори во неколку прилики, и изгуби доста топки.
Се гледа некоја нервоза кај него.
Среќа имавме убаво водство, па овие негови грешки нема да бидат под лупа.

Добро изигра целиот тим, вклучувајки ги и Велбек, Клеверли и Јанузај. Ако ја играат секоја утакмица со ваква желба, не гледам простор за паника, иако сме на минус 10. 8. и -7 од првите 3 места.
Играме без Керик, Ван Перси, Кагава, Фелаини, Чичарито.

Believe!!!
 
За во пивскиов куп

Линдегард
Фабио Фердинанд Видиќ Бутнер
Нани Флечер Андерсон Заха
Јанузај
Велбек/Чичарито
 
Хух, десната страна денес (посебно во првото полу-време) лиги да ти потечат (y). Тој шпанецот на АВ за жив грев, во милост и немилост беше на Тони и Рафа. Бајаги време немав видено вака изразена комбинаторика, притисок и добар осет за пас и утрчување по боковите. А и Јанузај добар добар по другата страна и со влегувањата во 16. Браво за крилцата.

Посебно ми е драго за Клеверли што не само даде гол после 1 година, туку општо одигра добра партија. Постојано вршеше добар пресинг на везњаците, пресече доста топки (вториот гол, конкретно) и им влегуваше неколку пати директно во шут. Може многу да му делува ова во поглед на самодовербата, сигурноста и се надевам дека ќе следуваат уште подобри партии од него. А Велбек кој знае, може и ќе го скрши ''кошмарот пред Божиќ'' (луда беше вчерашната карикатура на Омар:icon_mrgr:) по повредата на Перса.

И СЧ за Руни :cuc:! Сколс ли е, шо ли е. Знаеме дека таа позиција не му е најомилена, ама кога не игра Кагава и се нема друг таков плеј со офанзивни карактеристики - мора он да покрива таму.


ПС - Влегувањето на Флеч :place: ! Ќе се врати ли Керик до НГ ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom