Не ми се блиски, нивните сопруги ми беа блиски, вистината што им ја кажав в лице не направи неблиски
Која е таа "вистина", дека се омажиле за хомосексуалци? И ти како повеќето овде да не имаш gaydar негде инсталирано? Може под десната цицка или над левиот јајник? Па вибрира во близина на некој педер?
Тоа е загубата што ме прави да ве мрзам и да не ве сметам за луѓе
Од една страна се откажувате од хетеросексуалноста
Да, кога доаѓа пупертет се пензионираме од хетеросексуализмот. Со заверка во нотар идеме.
кажувате како секој треба да живее без да му се мешаат во животот самостојно и по свое.
Од друга страна стапувате во хетеросексуални бракови, го користите животот на партнерот за да напрајте слика од лажен живот, дури раѓате деца
Како
треба и како
е се две различни работи. Со грант на правата кои се барани никој никому нема ни да му се меша нити да има ефект врз нечиј живот. Вака да, доста други животи се афектирани. Но луѓето мораат да се снаоѓаат. Ако не си погледнала подалеку од твојот нос, работите не се баш розови за луѓето како нас. За децата нема да зборам, секој кој е компетентен родител треба да има дете/деца. Со кого спие не треба да биде пресуден фактор. Бидејќи на пола од вас ќе треба да ви ги одземат децата ако ве прегледуваат и вас и каков приватен живот и вие водите, и колку ви е јака етиката и моралот во вашата такозвана брачна "заедница". Лесно е да посочиш кон туѓ прљав веш (дали имала ти директен увид во тоа или не), ама за својот не се збори така лесно нели?
Зошто ви се деца родени или посвоени? Имате ли родителски инстинкт?
Не, инсталираме софтвер наречен '
ParentPerfect' кој ни го продаваат невладините организации, и после тоа добиваме такви инстинкти. Чисто за углед бе. Сакаме и ние како министрите и останатите на повисоки функции да имаме што да покажеме пред камера или очите на јавноста. Кога никој не гледа правиме домашно runway show со нашите деца
.
Имате ли време покрај геј парадите и активностите за модата да се грижите за тие деца?
Да, ќе ги чуваме во стрејт плакарите од кои сме излегле. Заедно со досадната хетеро-мода во нив, дур не завршиме со дневните геј обврски. Меѓу кои абсолутно мора да се најде време за Cardashians. За тоа време и куќата да гори не мрдаме од пред ТВ.
Тоа или .... ако ја фатиме Лејди Гага на ТВ. Онака чистиш со правосмукалка, се појавува она на ТВ, и влегуваме во транс, се укочуваме и гледаме во екран. Светот запира за 3-4 минути. После се враќаме во колосек.
Детето не е заморче со него да се тера мода.
Види, детето не треба да биде многу работи. Не треба да биде мета на политички и религиозни пропаганди, нити екстензивните пропаганди диктирани од еден или двајцата родители во обид за посвојување на нивните ставови до коска, психолошки и физички тортури и малтретирања поради нечиј дебилен проблем кој истиот го "лечи" со дрога, алкохол или коцкање, или пак со добро психолошко малтретирање и добар ќотек да вентилираат стрес и нервоза собрана од работа или приватен живот. Да бидат гњавени и претворани во верзија 2.0 од своите родители или нивните неисполнети желби и потреби да ги сполнуваат. Да бидат ставени на второ место бидејќи родителите се на прво место итн. Можам дрндам за ова до бесвест.
За жал, бејб, родителската мода во најголем дел во Македонија е токму ваква. Ако вие смеете да бидете дебилни родители и го користите вашиот брак и родителскиот живот кој го водите како некој си парагон на прав живот, не гледам зошто некаква си "мода" во тој оддел не можат да тераат и хомосексуалците. Најстрашното нешто што може да се случи е да детето нема предрасуди како 99% од врсниците кои ќе ги има, да се облекува подобро, и да може да именува три познати личности од историјата кои биле геј а допринеле многу повеќе за цивилизацијата глобално од еден Груевски, Миленко или Латас.
Извини што потребата за еднаквост е ставена на акцент повторно како мода. Ако не си знаела, бидејќи така звучиш, последен пат таа мода беше актуелна во 50те и 60те години, кога луѓе со друга боја на кожа ги бараа своите права, или тие како тебе, озогласените феминистки, кои ги бараа своите права, како право на глас (и политички, и медиумски, и фамилијарен), имот, плата итн.
Ама ти не тераш мода. Биди добра домаќинка и оди потроши некоја минута у кујна и напрај му на м'жот еден samwitch. Шо бараш на нет?
Немам обичај да молчам, немам муцунка, имам уста под очите и на сите им кажувам што им мислам гледајќи ги во очи, така и на тројцата што ги спомнав..... Така и вам.... ако сте родени такви фалш сте родени
Да, ама да не биле тие пред тебе нема да си го имала тоа право. Дали во домашни услови или на улица, некој од мажиштава ќе ти ја спипери по муцка ако ептен си го пуштила јазикот. Знаеш, од чиста куртоазија, барем од модерната поп култура да си извлекла некоја информација во врска со историјата на борбата за твоите права, па онака, ако на оптимално ниво ти работи црпката, една аналогија да направиш со тоа денес што се случува.
А, ако ти си пример за некоја, 'не-фалш' родена, верувај, сите сме среќни што сме вакви
.