Грб на Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување
Википедија не е релевантен извор. Секоја будала може да пишува таму, да не збориме дека освен будали може тоа да го прават бугари, грци и шиптарии .
 
Не треа да иамо грб,треа да иамо лева рука десан џеб
туј испод подлактицу, грб
Овј грб ме потсеќа на старо собание, Кирчо у парламент, ептен џоа мали кд бесмо,Бузлевски : )
 
Еве објаснување за грбот:
Грбот на Народна Република Македонија е симбол на слободата и братството на Македонскиот народ и богатството на Македонската земја. Житното класје, плодовите на афионот и листовите тутун го претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија. Петокраката ѕвезда ја симболизира народно-ослободителната војна со која Македонскиот народ ја доби слободата. Народниот мотив на лентата го изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина која била центар на народноосободителните војни во минатото, а реката која тече е реката Вардар, најпознатата Македонска река во Републиката. Пирин и Вардар истовремено ги преставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a
Истиот професор кажува дека моментално нема никаков проблем од хералдички аспект да го земеме земскиот грб за државен.
--- надополнето: 12 декември 2013 во 02:07 ---
И што бара темава во општи муабети кога има тема за хералдиката кај што и е место? :) http://forum.kajgana.com/threads/Грбовите-на-Македонија-Македонска-Хералдика.26652/
 
Истиот професор кажува дека моментално нема никаков проблем од хералдички аспект да го земеме земскиот грб за државен.
А од политички аспект? :confused:
 
Се согласувам дека не треба да се земе како прв и последен извор ,страницата на Википедија , ок може како еден од изворите да биде , но земи информации и од други сајтови , па информациите судри ги после,анализирај ... мене ми е криво што Македонската Википедија ништо не прави , не корегира , мрза ги фатило .... Ти читам Гоце Делчев,Браќата Миладиновци ти биле Бугари во англиската верзија или пак дека Кирил и Методиј биле Грци од словенско бугарско потекло .... Кај е Македонската Википедија ?! Го губиме чекорот со идиотиве од Бугари и Грци .... до ден денес ти живеат директни ,најдиректни што се може потомци на Браќата Миладиноци во Струга и Охрид кои без двоумење викаат дека се Македонци , чисти етнички Македонци , ти доаѓа братучед Германец мешавина со Македонец од Германија, го шеташ му објасуваш кој се и што се , ти доаѓа другиот ден , па се чуди ,прочитал на Англиската и Германската дека се Бугари .... дали некој се обидува да го корегира ова нешто ... ?! или дреми па Државата и Мијалков се криви :D
 
На бугарскиот википедиски и интернет простаклук, мора да се врати во иста мера
 
Дур се замараме што усвари ни значи Грбот, најдемократски, да се најдеме 25.1% истомисленици па да бараме рамковен, да си направиме нов грб кај што лавот со ружа во косата, хај на афион, си витка качак, си лежи на ливада, си го лади во реката а со поглед нагоре се чуди што му текнало на орелот да му го помрачи сонцето....
 
Идејата со неговата изработка е таа планина да ја претставува Пирин планина. Е сеа зашто сме дунде народ и политички коректни да не случајно навредиме некого,вов понов период решивме таа планина да претставува Кораб.

Кога ќе ни ги земат Кораб и Шара албањезиве, за да не ги навредиме ќе решиме таа планина да преставува Пелистер и така натаму ќе си се дупиме во мозок :)
 
Грбот на Македонија е тој земскиот грб со лавот на црвено. Тоа е грбот на Македонија. Балканските држави имаат грбови со национални симболи земени од грбовите на феудалците од соодветните простори. Сакале вие или не, лавот на црвена подлога е наш грб. Во хералдиката дури и постои термин - македонски лав. По опашката се разликува од бугарскиот.
Оваа земја и народ не се измислени во 44.
ВМРО за цело свое владеење не успеа ни на знаме ни на грб да стави македонски национален симбол.
Антагонизмот кон националниот симбол, само затоа што некоја партија го има ставено на свој амблем, е во најмала рака детски наивен и покажува немање на државнички и национален капацитет.
 
Наместо сонце треба Грујо да го стават како изгрева и мислам дека ќе изгледа супер.

И да ја модифицираат, па да ја стават за химна „ИзгрејГрујо на слободата“. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom