Триглицериди

  • Креатор на темата Креатор на темата Nessa Alcarin
  • Време на започнување Време на започнување
Море да им ебам матер на тригилерицдите ја, пак ми се качија, 8-9. Ајде сеа пак триглид пиење, пак диети, ааахххх.. Бај д веј, ново што ми кажаа, нешто што се вика тироидна жлезда треба да проверам сега, декем и таа била причинител за високи тригилецериди па чисто да кажам, може на некој ке му помогне.
 
На секој му се јаде, но сепак самоконтрола бре човек. И мене ми се јаде цела тегла ајвар и колачиња но се контролира, ако сум сит таква храна не ни помислувам, затоа мали оброци со зеленчук и протеини, овошје како ужинка и ќе видиш како ќе се чувствувате супер. Верувај дека повеќе е психа него се друго.
 
Ај ке видиме, еве за денес жена ми ми спреми моркови со карфиол за појадок, после тоа имам 2 сендвича со безмастен маргарин и кашкавал малку и после тоа овошје т.е. јаболка и банани така да денес сум среден, за утре... видечемо.... И сеа за вежбање ке биде многу многу тешко да се натерам.... али.... baby steps... :)))
 
Кашкавал не, маргарин дабетер. Земи јади бело месо и риба, секој ден.
 
Абе јадам и тоа, ама не можам на работа сеа коа сум да носам со мене у канцеларија чинаа, манџи таму ше ти ја знам.... тоа за дома ок е. После ке идам да купам и риба.
 
Нема тука срам на работа јадење,си земаш си мериш и го ставаш во најлон ќеси и пластични со затварање и наместо да јадеш лиснато или не знам какви работи,си правиш нешто добро за себе.
Познавам,многу луѓе така,ама искрено не правиш криминал...
 
Абе јадам и тоа, ама не можам на работа сеа коа сум да носам со мене у канцеларија чинаа, манџи таму ше ти ја знам.... тоа за дома ок е. После ке идам да купам и риба.

Незнам колку ти одговара и дали сакаш да го јадеш, ама кај триглицеридите многу помага кромидот. Тој ги врзува мастите во храната така што многу е полезен да се конзумира заедно со другата храна. Ова особено важи за младиот кромид.
Некои луѓе дури го варат, па ја пијат водата.
 
Ич не ми чуе за кромид, обожавам да го јадам, а и жена ми одамна ми вика за тоа чудо со варен кромид и вода да направам и да го пијам, ама многу киселина ме фака после кроимд јадење, тоа е проблем. Сеа ке ја потсетам и утре ке и речам да ми направи.
 
Ајде мој 3G браќа (3G = Три Глицериди) исто ко интернет протоколот. :)

Заебанции на страна, овој лек сега го пробувам за намалување, почнав утрово со пиење. Ми го кажа една по стара жена од кај мене у маало, што има 2 бајпаса преживеано, инфаркт итн итн итн... и дека после завршување со пиењето на лекот веке неколку години е супер со здравјето. Еве го успеав да го најдам и на интернет бидејки ме мрзи да ја пишувам целата табела на земање на лекот: http://popara.mk/2013/zhivot/zdravje/star-kineski-lek-od-luk/
 
Промени ја исхраната и животниот стил, намали на килажата и стрес.
 
Абе човек, нема шо да намалам на килажа пошто сум 180 висок а 73-74 кила тежок, значи тамам сум си. Искраната ми е исто тамам, јес да знам да забегам со јадење ама тоа само у услови на кафана и сл. а тоа се случува 1-2 у месец. Јадам се ко што треба, значи за доручек или овожна салата од свежо овошје или зелена салата, за ручек еве денеска имам ориз со безеље и пеурки, леб не јадам, за вечера дома имам карфиол и сл. варени срања, така да ко шо гледаш тамам ми е јадењето. И ова мени не е само денес овакво, редовно пазам што јадам.

За вежбање реално немам време, со фирма и со две деца верувај ми дека немам. Еве сега имам нешто време слободно ама кај да вежам на работа, башка од кај да знам што се може да се случи, значи морам да сум у канц. мада покушавам навечер да повежбам, али коа ке си дојдеш во 18:00 од работа и децата цел ден не те виделе и додека си легнат знажи накде кај 21:00 нема да те остават на раат, а штом заспијат пак морам да видам што се има случено со работата па ако има некој проблем да го средам итн итн итн.... и коа ке дојде време за вежбање ја сум преморен. Така да ај кажи ми кога....?

А за стрес па да не ти зборам. Не дека сум некој што се секира за било што али пак ке кажам, пробај води приватен бизнис со овој народ и ке ти стане се јасно.

Така да знам јас што треба... ама кога....?
 
@gt80 - во исхраната треба да внесеш задолжително по минимум еден цитрон дневно и тоа по можност рано наутро, пред да јадеш или пиеш било што друго. Наутро, веднаш по станувањето испиј и 3 чаши вода. За доручек или вечера овошната или зеленчуковата салата замени ја со житарици (овесни) со јогурт со ниска масленост - житариците содржат диететски влакна кои многу придонесуваат за намалување на триглицеридите.
Како додаток во исхраната, доколку не можеш да постигнеш минимум еден оброк во денот да ти биде риба, земи си Мега Омега 3 (но не обичните Омега 3, туку барај баш Мега Омега 3, ги има во Зегин) и пиј по една таблетка дневно.
Сето ова, плус задолжително 45 минути на статичен велосипед навечер ми помогна мене за само еден месец да ги симнам триглицеридите кои инаку не можев со месеци да ги регулирам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom