@gigovit
Aj da ne listame kazi koja klima i koja kvadratura grees
@biszkopt_pl
Sto inverter e???
Bi ve zamolil site poradi toa sto ima mnogu clenovi ne mozeme da zapomneme sekoj koja klima ja ima i koja kvadratura ja gree/ladi, pa bi bilo dobro vo postovite da go napisat povtorno za da ne listame nazad.
Fala
Греам 25 квадрата дневна соба со кујна, климата е тошиба сузуми плус 13-ка. Куќа со стара столарија и класична фасада без изолација.
Денес мерено во 19.00 за 24 часа работа точно 10кв. Ова го пишувам со цел да се добие увид не во мојата клима туку општо за инвертерите.
Околу температурата во собата, за мене 20 степена во овие услови е идеално. На втори спрат во истите услови греам со термо печка, полни на ефтина струја, насабајле наполнета во собата е 15 степена, а да качи 20 степена треба да дува цело време и попрво ќе се испразни скроз него ли да качи толку. Потрошувачката и е од 40-50 кв на ефтина струја на вечер. 23-24 степена вистински се добива само со дрва, сум се греел и на дрва, но немаш никаква контрола на температурата, во еден момент е толку жешко и отвараш да се ладиш, или на парно кое во скопски услови ако имаш инсталирано броило ќе го откажеш одма по првиот месец кога ќе видиш сметките. Дрва само да кажам дека во овие услови нема шанси да поминеш без еден кубик на месец и тоа со ложење само преку ден од сабајле до вечер.
Околу обичните клими, секако се економични и тие, имам во дуќан, но по мое искуство кога паѓа температурата околу нула, па и над нула до 5 степени, нема шанси да дува нон-стоп. Повеќето време одмара и потоа дува млако. Да се грееш само со вакви клими зиме нема шанси, мора да имаш нешто плус, или да ја користиш за некоја споредна соба по потреба, за дневна соба сигурно не е.Можеби е добра комбинација со термо или панели, но која ќе биде математиката на крај не сум сигурен. И јас би сакал да има клима од 15.000 која ќе грее без проблеми на минус, па колку и да троши нека троши, само да бидам сигурен дека ќе стопли, ама нема.