Ок ајде да се задржиме на тие напатени души кои рмбаат за 6000-12000 месечно и у недела трета смена.
Јас кај нив генерално го гледам проблемот на оваа држава. Зошто?
Затоа што тие го рушат пазарот на трудот во Македонија. Како?
Така што секогаш има луѓе кои ќе ги заменат да работат за истата таа плата. Тие луѓе доброволно работат за таа плата, затоа што се убедени дека немаат избор во тоа. И покрај тоа што се лојални, на крај секогаш ќе се најде некој свеж и газдата ќе го избрка стариот вработен, за некој попродуктивен, а тој што е избркан ќе жали после, како му било убаво таму кај што работел.
Тоа ти е брат, јагма ситуација. Има фирми кои имаат мали приходи и крпат и неможат да ги плаќаат многу вработените, но има газди кои дебело се богатат на грб на вработените. Тука не е државата крива, тука се криви тие, што се спремни да работат за толку малку пари. Газдата ти кажува на интервју за колку пари ќе работиш и ти свесно ја прифаќаш таа работа. Ако газдата не најде за таа цена човек, ќе мора да плати повеќе, зошто без вработени, бизнисот ќе му пропадне.
Со генерално поголема плата за вработените, ќе се отворат само по себе и нови работни места, ќе се подобри социјалната структура во државата и така натаму. Народот треба да се едуцира да бара поголема плата, а не да се повикува на протести, кои придонесуваат за уште поголем раскол меѓу луѓето.