Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Според Западните медиуми (кои СЕКОГАШ мораат да се читаат со голема доза на скепса), немирите се шират, посебно заради бруталниот однос на полицијата кон демонстрантите.



http://www.nytimes.com/2013/12/02/world/europe/thousands-of-protesters-in-ukraine-demand-leaders-resignation.html

Најдобро за нив ќе е да не се во сојуз ни со Русија ни со ЕУ , но прашање е дали ќе ги остават на раат и едните и другите.
Многу тешко да ги остават на мира, големите сили одамна се впрегнати да изиграат до крај во Украина.

Западот (преку ЕУ) со завладување на Украина ја става Русија во шах-мат позиција, и е еден чекор од затегнувањето на обрачот околу рускиот врат.

Русија со завладување на Украина пак става крај на хегемонизмот на Западот. Во големата геостратешка игра за превласт, Русија едноставно не смее да доволи Западот да се устоличи во Украина.

Инаку да нема забуна, Украинците имаат свој посебен иднтитет и ЕУ вешто ја користеше опасноста од Русија за да ги привлече, а во суштина да ја освои Украина. Проблемот е што реално, во Украина има и “Руси“ (и вистински Руси), и земјата навистина е поделена, што дава основа некој да форсира граѓанска војна и евентуална поделба на државата.

Јас сум за Украина, но не по цена да велзе во ЕУ за да се спаси од Русија. Но како што соопштува The New York Times, незадоволството се шири, и ако се ревидира ставот за компромис со демонстрантите, речиси ќе е невозможно Јанукович да ја прифати понудата на Русија за членство во Шангајската организација. Тоа ќе ја примора Москва на радикални решенија.

Неколкумина членови на неговата патија дадоа оставка, а веќе им апланови да се ограничат правата на прецедателот на државата. Можеби најважно, според NY Times, главните бизнисмени во Украина почнуваат да му вртат грб на Јанукович.
.
 
G

Geezer

Гостин
И тука ставија бибер, месијанството продолжува. Јас им се воодушевувам некогаш, навистина.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Лошото е што овие ќе се заебат...
Доброто е што и ние ќе можеме некого да тешиме.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Добра емисија за цела ситуација во Украина.
http://www.federalna.ba/bhs/vijest/82337/paralele-03122013
Убав сон им продаваат на народот, кој највеќе страда.
Ја изгледав емисијава. Глупости на кило...
Суштината е во етничката поделба а таа не ја ни спомнуваат, него некакви заговори, за да ги ограбеле овие од ЕУ, но тука е Путин да ги заштити.
Која е партијата на регионите која е на власт во Украина?
Партија региона (укр. Партіја регіонів; рус. Партија регионов) је политичка партија у Украјини која је основана 26. октобра 1997. под именом „Партија регионалне обнове Украјине“. Ова партија је 2001. реформисана, када јој се прикључило још неколико мањих партија. У периоду од оснивања па до 2001, према тврдњама партијских функционера, број чланова странке је нарастао са 30.000 на 500.000.[4]

Партија региона тврди да се залаже за одбрану права руске мањине у Украјини, као и говорника руског језика. На председничким изборима 1999. странка је подржала Леонида Кучму, а на парламентарним изборима 2002. била је део провладине коалиције „За јединствену Украјину“. Тренутни лидер Партије региона је премијер Украјине Микола Азаров.

Партија региона има највећу подршку у историјској регији Новорусија, односно у источном и југоисточном делу Украјине.[5] Странка тврди да у источној Доњечкој области има преко 700.000 чланова.

Партија је 2005. потписала споразум о сарадњи са руском политичком партијом Јединствена Русија.
http://sr.wikipedia.org/wiki/Партија_региона
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.022
Ја изгледав емисијава. Глупости на кило...
Суштината е во етничката поделба а таа не ја ни спомнуваат, него некакви заговори, за да ги ограбеле овие од ЕУ, но тука е Путин да ги заштити.
Која е партијата на регионите која е на власт во Украина?

http://sr.wikipedia.org/wiki/Партија_региона
Баш споменаа дека води и до граѓанска војна немирите. Али ти којзнае што си гледал. Путин не е ни споменат во цело видео.
Ако суштината е во етничката поделба, сакаш да кажеш дека Кличко руски платеник кој прави инциденти се со цел да се подели Украина?
Имаше коментари од британски и германски политички аналитичари дека приклучувањето кон источната бранша на еу води кон самоубстиво или и тоа е теорија на заговор за тебе?
Украина е должи 1.6 билиони евра за гас кон Газпром.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Абе сега не можам да ти цитирам, видео е и не сваќај се буквално, ова со Путин е моја иронична забелешка на "објективноста" на емисијата.

Украина е само формално суверена држава. Русија и денес ако реши а и во иднина може да ја растури и да си ги преземе источните региони. Значи тоа од Кличко многу не зависи, да е суверена може да пристапи во ЕУ ако така одлучи а не да треба за такво нешто да го праша Путин.

Инаку што мислиш, зошто Украинците плаќаат најскап гас во Европа? Па нели е тоа братски народ, а на власт е проруски режим?
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.022
Нема братски народи. Умре тоа време, умре во времето кога на русите им го завртија грбот во кримската војна и во 2та војна. Иако и Русите доста често ги изневерувале. Низ призмата на братството си ги гледале интересите преку ширење на Балканот и проширување на топлите мориња.

Доста историја има меѓу Русите и Украинците. Плаќаат најскап газ поради нивниот инает. Демонстарнтине викаат поблиску ни се европјаните него Русите. :facepalm:

Од историска гледна точка еве како Украина е тоа што е денес. И да се сватат некои сфери на влијание(пример Полјаците и зошто има огромна подршка од западните жители на Украина при демострациите).

И делот обележан со жолто има многу стабилна и силна економија за разлика од другите делови на Украина. Таму се главните индрустриски центри во Украина.



Западниов(европски) дел на Украина како да е заостанат.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Нема братски народи. Умре тоа време, умре во времето кога на русите им го завртија грбот во кримската војна и во 2та војна. Иако и Русите доста често ги изневерувале. Низ призмата на братството си ги гледале интересите преку ширење на Балканот и проширување на топлите мориња.
Доста историја има меѓу Русите и Украинците. Плаќаат најскап газ поради нивниот инает. Демонстарнтине викаат поблиску ни се европјаните него русите:facepalm:
Од историска гледна точка еве како Украина е тоа што е денес. И да се сватат некои сфери на влијание(пример Полјаците и зошто има огромна подршка од западните жители на Украина при демострациите)
Аха, овие им го завртеле грбот во 2СВ, ама пак Сталин им изврши геноцид, ткн. Годомор и истовремено им населуваше етнички Руси. Па овие се сакале како Срби и Хрвати. :facepalm:

И пред и потоа Украинците се подложни на асимилација, голем дел од Украинците не зборуваат Украински него Руски, или некаква мешавина од јазик. Украинската Православна Црквата не им ја признаваат, имаат инсталирано Руска Црква.

Зошто ли судбинава на Украинциве во многу елементи ме потсетува на нашава?

И сега треба да стапат во некоја унија со Русите, но нели на сила, затоа што во спротивно ќе им ја растурат државата и ќе продолжат да плаќаат најскап гас. И треба да има иднина таков некаков сојуз???
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.022
Иако е дел од историјата на рускиот народ, денешните Руси во голема мера се противат на Комунизамот (Единствена Русија и Путин се главни ).

Ако можеш прочитај за Александар Невски и Киевските Руси. Што се случувало и кој кому му завртил грб. Од раката на Сталин не гинеле само Украинци, сигурно не биле само Украинците таргет група.

Туку ова е најважано за етничко делење, немаше никакви демонстарции на етничките руси. Претежно протестантите се од западните делови на Украина, ако некој претендира на поделба сигурно не е Путин.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Аха, овие им го завртеле грбот во 2СВ, апак Сталин им изврши геноцид, ткн. Годомор и истовремено им населуваше етнички Руси. Па овие се сакале како Срби и Хрвати. :facepalm:
Овоа се случило 8 години пред нападот на Германија врз СССР..

Иначе во врска со 2риов болд,повеќе би прилегало да ги споредиш со Србите и Црногорците (ептен слични народи со речиси исти јазици и со православна вероисповест).
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Русија со завладување на Украина пак става крај на хегемонизмот на Западот. Во големата геостратешка игра за превласт, Русија едноставно не смее да доволи Западот да се устоличи во Украина.
Каков црн хегенизам збориш !? го заболе Западот таквоото за Украина,ни низ историјата не била сојузник на Западот нема ни да биде.Русија е една од 9те најглавни стратешки партнери на ЕУ,и додека овие во Киев се тепаат меѓу себе Брисел и Москва пијат виски гледаат утакмица Украинска позиција VS Украинска опозиција.. на Украина ќе им требаше милијарди да одвои за реформи во сите сфери ако ја одбереше ЕУ,од друга страна па со векови седи онаа црногорска поговорка Тешко на оној што Грција го храни а Русија го брани... Русија со години ја има изнајмено базата на Црноморската флота на Крим,во Геополитиката важи правилото дека кај што има некој база надвор од своја територија тешко дека таа земја ќе ја пушти низ вода,како што е со Сирија,зошто Србија не ја спасуваја во 1999 ? само пак греота за Украина.. исто како проститутка е сега.. Западната хегемонија ја владее планетата уште од 1951ва кога Советите дојдоја на Куба,ти си го преспал тоа време или бегаше од часови... 100 години рушат по светот.. па за една Украина,била не била..
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
сега ЕУ ќе почнат со поголеми и семожни притисоци, почнувајќи со бојкот на олимписките игри во Сочи, па со разни уцени за отстапки на Крим ...
толку се проѕирни што лесно може да им се предвидат дејствијата за раздор
--- надополнето: 14 декември 2013 во 12:04 ---
Овие пак почнаа по шаблон...(n)
Ѓорѓ Кловн-и:

најмениот подржувач :гомце:
Во Украина настаните се гола борба за власт и бизнис интереси - ништо повеќе. Ниту планираат па ниту сакаат да ја внесат во ЕУ ни во НАТО, дури ни народот не им е потребен, се’ што сакаат е богатството на УА.
Подршката од странците на Евромајдан се сведува на ова: примерот со Косово.
В.Кларк и М.Олбрајт се најголемите акцонери на рудниците во косово со што е загарантирана експлоатација на јаглен за наредните години ,тоа значи на најбогатиот рудник во Европа ....
А сценариото на случувањата на Евромајдан се реплика на минатогодишните збиднувања на Бранко СДСМ-ЛТД
Евронтеграцијата во Украина ја подржуваат 5 млн , во споредба со 45 млн народ кои не ја подржуваат- се е јасно ко бел ден
 

Kajgana Shop

На врв Bottom