Мувла по внатрешни ѕидови

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.667
Поени од реакции
14.545
Грдо изгледа, а и ризик по здравјето е
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Но, како краткорочно решение, во моментов ти предлагам да ја пренесеш печката до надворешниот ѕид. На тој начин ѕидот ќе биде потопол и ќе нема кондензација
Ист ефект ќе постигнеш и ако ја зголемиш температурата на просторијата, односно термостатот на печката го поставиш на повисока температура
Џабе е ако ѕидовите му се бетонски плочи, бетонот е слаб термички изолатор и лесно пропушта топлина и во услови кога немаш вентилација во собата кога тој топол воздух ќе дојде во допир со бетон преминува во влага. Кај мене во соба два надворешни ѕида има и двата целите беа покриени со мувла, собата на подрум мирисаше а и мувлата многу штети на плуќа така што ќе се откорнеш од кашлање. Плус откога ставив нови прозори кои дихтуваат 100 %, почна кондензат и на нив да се ствара и а уклучев греење мислам вода почнуваше да лие од прозорите па морав најлони да ставам под прозорите и вратата за да не се направи лом паркетот и ѕидот под нив. Сега летово кога правев внатрешна изолација на ѕидовите мајсторите ги средија и нив, ги оддихтуваа, не знам како. Евентуално да се направат дупки ко што кажа еден член погоре.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Бидејќи го имав истиот проблем знам дека се јавува од недоволно проветрување и изолација. Отворај најмалку половина час во денот да ти се проветри просторијата, ако готвиш во неа ти треба и повеќе проветрување.
Пробај да го намачкаш со средство против мувла од Кнауф, ама не очекувај чуда од него.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Мора така, иако сме на 4-ти спрат, а никој од подолните спратови не сакаат да постават изолација како што направија комшиите од другиот влез кои изолираа од приземје до краен спрат. Ќе мора сами да ставиме, како што всушност имаме ставено на другите 2 страни (едната странична и онаа спротивната од проблематичната). На тие 2 страни нема гајле.
Некаде околу 300-400 евра фаќа со поставување на скеле, работна рака, материјал...
прво нешто што ми падна во очи е цената што ја кажуваш. ....:confused: најмала цена за на 4-ти кат би ти била 22 евра од квадрат со вклучено скеле, материјал и работна рака. е сега, ........ за 400 евра значи дека само 20-тина квадрати ќе правиш? односно само 6 мерти во должина ти е ѕидот? ако е така ОК, но само да ти напоменам, ......... да идеш со мин 30цм над горната плоча (значи да му изолираш и на комшијата над тебе) и уште 20цм под тебе. значи, изолираш две плочи (твојата и таа над тебе) плус 50цм. затоа и дојдов до 6 м должни. 3,3мХ6м=20м2
потоа, за добра изолација подобро е 5цм дебел стиропор. и тоа да не е пресуван. па на тоа нормално абрип и сл работи кои служат за финиширање.
со новите прозори, и овој зафат (кој по мене за само 400 евра е џабе) си се осигуруваш 90% од немање влага. за да бидеш 100% сигурен треба уште две работи да ги правиш во грејната сезона. првата е проветрување, а втората е да е суво и топло во собата. суво и топло се постигнува со повисока температура, ....... не е ефтино да се држи внатрешната на 24-25 степени. многу е важно тој ѕид да е топол.
ај годинава истерај некако со бришење еднаш во недеата, па догодина здравје. ќе направиш па ќе збориш ;)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.667
Поени од реакции
14.545
Таа цена е повластена ;)
Плус нема никој над нас, на последен спрат сме.
Оваа година реновиравме многу, сигурно 6-7000 евра отидоа, но не остана за таа страна на надворешниот ѕид која и е северна.
На пролет, здравје
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Провери дали рамката на прозорците има дупчиња од надворешна и внатрешна страна. Некаде забораваат да ги направат истите па настануваат вакви проблеми. Ако нема викни ги тие што ги местеле и ќе направат.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
За Саво мислиш? Ќе го купам утре и ќе го обработам проблематичното ќоше, па ќе видиме што-како...
Но сепак до крајно решавање на проблемот, ќе мора ова зимо да се луфтира многу почесто и да не сушат било какви алишта во собата.
--- надополнето: 7 декември 2013 во 03:35 ---
Прегледај го приврзокот 78787
Оваа мувла не ти од кондензација поради прозорците,ова ти е од влага од бања или ако си на земја од неубава и неквалитетна изолација
Бидејќи си најгоре мувлата може да настане од водата од кровот која место низ олук мала количина си нашла просто покрај некој зид па протекува.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Имам едно банално прашање
Откако ги сменивме прозорците, од стари дрвени на PVC, ова е прво зимо и нон-стоп кондензираат внатре.
Исто во собата имам и термо-печка шо до сеа на неа си ја ставав крпата за туширање да се исуши или по некое делче од гардероба.
Но сега ми се појави и мувла на ѕидот во едното ќоше, на оној ѕид што е надворешен на зградата. Чак на пролет таму ќе мора да се стави надворешна изолација, но сакам да го средам ова со мувлата.

Фактички можни проблеми се
- новите прозорци кои дихтуваат добро со што не ја пропуштаат влагата надвор, па и кондензицијата што се ствара на нив
- сушење работи на термо-печката

Веќе нема да се суши ништо на термо-печката и треба да се луфтира почесто, но со мувлата што?

Сега читав дека треба со мешање на топла вода и варикина да се испрска, да се почека малце и да се пребрише со сува крпа.
Некој имаше и пишано за SAVO средство во Тинекс кое е баш за тоа, ќе го купам утре и ќе го средам ќошот од ѕидот.

Ваши искуства нешо имате?
Јас живеам на последен кат во зграда.И имавме мувла се додека не ставив PVC и внатрешна изолација. Пошто си во стан,а другите станари не сакаат да изолираат,подобро би било да ставиш внатрешна него надворешна.Само на ѕидот каде што фаќа мувла.Ќе ти скрати 2-3сантима од собата,но тоа нема ни да ти смета,ни да се приметува.Плус и поефтино е.
И мувлата нема врска со проветрувањето.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Лани го имав истиот проблем ! На еден форум прочитав за доместос , средството за во вц , ги премачкав деловите со мувла и одтогаш немам проблеми ! Нормално ако не создаваш нови извори на кондензација !
Може поубаво да објасниш околу ова...... како прво го чистиш sидот со сува крпа, па мачкаш со доместос или? :)
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Нормално освен што треба да луфтираш за мувлата што векје ја имаш само САВО ти е лек. Јас го имав истиот проблем и тоа во купатило каде што немам прозор и исто така ставив ПВЦ врата. Сега вентилаторот нон стоп дува а мувлата што ја фатив САВО-то ја уби веднаш и што е нај добро каде што ке ставиш САВО веке мувла не се појавува. Само пази од кога ке ставиш САВО да оставиш одма да се луфтира и неколку часа (ако можеш и повеке) да не седиш во таа просторија бидејки е отровно.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Нормално освен што треба да луфтираш за мувлата што векје ја имаш само САВО ти е лек. Јас го имав истиот проблем и тоа во купатило каде што немам прозор и исто така ставив ПВЦ врата. Сега вентилаторот нон стоп дува а мувлата што ја фатив САВО-то ја уби веднаш и што е нај добро каде што ке ставиш САВО веке мувла не се појавува. Само пази од кога ке ставиш САВО да оставиш одма да се луфтира и неколку часа (ако можеш и повеке) да не седиш во таа просторија бидејки е отровно.
А кај може да се купи САВО и колку пари е? :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас живеам на последен кат во зграда.И имавме мувла се додека не ставив PVC и внатрешна изолација. Пошто си во стан,а другите станари не сакаат да изолираат,подобро би било да ставиш внатрешна него надворешна.Само на ѕидот каде што фаќа мувла.Ќе ти скрати 2-3сантима од собата,но тоа нема ни да ти смета,ни да се приметува.Плус и поефтино е.
И мувлата нема врска со проветрувањето.
Ова е надвор од темава, но те замолувам да објасниш и опишеш каква внатрешна изолација си поставила
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.667
Поени од реакции
14.545
И мувлата нема врска со проветрувањето.

И те како има...
Ако надворешната е минимум 5 сантиметри, не гледам како внатрешната е подобра кога сепак се има можност за надворешна
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Може поубаво да објасниш околу ова...... како прво го чистиш sидот со сува крпа, па мачкаш со доместос или? :)
Ај да почнеме од почеток ! Мувлата е габа(печурка) а доместосот е средство(база) која ги уништува .
Не треба да се чисти со ништо , колку понечистена толку подобро затоа што ке ја опфатиш целата ако ја сушиш и бришеш само ке ги разнесеш спорите (семките) , вака директно премачкување!
Во основа има исто дејство како и сите овие скапи средства против мувла . Нема силно дејство на глет масата и малтерот , се разбира ако не претераш со третманите !
Сето ова ако во нормален период се елиминираат причините за појавување на мувлата , гореопишаниот начин е да се куртулиш од неа ако веке е присутна а причините за појавувањето пополека се елиминираат!
Или барем тоа е моето искуство , имено јас лани се вселив во недоволно исушен дом и на почеток од зимата скоро на сите горни кошеви ми се појави мувла . Ја третирав како што опишав и се разбира со сушењето на домот потпомогнав повеке да нема појава на мувла!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom