Џабе е ако ѕидовите му се бетонски плочи, бетонот е слаб термички изолатор и лесно пропушта топлина и во услови кога немаш вентилација во собата кога тој топол воздух ќе дојде во допир со бетон преминува во влага. Кај мене во соба два надворешни ѕида има и двата целите беа покриени со мувла, собата на подрум мирисаше а и мувлата многу штети на плуќа така што ќе се откорнеш од кашлање. Плус откога ставив нови прозори кои дихтуваат 100 %, почна кондензат и на нив да се ствара и а уклучев греење мислам вода почнуваше да лие од прозорите па морав најлони да ставам под прозорите и вратата за да не се направи лом паркетот и ѕидот под нив. Сега летово кога правев внатрешна изолација на ѕидовите мајсторите ги средија и нив, ги оддихтуваа, не знам како. Евентуално да се направат дупки ко што кажа еден член погоре.Но, како краткорочно решение, во моментов ти предлагам да ја пренесеш печката до надворешниот ѕид. На тој начин ѕидот ќе биде потопол и ќе нема кондензација
Ист ефект ќе постигнеш и ако ја зголемиш температурата на просторијата, односно термостатот на печката го поставиш на повисока температура
прво нешто што ми падна во очи е цената што ја кажуваш. .... најмала цена за на 4-ти кат би ти била 22 евра од квадрат со вклучено скеле, материјал и работна рака. е сега, ........ за 400 евра значи дека само 20-тина квадрати ќе правиш? односно само 6 мерти во должина ти е ѕидот? ако е така ОК, но само да ти напоменам, ......... да идеш со мин 30цм над горната плоча (значи да му изолираш и на комшијата над тебе) и уште 20цм под тебе. значи, изолираш две плочи (твојата и таа над тебе) плус 50цм. затоа и дојдов до 6 м должни. 3,3мХ6м=20м2Мора така, иако сме на 4-ти спрат, а никој од подолните спратови не сакаат да постават изолација како што направија комшиите од другиот влез кои изолираа од приземје до краен спрат. Ќе мора сами да ставиме, како што всушност имаме ставено на другите 2 страни (едната странична и онаа спротивната од проблематичната). На тие 2 страни нема гајле.
Некаде околу 300-400 евра фаќа со поставување на скеле, работна рака, материјал...
Оваа мувла не ти од кондензација поради прозорците,ова ти е од влага од бања или ако си на земја од неубава и неквалитетна изолацијаЗа Саво мислиш? Ќе го купам утре и ќе го обработам проблематичното ќоше, па ќе видиме што-како...
Но сепак до крајно решавање на проблемот, ќе мора ова зимо да се луфтира многу почесто и да не сушат било какви алишта во собата.
--- надополнето: 7 декември 2013 во 03:35 ---
Прегледај го приврзокот 78787
Јас живеам на последен кат во зграда.И имавме мувла се додека не ставив PVC и внатрешна изолација. Пошто си во стан,а другите станари не сакаат да изолираат,подобро би било да ставиш внатрешна него надворешна.Само на ѕидот каде што фаќа мувла.Ќе ти скрати 2-3сантима од собата,но тоа нема ни да ти смета,ни да се приметува.Плус и поефтино е.Имам едно банално прашање
Откако ги сменивме прозорците, од стари дрвени на PVC, ова е прво зимо и нон-стоп кондензираат внатре.
Исто во собата имам и термо-печка шо до сеа на неа си ја ставав крпата за туширање да се исуши или по некое делче од гардероба.
Но сега ми се појави и мувла на ѕидот во едното ќоше, на оној ѕид што е надворешен на зградата. Чак на пролет таму ќе мора да се стави надворешна изолација, но сакам да го средам ова со мувлата.
Фактички можни проблеми се
- новите прозорци кои дихтуваат добро со што не ја пропуштаат влагата надвор, па и кондензицијата што се ствара на нив
- сушење работи на термо-печката
Веќе нема да се суши ништо на термо-печката и треба да се луфтира почесто, но со мувлата што?
Сега читав дека треба со мешање на топла вода и варикина да се испрска, да се почека малце и да се пребрише со сува крпа.
Некој имаше и пишано за SAVO средство во Тинекс кое е баш за тоа, ќе го купам утре и ќе го средам ќошот од ѕидот.
Ваши искуства нешо имате?
Може поубаво да објасниш околу ова...... како прво го чистиш sидот со сува крпа, па мачкаш со доместос или?Лани го имав истиот проблем ! На еден форум прочитав за доместос , средството за во вц , ги премачкав деловите со мувла и одтогаш немам проблеми ! Нормално ако не создаваш нови извори на кондензација !
А кај може да се купи САВО и колку пари е?Нормално освен што треба да луфтираш за мувлата што векје ја имаш само САВО ти е лек. Јас го имав истиот проблем и тоа во купатило каде што немам прозор и исто така ставив ПВЦ врата. Сега вентилаторот нон стоп дува а мувлата што ја фатив САВО-то ја уби веднаш и што е нај добро каде што ке ставиш САВО веке мувла не се појавува. Само пази од кога ке ставиш САВО да оставиш одма да се луфтира и неколку часа (ако можеш и повеке) да не седиш во таа просторија бидејки е отровно.
Ова е надвор од темава, но те замолувам да објасниш и опишеш каква внатрешна изолација си поставилаЈас живеам на последен кат во зграда.И имавме мувла се додека не ставив PVC и внатрешна изолација. Пошто си во стан,а другите станари не сакаат да изолираат,подобро би било да ставиш внатрешна него надворешна.Само на ѕидот каде што фаќа мувла.Ќе ти скрати 2-3сантима од собата,но тоа нема ни да ти смета,ни да се приметува.Плус и поефтино е.
И мувлата нема врска со проветрувањето.
И мувлата нема врска со проветрувањето.
Ај да почнеме од почеток ! Мувлата е габа(печурка) а доместосот е средство(база) која ги уништува .Може поубаво да објасниш околу ова...... како прво го чистиш sидот со сува крпа, па мачкаш со доместос или?