Има триста работи кои ми се одбивни кај хетеросексуалците па сум ги прифатил (се сомневам дека сум единствен во тоа). Тоа што сте мнозинство не ви дава право да ги движите работите со железна тупаница, било да е ова демократско (особено ако е демократско), или друг вид општстево. Државата треба да ги задволи потребите и на малцинствата, инаку џабе држава. Си играме илузии на цивилизираност само. Треба да најде компромисно решение кое ќе ги задоволи и двете страни.
Проблемот овде е што владеачката гарнитура отпрвин не сакаше да се замара. Кога виде дека може да има потенцијален "проблем", без агресивна активна геј политика, зема не реактивно, туку активно да спроведува и промовира, екстремна анти-геј политика, што е абсурд. Уште поголем абсурд е кога ќе налетам на билборд или реклама на ТВ за еднаквост, трпеливост и сограѓанство на луѓе од различна етничка позадина, религија, пол, итн. ама секогаш само тие со поинаква сексуална ориентација се изоставени. Тое се вика хипокризија, дволичност, двојни стандарди.
Во реалниот свет, таму надвор од МК, такви глупости не проаѓаат. Или си сериозен околу толеранција и човекови права и слободи, или не си. Нема бирање и селективност во однос на тоа што некому му одговара а што не. И да не е ЕУ, човековите права и слободи се гарантирани со конвенција, и стапуваат во сила сегде во светот, интернационално, независно од индивидуални институции и субјективни сфаќања и политики една држава што ги води регионално или локално. Ич не ги лази. И не треба. Ако зависеа твоите права и слободи од други, ќе пееше друга песна сега. Не си бил од другата страна да знаеш како е, затоа е лесно да посочуваш со прст и да судиш.