Фан клуб - РК Вардар

А да не го тупите многу зошто помина само 1 полусезона од раководењето на Сергеј. Не може преку ноќ да се направи тим за Ф4, нормално е што имаме некои залутани фаци моментално у тимов. Ако целта му е тоа, сигурен сум дека од следна сезона просечни играчи у тимов нема да гледаме, гарантирам !

А оние "патриоти" што ми глумат нека идат вториот тим што ќе го формира да го гледаат само. :)
Ова тастатуриве ептен патриотски чувства ви развиле на сите.....
 
Океј, озбилно сеа, шо е нонсенс у имањето резервни странски крила кои (следи најважното) се поквалитетни од македонските кои ги имаат.

Еве Дибиров промашува три од четири шанси, мислиш дека авторитетен тренер би го оставил во игра? Или уште помалку Брумен? Можеби, но во одбрана. Во напад одма би се направила ротација. И сеа правиш ротација и погледнуваш на клупа: Добривоје и Бутинот, неспоредливи у квалитет.

.

И Ојлевски беше послаб во Вардар од Марковиќ и Ојлевски ќе беше еден од тие за кои ќе кажевме погледнуваш на клупа Ојле и Добривоје......ама кој игра повеќе сега ?
Вардар има поголема корист од Марковиќ во моментов или Металург од Ојлевски ?
 
Наместо да се расправате запрашајте се за ова:

1. Колку минути имаат одиграно Марковиќ и Раковиќ оваа сезона во ЛШ?
2. Кој тим во Европа има нејуниорска 3та или 4та постава во составот (вообичаено се јуниори од својата школа)?

Вообичаено и најјаките тимови имаат по 2 постави + 2-3 специјалисти дефанзивци + евентуално трет добар голман. Тоа ти се 16-18 играчи. Останатото се млади играчи од школата. Е сега точно е дека по 2-3ца од тие млади играчи често се стварно таленти, ама се млади деца без искуство и реално добар дел од напредокот му го должат точно на фактот што повремено се случува да добијат некоја минута со сениорите - ѕвезди.

Некаде во одговорите на овие прашања се наоѓа решението.

Точно е тоа, но збориме конкретно за Вардар кој моментално речиси и да нема академија. Нема стабилен втор тим во кој талентите би добивале искуство играјќи со сениори (кое многу значи) наместо со врсници на кои брада уште не им пораснала.

Реков, муабетов може да се прави од наредната сезона, тогаш (ако има) да се уфрли у СЕХА некој млад момак па за сезоната потоа да биде прекомандуван у прв тим ако се покаже. Нешто што Металург пробува да го направи од сезонава и што може да успее, а под успее мислам може да добие 2-3 играчи за првата екипа наредна сезона.

п.с. познат ви е дизајнов? :D

http://www.dinamohandball.by/

И Ојлевски беше послаб во Вардар од Марковиќ и Ојлевски ќе беше еден од тие за кои ќе кажевме погледнуваш на клупа Ојле и Добривоје......ама кој игра повеќе сега ?
Вардар има поголема корист од Марковиќ во моментов или Металург од Ојлевски ?

Па тогаш ќе можеше да се прави овој муабет затоа што Олјески може да игра на ниво погоре, а кај Недановски не глеам таква можност. Иначе двата тима имаат ќар. Вардар затоа што во Марковиќ има сигурна резерва а Металург затоа што доби добра замена за Манасков.
 
Каква врска има тоа со фактот дека е просечен играч за ова ниво ? ;)

Прибак е бек, Јовчевски е крило.....едниот за да биде замена може да си дозволи да е нешто под просекот, другиот не баш. Сепак за резервно крило збориме. Да даде 1 чист шут и да истрча една контра и против најјаки противници го може он тоа.
Ќе ги изгубиме ради бек, ради слаба одбрана, ради слаб ден на голманите, ради глуп црвен картон....ама поради играње на послабо крило 5-10 минути е тоа нема.Дали гледаш пад на квалитетот на играта кога ќе влезе Ојлевски во игра место Манасков ? Не....затоа што таквите играчи го можат тоа,но некој треба да им даде и малце доверба.

Проблемот е што имаме двојни аршини......било кој Македонец може да лета од екипата затоа што се просек или подпросек,али странец на клучна позиција не може. Нит Растворцев, нит Абутович, нит Прибак се нешто посебно и реално не би имале место во ниту една екипа која атакува нешто повеќе од втор круг,па никој никогаш нив не ги става под знак прашалник.
Ако планираш носење на врвни играчи тука има простор за носење. Тука може Горбок да улета место Растворцев, Атман место Прибак.....

Па Карачиќ нема причина да си оди.....реков дека не би имал место во први 7 на топ екипа. За втор средњак типот е измислен.
Иначе знаеш дека и Шиме еднаш беше во тимот на колото во ЛШ ? :pos:

1. Човек кој со години игра за земјата која освои сребро на прошлото европско не може да биде слаб играч ;) освен тебе ако не ти одговара тоа :D :P
2. Лоша споредба, Марковиќ е измислен за Манасков, професор е за Недановски. Манасков и Ојлевски не се некоја разлика, верувај дека Станиќ го прави Манасков толку моќен, Ојлевски на моменти е и пдообар од Манасков, не можеш да очекуваш разлика од двајца слцични играчи. Марковиќ - Недановски, Манасков - Ојлевски неспоредливо. Макровиќ го менува Никчевиќ во репрезентацијата на Србија, а Недановски е под нивото на Манасков и Ојлевски.
3. На таа позиција немаме македонски ракометари кои би ги пополниле тие две места, освен Миркуловски за кого од Металург би барале 1 милион евра, кога можеа за Станиќ човек веќе во години да бараат 800 000..
4.Ако го прочита уабво мојот прв пост, токму тоа и го реков, дека доста му е на Прибак, на негово место да дојде Атман.

Средни бекови: Карачиќ, и нов бек Атман или Рутенка :D на Прибак веќе му поминува времето, не е тоа тоа од претходните сезони на оваа позиција со Карачиќ и нов среден бек одлично би биле покриени..
--- надополнето: 7 декември 2013 во 01:01 ---
И Ојлевски беше послаб во Вардар од Марковиќ и Ојлевски ќе беше еден од тие за кои ќе кажевме погледнуваш на клупа Ојле и Добривоје......ама кој игра повеќе сега ?
Вардар има поголема корист од Марковиќ во моментов или Металург од Ојлевски ?
Кратко и јасно, Металруг не би имал корист од Ојлевски ако имаат на таа позиција еден од најдобрите играчи во светот и замена што е подобар избор и од Манасков. Тоа како да кажеш Зомимак имаат поголема корист од Кукоски.

П.С. Утре играме со Брест Мешков ;) никој ништо не спомнува.
 
1. Човек кој со години игра за земјата која освои сребро на прошлото европско не може да биде слаб играч ;) освен тебе ако не ти одговара тоа :D :P
2. Лоша споредба, Марковиќ е измислен за Манасков, професор е за Недановски. Манасков и Ојлевски не се некоја разлика, верувај дека Станиќ го прави Манасков толку моќен, Ојлевски на моменти е и пдообар од Манасков, не можеш да очекуваш разлика од двајца слцични играчи. Марковиќ - Недановски, Манасков - Ојлевски неспоредливо. Макровиќ го менува Никчевиќ во репрезентацијата на Србија, а Недановски е под нивото на Манасков и Ојлевски.
3. На таа позиција немаме македонски ракометари кои би ги пополниле тие две места, освен Миркуловски за кого од Металург би барале 1 милион евра, кога можеа за Станиќ човек веќе во години да бараат 800 000..
4.Ако го прочита уабво мојот прв пост, токму тоа и го реков, дека доста му е на Прибак, на негово место да дојде Атман.

Кратко и јасно, Металруг не би имал корист од Ојлевски ако имаат на таа позиција еден од најдобрите играчи во светот и замена што е подобар избор и од Манасков. Тоа како да кажеш Зомимак имаат поголема корист од Кукоски.

П.С. Утре играме со Брест Мешков ;) никој ништо не спомнува.

Баш ме занима во кој тоа елемент на играта Марковиќ е подобар од Манасков,а да не се работи што доаѓаат со играње и искуство (селекција на шут ) ?
Моторика ? Брзина ? Репертоар на шутеви ? Скочност ?
Во се тоа е подобар Манасков,a има и простор за напредок.
[/quote]
 
1. Од просек до слаб има разлика..... ;) Србија беше домаќин на тој турнир....башка се виде пред тоа натпреварување и после тоа дека се екипа за втор круг само и толку.

2. И пак тоа преценување на странците и потценување на македонските играчи. Добривоје освен едно натпреварување за Србија каде што играше по 1 до 2 минути во просек (читај во превод земен да попуни број) не игра за Србија :) ЕП 2011 пројде....од тогаш имаше 2 квалификации и 2 големи натпреварувања.
Не викам дека е лош играч.....далеку од тоа.Комотно би можел и прво крило да ни е за во ЛШ.Но дека Недановски (кој дур беа со Ојлевски заедно во екипата беше подобар од него,а како што гледаме и Ојлески може ок да изигра и во ЛШ) не може да ја врши неговата сегашна работа (играње нешто во СЕХА и 2-3 акции,не минути, во ЛШ) мало морген.

3. Не викам да се носат Македонци,него да не се бркаат веќе.И да ги пополнуваат резервните места.
Миркуловски и милион евра :pos::pos::pos:

4. Тоа е ок....[/quote]

Ај ќе продолжиме хаха :)
1. Хехе Тоскиќ е квалитетен играч, како тебе ти фаќа око тоа е друга работа..:) Столе секако не може да игра повеќе од едно полувреме, му треба замена секако, не гледам дека Столе е оштетен, освен ако сакате да дојде некој аматер па Столе да изгледа ѕверка :D btw не секој домаќин може да стигне до финале :) али добро потценувајте ги :)
2. Ги гледав сите утакмици на Србија, не само на европското и сегашните квалификации и Марковиќ добиваше минутажа, али минимална не викам не. Ама кој е прв избор? Никчевиќ, човеков играше во Шпанса лига, една од најдобрите лиги во Ваљадолид мсилам а и сега не знам дали уште е тука, ама знам дека игра во ЛШ, така да Марковиќ не може да биде прв избор.
3. Ојлевски може да изигра добро и во ЛШ, не викам не, ама не може да изигра подобро од Марковиќ. Ова исто како Манасков да дојде во Вардар и да кажеш зошто игра Дибиров кога и Манасков може да изигра во ЛШ хех.. Не можеш да го рамниш Ојлевски со Марковиќ, а да не зборам што сега во тимот е Недановски..
Мислиш дека Миркуловски така лесно би ни го дале? Значи не се ненормални да ни го дадат Миркуловски еден од најдобрите играчи во Металург, плус играч со кој можат да се курчат дека се репрезентација :icon_lol: освен, значи освен ако ние сме ненормални и платиме ненормална оштета..Миркуловски не вреди 1 милион, ама ни Станиќ не вреди 800 000 евра. Затоа и ти реков, сигурно нема да го пуштат Миркулувски, поготово кај нас за 200 000 евра една годишна плата на некој подобар играч..Направив споредба преку сарказам, што е толку смешно :)

Не можам да те цитирам асално за Манасков - Марковиќ, јас лично не би го менувал Марковиќ за Манасков, кој гледа СЕХА лига знае. Марковиќ е 100 класи подобар од Манасков во одбрана, најдобар крадач на топки што заиграл во нашево првенство последниве години..Во напад скеогаш имал одлична реализација, ретко промашува од крило, лани на неколку утакмици имаше околу 10 голови дадено, дава голови, има одлична реализација, краде топки, игра одлично во одбрана (подобар е и од Дибиров и од Манасков) за мене ги задоволува потребите на лево крило :)
 
Ај ќе продолжиме хаха :)
1. Хехе Тоскиќ е квалитетен играч, како тебе ти фаќа око тоа е друга работа..:) Столе секако не може да игра повеќе од едно полувреме, му треба замена секако, не гледам дека Столе е оштетен, освен ако сакате да дојде некој аматер па Столе да изгледа ѕверка :D btw не секој домаќин може да стигне до финале :) али добро потценувајте ги :)
2. Ги гледав сите утакмици на Србија, не само на европското и сегашните квалификации и Марковиќ добиваше минутажа, али минимална не викам не. Ама кој е прв избор? Никчевиќ, човеков играше во Шпанса лига, една од најдобрите лиги во Ваљадолид мсилам а и сега не знам дали уште е тука, ама знам дека игра во ЛШ, така да Марковиќ не може да биде прв избор.
3. Ојлевски може да изигра добро и во ЛШ, не викам не, ама не може да изигра подобро од Марковиќ. Ова исто како Манасков да дојде во Вардар и да кажеш зошто игра Дибиров кога и Манасков може да изигра во ЛШ хех.. Не можеш да го рамниш Ојлевски со Марковиќ, а да не зборам што сега во тимот е Недановски..
Мислиш дека Миркуловски така лесно би ни го дале? Значи не се ненормални да ни го дадат Миркуловски еден од најдобрите играчи во Металург, плус играч со кој можат да се курчат дека се репрезентација :icon_lol: освен, значи освен ако ние сме ненормални и платиме ненормална оштета..Миркуловски не вреди 1 милион, ама ни Станиќ не вреди 800 000 евра. Затоа и ти реков, сигурно нема да го пуштат Миркулувски, поготово кај нас за 200 000 евра една годишна плата на некој подобар играч..Направив споредба преку сарказам, што е толку смешно :)

1. За на ова ниво просек....ништо повеќе - ништо помалку. Зар е чудно Србија да има и просечни играчи за на врвно ниво ?

2. СП, ОИ ? Го немаше....на ЕП покрај Никчевиќ добиваш на некои утакмици по некоја минутка.

3. Работата е што збориме за второ крило.Како такво Марковиќ е непотребен.....и Ојлевски може да ја заврши исто неговата работа.За влегување од клупа 10тина минути и играње во СЕХА Марковиќ не може ништо повеќе да придонесе.

Миркуловски не мислам дека воопшто би ни го дале.
 
За српска репрезентација нема потреба повеќе да зборам на темава, 2 место во Европа доволно кажува.
За другово..која работа ја завршил па Ојлевски крај краева? Што им брцна гол на Вакер Тун? Па смешно е да ги споредуваме воопшто Металург и Вардар оваа сезона во ЛШ..Како изиграМеталург сезонава?
Барселона - се посрамотија, бруки - 18 голови разлика, мислиш играле кошарка со нба тим
Вакер Тун - брука невидена нерешено на домашен терен и им го дадоа единствениот бод на швајцарциве, па срамота беше и во гости што играа драма утакмица
Со Минск одиграа очекувано, во гости сигурен сум дека ќе изгубат
Само со ПСЖ пружија добра партија, како што Тун пружи со нив и многу јак придонес даде Ојлевски што да ти кажам..Друга работа што Ојлевски не е во Вардар, и јас зборев дека Недановски не е потребен и Недановски ќе изигра 10 минути во ЛШ, ама ако се повреди Дибиров, Марковиќ може комотно цела сезона да ја истера на лево крило, Недановски ќе пополни колку што Фичо пополнува голман со маркер кога сме со играч помалку.. :icon_lol: Значи еден сериозен клуб треба да има и силна клупа, не значи тоа дека ни требаат играчи кои ќе заменат едно полувреме во СЕХА со Партизан и Борац, туку и во ЛШ уморен Дибиров и уморен Брумен, или пак кога нема да им иде.

И уште нешто, па брат гледаш ли ти СЕХА? Стварно не те разбирам. Даскаловски заслужува место во тимот? Он кога брани примаме 30 гола од екипи како Ловќен, по 1-2 одбрани во едно полувреме има и не претерувам, така е. Деца од 17 години го наполнија во Белград :гик: значи човеков не може ни во СЕХА лига да се снајде ептен е изгубен, премногу среќен бев кога дојде, ама освен утакмицана во Струга не видов друга добра партија, за Диви не реков да се избрка, прочитај ми го првиот пост.. Ама за тим кој го најавува Сергеј треба подобар голман и од Милиќ и од Диви, ама да не с еизбрка Диви..Крај краева нека наметне статус стартер..
Мите Стоилов..па овој заборавив дека воопшто игра кај нас, па кога потпиша во Вардар еден не прочитав да напише еј браво за потегов, супер избор.. :) Лазаров за што ќе ни е? За да го чекаме брат му да дојде? Одбрана не игра, во напад нема муда да шутне, Да не потпишеше Горбок ок, ама го имаш Горбок, го имаш Абутовиќ кој е вишок? За крилава воопшто да не коментирам повторно..Јовчевски може има 1/5 просек во СЕХА лига ништо чудно, далеку од тоа дека може да покрие на десно крило, а и не е малд бе па да речеме ќе се учи.. :eek: Раковиќ има страшна сезона, ги отвори Нексе мислам дека беа, а и на другите утакмици во СЕХА ретко промашуваше, класа е над Јовчевски..За Марковиќ и Недановски доволно зборев..А за Столе напишав дека е легенда, Столе никако не би го пуштил, ама и Столе не може да изигра цела утакмица 60 минути, затоа и треба замени, Чипурин и Тоскиќ се сосема добри.
 
Некој праша што одигра Раковиќ сезонава, не одигра премногу, али одигра одлично кога и да влезе во игра.

Мора да се формира втора екипа за дел од македонците и надежните странци да се уигруваат. Трупер збори за тоа како Јовчевски може да биде второ крило, а исто така збори и како некои играчи не би биле за повеќе од тим што претендира во втора рунда ЛШ. Епа, Јовчевски е само за втор избор за тим што претендира на ф4 во Сеха, и тоа како крило...

Не би го земал Борко, Станиќ ќе биде(сигурно доаѓа) одличен трансфер, Кире од нашите би го донесол, Велко и Манасков, тоа е тоа моментално. Ахам, и Атман :D
 
Фала богу да се согласи некој дека Раковиќ е машина оваа сезона :icon_mrgr:
Еве сега прочитав, Марковиќ и Раковиќ по 5 гола дале со Нексе, 10 вкупно..:)
Раковиќ со Татран 4 гола..Да не барам статистика и за другите утакмици, редовно си даваше барем по 4-5 гола Раковиќ..

1486862_10201881414534245_1426380711_n.jpg

Се гледаме утре екипо Кајгана :)
 
каков манасков каков велко каков атман :sick: од Минчолург никој
 
Без да цитирам, гледам добра расправа имало, особено за крилата. Реално, Марковиќ и Раковиќ се значително подобри крила од Бутин и Јовчевски. Исто така, е точно дека резервните крила треба да добиваат многу повеќе шанса за игра, и дека домашните играчи мора да играат многу повеќе во СЕХА лигата, ама ништо повеќе од СЕХА. И тоа утакмици против Борац, Партизан и Војводина. Да зборувавме за млади и талентирани играчи, океј да трпиш дека се уште "растат", ама Недановски има 28 години, а Јовчевски 27. Така да, домашни играчи на позиција втора резерва, единствено ако се деца кои во иднина треба да станат играчи.
И да не зборуваме во колку клучни ситуации се посрале (ова особено за Јовчевски). Не е баш, дека работата на крилото е само да истрча контра.
Да го имавме Раковиќ (повреден беше тој период) против Магдебург, минатата година ќе игравме во групната фаза на купот на ЕХФ. Веројатно го памтите зицерот на крај.
 
Да го имавме Раковиќ (повреден беше тој период) против Магдебург, минатата година ќе игравме во групната фаза на купот на ЕХФ. Веројатно го памтите зицерот на крај.
Зицерите :icon_mrgr:
Не е толку лош Јовчевски како за наша лига, ама не заебавајте, кај моженнегода се потпреме во ЛШ?
Значи океј е дека за човек што ќе изигра по 10 минути не е битно дали е Раковиќ или Јовчевски, Марковиќ или Недановски, ама го занемарувате фактот дека во спортот постојат и повреди.
Што ако се повредат Дибиров и Брумен? Со Јовчевски и Недановски ќе се бориме за титули?
Видовте како помина лани Металург кога им се повредија првите крила.
Океј е третите крила да ти бидат некои јуниори, ама ние немаме таков квалитет во моментов, а Бутинот и Јовчевски се далеку од јуниори.
Чекајте некa се формира и развие вториот тим, па после ќе ги тераме муабетиве :D
 
Фала богу да се согласи некој дека Раковиќ е машина оваа сезона :icon_mrgr:
Еве сега прочитав, Марковиќ и Раковиќ по 5 гола дале со Нексе, 10 вкупно..:)
Раковиќ со Татран 4 гола..Да не барам статистика и за другите утакмици, редовно си даваше барем по 4-5 гола Раковиќ..

Се гледаме утре екипо Кајгана :)
Со Металург даде 2 гола во ЛШ исто.
 
Абе што се замрате, уживајте си чичко Самас, си знае како треба, барем тоа до сега шт ого прави го покажува токму тоа, остајте го човекот, јас сакам само да совоиме лига шампиони за година две, а за едно пет години, да почнеме со деца од нашата школа. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom