Победа со која уште толку ги зголемивме шансите за фајнл фор. Веројатно Брест Мешков е екипата која овојпат нема да влезе во завршницата, и добро е што против нив имаме 2 победи, зошто во евентуална израмнета завршница тоа ќе ни донесе предност.
Останува уште Металург да го добиеме за 10 дена и можеме мирно да го чекаме пролетниот дел

Во пролет ќе ни останат дуели со Војводина и Загреб дома, и со Борац БЛ, Нексе, Ловќен и Татран во гости. Од овие мечеви реално е да се очекува дека ќе загубиме кај Татран, а евентуален кикс можеби би имало и кај Нексе.
Мешков Брест има два меча со Металург, гостување кај Загреб и Нексе, и со Татран дома, што значи дека имаат потежок распоред.
Да видиме само како ќе изиграме на 17-ти па ќе ги направиме математиките
Денеска прво полувреме некако во грч го игравме. Во напад не бевме лоши, ама во одбрана бевме очај,а и голманите денес не беа на ниво. Дивиот (па и Милиќ) прими сто инѕирски гола. Се покрај рака му поминуваа. Среќа и Пешиќ беше очаен на спротивната страна, па се одеше гол за гол.
Игравме со прв состав. Дујшебаев имаше добар меч, Дибиров стандардно си газеше, Брумен распали денес, и нормално Карачиќ.
Во одбраната Козлина барем засега не донесе ништо ново. Преспор беше некако, и не стигнуваше навреме да затвори.
Маркотиќ не растури. Мислам дека на првиот меч не играше, па затоа така лесно славевме на нивни терен. Сепак за разлика од @jyvaton, јас мислам дека не е Маркотиќ за тим како Вардар. Добар си беше во Нексе кај што беше лидер, во Мешков е истотака еден од лидерите на играта, ама ние не би добиле многу од неговото доаѓање.
Ако на првиот меч беше дрво невидено, денес му одеше бајаги на брат му на Карачиќ.
Мада мна дел од головите доста кумуваа и нашите голмани.
Едно време мислам и 9-12 губевме, од што игравме несериозно.
Во второ полувреме дадовме малку гас, Дибиров украде по некоја топка во важни моменти, проработе и Прибак, па го свртевме резултатот.
На крај само рутински си го добивме мечот.
Диви на крај фати едно пеналче на голема радост на публиката. Како само се улетуваше кога имаа пенали, мислиш ќе ги јаде за вечера
