R.I.P Nelson Mandela

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.649
Поени од реакции
31.877
Возраст
34
Почина еден од најголемите великани во човечката историја.
Нека почива во мир.

Нелсон Мендела претставува е една од најзначајните личности кои дале свој придонес во искоренувањето на сегрегацијата и расизмот спроведен од страна на некои политички активисти. Тој со своето долгогодишно залагање и покрај сите пречки и обиди во остварувањето на неговата замислена идеја, успева да ги постави темелите на заедничкото демократско општество. Во овој период на луѓето од црната раса им биле одземени многу права, биле жртви на постојаното измачување од страна на државата, нивниот труд се ценел многу помалку од реалната вредност. Расизмот зел се поголем и посилен замав. Со сегрегацијата како една од формите на расната дискриминација им било забрането учество на црнците во било какви општествени, културни и други организации наменети за белците. Живееле во посебни квартови, кои биле одделени од останатите места за живеење. Им била забранета слободата за работење и творење во самата земја. Токму како резултат на ваквата тешка положба, Нелсон Мендела го посветува целиот свој живот во искоренувањето на ваквата политика и ставање крај на сите стеги спроведени од страна на државата. Поради неговите погледи и сфаќања, за тоа како треба да изгледа едно демократско општество, често пати е затворан, поминува многу години во затворот, за на крај сепак да успее да ја оствари целта, подеднаква слобода и рамноправност за сите граѓани. Целта на овој проект е да се запознае ликот и делото на еден великан , човек кој остави длабока трага во светската политика. Поради ваквото залагање, наиде на голема поддршка од страна на сите граѓани кои посакуваа да ја издигнат Јужна Африка во целосна демократска држава. Тој со своите идеи допринесе во формирањето на профил на совршен политичар кој ги изнајде потребните методи и механизми во надминувањето на расната поделба, што е клучен темел за едно демократско општество. Поради ваквото гледиште беше прифатен од страна на политичката елита, што позитивно влијаеше во формирањето на неговата кариера како успешен политчар. Влијанието кое го изврши како претседател во Јужна Африка е од непроценлива вредност и пример за сегашните и идните политичари.

MANDELA.jpg
 
"Everyone can rise above their circumstances and achieve success if they are dedicated to and passionate about what they do." - Nelson Mandela. RIP.
 
Не знам како ова ќе го прими Crazy in Love. Многу лоша вест.

***
Инаку, си поживеа чоекот. Бројчано. Е сега, тоа што беше в затвор, ко Рубен Картер џабе, тоа е друга, лоша работа.
 
Јас ќе објавувам измеѓу коментари дел од историјата за човеков. Бидејќи не ја собира во еден коментар цела. Секој заинтересиран нека прочита и нека размисли два пати за животот.

Нелсон Мендела, роден 18 јули 1918 година во Транскаи , Јужна Африка, е поранешен претседател на Јужна Африка, првиот избран на целосно демократските избори, со мандат од 1994 до 1999 година. Пред да стани претседател, Мендела беше анти-апартхејд активист и лидер на Африканскиот Национален Конгрес. Јужноафриканскиот суд го обвини за саботажа и извршување на други злосторства додека го водеше движењето против апартхејдот. Во согласност со неговите убедувања, Мендела помина 27 години во затвор. Во јужна Африка тој е попознат како Мадиба што значи почесна титула воведена од страна на старешините на Менделовиот клан.
По неговото ослободување од затвор на 11 февруари 1990 година, Мендела помогна во искоренувањето на сегрегацијата и расизмот против црнците. Мендела доби повеќе од сто награди за околу четири децении., меѓу кои и Nобеловата награда за мир во 1993 година.
Мендела води потекло од Тембу династијата која владее во Транскаи, територија во Јужна Африка. Беше роден во Мвезо, мало село во областа на Утата, главниот град на Транскаи. Неговиот прадедо Нгубенчука (кој почина во 1832), владеел како Инкоси Енкулу, или цар, наТембу луѓето. Еден од синовите на царот со име Мендела, стана дедо на Нелсон и извор на неговото презиме. Бидејќи тој беше дете на жена од Иксиба кланот (таканаречена ,,Левата куќа”) потомците од неговата филијала не беа во можност да станат наследници на престолот Тембу.
Taткото на Мендела, Гадла Хенри работеше како главен управник во градот Мвезо. Но подоцна му е одземена ваквата позиција , па поради тоа се преселува со својата фамилија во Куну. Таткото на Мендела имал четири жени , тринаесет деца, меѓу кои четири беа машки а девет женски. Мендела беше роден од неговата трета жена по име Носекени Фани .Поголемиот дел од своето детство Мендела го помина на имотот на неговиот дедо по неговата мајка. Дадено му е името Ролохлала што во превод значи бељаџија.
Мендела стана првиот член од неговата фамилија кој почна да посетува училиште, каде неговиот учител Мис Модинган му го дал името Нелсон. Кога Мендела наполни девет година, почина неговиот татко од туберкулоза. Тогаш неговиот регент Јонгинтаба стана негов старател. Подоцна Мендела го комплетира неговиот Јуниор сертификат во рок од две години, наместо трите вообичаени. Инспириран за да ја наследи позицијата на неговиот татко како главен управник, во 1937 преминува во Хелдтаун (методистичко училиште) , во близина на Форт Бифорт, на Веслијанскиот колеџ каде учеше поголемиот дел од Тембу кралското семејство. На 19 години тој покажува интерес за боксот и работи во училиштето.
После уписот на Форт Харе универзитетот, Мендела се запозна со Оливер Тамбо. Мендела и Оливер покрај тоа што станаа колеги, тие останаа и доживотни пријатели. Мендела исто така ќе стана добар пријател и со неговиот роднина Каизер Матанзима , кој е кралски потомок на Тембу десницата, која се залагаше исто така за завземање на тронот на Транскаи. Неговата поддршка на ваквата политика ќе го стави подоцна на спротивна страна со Мендела. На крајот од својата прва година Нелсон Мендела беше вклучен како претставник од страна на студентите во советот за бојкот против универзитетските политики и му беше кажано да го напушти универзитетот , или да остани во него под услов да го прифати изборот на SRC.
 
Со своите 95 поминати години, Нелсон Мандела ги мина сите етапи од својот зацртан пат. Се бореше за слободата, патеше поради неа, и на крај живееше со неа. Вистински остварен човек со светско значење. Потсетник дека колоритноста на нештата во кои се разликуваме се работите кои не обединуваат како луѓе. Неговите живот и дело мора да останат инспиративно поле за идните генерации, бидејќи неговата искреност и истрајност се ретки скапоцености денес.
 
По напуштањето на Форт Харе Мендела се преселува во Јоханесбург каде започнува да работи како стражар на рудник. Меѓутоа набрзо ја напушта оваа работа и се вработува како познавач на правото, во правна фирма Виткин, Сиделскај и Еделман преку врски со неговиот пријател и ментор Валтер Сисулу. За време на неговото учење во универзитетот станува пријател со неговите колеги Џо Слово, Хари Шварц и Рут Прво, кои подоцна ќе станат политички активисти на анти-апартхејдот. Слово ќе стани министер за живеалиште, додека пак Шварц ќе стани амбасадор во Вашингтон. Во овој период Мендела ќе живее во Александра, град во кој живееле само луѓето од црната раса, северно од Јоханесбург.
Во 1948 година, по победата на изборите на Африканската Национална Партија, која ја поддржуваше политиката на апартхејдот, Мендела почна и активно да се занимава со политика. Тој видливо водеше на кампањата од 1952 година и на Конгресот од народот 1955 година, чиј главен приоритет беше усвојување на Повелбата на слободата.
За ова време Мендела и неговиот пријател адвокат Тамбо формираа фирма, за обезбедување бесплатно или по ниска цена , на правен советник за многу црнци кои дотогаш немале свој правен застапник.
На 5 декември 1956 година Мендела и уште 150 други припадници на анти-апартхејдот без причина беа уапсени и обвинети за предавство. Од 1952-1959 нова класа на црнечки активисти позната како Африканисти ги прекинаа АNC активностите во црнечките градови, барајќи превземање на повеќе мерки против режимот од Народната Партија. Лидерите на ANC Алберт Литули, Оливер Тамбо и Валтер Сисулу не само што почувстуваа дека Африканистите се движат премногу форсирано ,туку и дека го менуваат нивното раководство.
Во 1947 година е избран за генерален секретар на лигата на младите. Меѓутоа ваквата функција подоцна му е доделена на Валтер Сисулу. Целта на програмата на Лигата на Младите биле да постои реципрочна парламентарна застапеност на сите граѓани од Јужна Африка. Притоа посебен акцент се ставал на поделбата на земјата, правото на синдикат, како и развој на образованието и културата. Требало да се воведи задолжително основно образование за сите деца, но притоа се работело и на усовршување на возрасните. Кон крајот на 1951 година ANC усвои план-акција во својата кампања, за непочитување на законите на апартхејдот. Официјалниот почеток е одреден за 26 јуни 1952 година. На 6 април истата година ANC повика на масовен протест против прославувањето на 300 годишнината од доаѓањето на првите европски доселеници во Кар. Мендела патуваше низ целата земја со цел да се организираат што е можно подобро овие протести. Заради сета оваа работа и залагањето во својата кампања, изведен е пред суд, осуден е на 9 месеци затвор и присилна работа. Исто така доби и забрана за учествување на било каква јавна манифестација во рок од 6 месеци после излегувањето од затвор и неговата дозвола за престој е ограничена само на Јоханесбург.
Во ова време тој ги завршува своите студии, и добива назив адвокат. Заедно со неговиот пријател Оливер Тамбо отвара адвокатска канцеларија во Јоханесбург. Поради неговата заслуга назначен е за претседател на Лигата на Млади во регионот Трансвал, а кон крајот на 1952 и за заменик претседател на АNC. Владата се обиде да му ја одземи адвокатската дозвола заради основните тужби поднесени против него. Сепак Врховниот Суд одлучи дека тој верно им служи на своите црни сограѓани, т.е дека не постои причина за одземање на неговата адвокатска лиценца. Во тој период Мендела ја насочи својата политичка работа кон изработување на план со кој би се зацврстила ANC. Па така планот според неговото име бил наречен М-план. Во втората половина од 50тите години се завртил против борбата за искористување на човековиот труд. Тој станал свесен дека доаѓа времето за масовни ограничувања, политички прогонувања и полициски терор. Во овие години Мендела стана жртва на различни притисоци и угнетувања. Беше уапсен и затваран повеќе пати. По масакрот во Шерпвајл 1960та година, забрането е дејствувањето на ANC. А Мендела е обвинет за предавство и токму поради оваа причина е затворен. Мендела и уште 150 други членови беа обвинети дека во име на интернационалниот комунизам планираат државен удар и соборување на власта во Јужноафриканските места. За таква работа следуваше смртна казна. Судскиот процес за предавство е завршен во 1961 година, кога Јужна Африка беше на пат да постани Република, сите осудени пуштени се со кауција.
Бидејќи ANC сега беше илегална организација, мораше да работи во тајност.Во март 1961 , 1400 делегати се сретнаа на Целосно Африканската Конференција под водство на АNC. Во својот говор Мендела побара од режимот на апартхејдот да се оформи собрание кое ќе ги претставува граѓаните на Јужна Африка. Да се создаде устав врз демократски принципи. Доколку не се дојде до извршувањето на ваквото залагање, го предупреди Мендела поголемиот дел од населението, дека прогласувањето на Јужна Африка за Република ќе биде проследено со масовен штрајк. После ова Мендела започна со работа за организирање на борба. Иако успеа да мобилизира помалку луѓе од очекуваното, сепак наиде на голема поддршка низ целата земја. Сепак владата во најмал можен рок одговори на ваквите подготовки.
Мендела мораше да живее оддвоен од својата фамилија , постојано го менуваше местото за престој, за да владините шпиуни никогаш не ги откријат информациите поврзани со тајната организација. Некогаш се преправаше како работник, некогаш како шофер. Во меѓувреме тој оформни друга милитарна филијала на ANC која се припремаше за насилно решавање на работите.
Во 1961 година формирана е воена група на чие чело застана Мендела како главен командант. Во 1962 година е принуден да ја напушти земјата. Патуваше неколку месеци низ повеќе земји каде беше срдечно пречекан. За време на ова патување дојде до вооружување на ново формираната група и нејзино тренирање и подготовки.
После враќањето во Африка, Мендела е уапсен. Тужбата гласеше
,, Позив на илегален штрајк и напуштање на Јужна Африка без важечки пасош”. Во овој процес се обидуваше да му докажи на судот дека всушност станува збор за директно судење на Африканскиот народ. За време на политичкиот процес, се појави судир на различните интереси на населението, па затоа судот не можеше да биди непристрастен и фер. На крајот од ова судење Мендела е осуден на пет години затвор. Додека ја одлежуваше оваа казна беше повикан пред судот и беше дополнително обвинет за саботажа. Неговите изјави за време на овој процес влегоа во историјата на отпорот против апартхејдот и станаа инспирација за сите оние кои се бореа против апартхејдот.
Мендела беше осуден на доживотен затвор и првиот дел од својата казна го помина во затворот на островот Робен каде отслужи казна од 18 години на овој остров, од вкупната 27 годишна. За време во затворот неговата популарност растеше, тој стана широко познат како најзначаен црн лидер на Јужна Африка. На овој остров тие извршуваа тешка работа, поврзана со каменолом за вар. Затворениците беа сегрегирани, особено оние од црната раса, добиваа многу помалку храна, во однос на оние затвореници од белата раса, ја извршуваа најтешката работа. Политичките затвореници се чуваа одделно од обичните криминалци. Мендела можеше да биди посетен после шест месеци од својата последна посета. Некои се обидоа да избегаат, но безуспешно поради ладните води и ајкулите кои живееа во истите. Условите во кои работеа затворениците беа доста тешки.Силното сонце дополнително ја отежнуваше работата. Некои од нив се здобијаа со изгореници, или пак оштетен вид. Дури и им беше забрането да носат очила за сонце. И покрај тоа што Мендела беше затворен, тој повторно ја превзеде улогата на лидер во затворот, бараше рамноправен третман за сите затвореници, сите да можат да комуницираат со фамилиите и пријателите од надворешниот свет. Мендела стана портпарол на повеќето затвореници. Беа извршени повеќе обиди за подобрување на затворските услови, беа организирани штрајкови со глад, со цел да се изврши влијание за подобрување на лошите услови во затворот како и намалување на престрогата политика воведена од страна на чуварите. Меѓу повеќето барања на затворениците беа и :подобра и еднаква храна за сите затвореници, подобра облека , можност за студирање, можност за читање на весници и следење на други медиуми. Подоцна ваквата борба се покажа како успешна, особено во делот за образование, каде многумина успеаа да се стекнат со дипломи од различни области, но сепак политиката на крај остана забранета за изучување. Островот пред се беше насилно место. Затворениците беа постојано затворани, тепани, малтретирани, во крв оставани со денови да лежат во темни ќелии. Многу од нив како резултат на здобивање инфекција, починаа на самиот остров. Покоректен однос чуварите покажаа особено кон Мендела, дали поради неговата претходно стекната репутација или пак поради неговото потекло од кралското семејство. Исто така Мендела успеа да остани главен човек во внатрешното островско раководство на АНЦ. Тој постојано разговараше за пробелемите на затворениците, бараше можно решение, дури се грижеше и за приврзаниците на други политички партии и гледишта. Според кажувањата на затворениците Мендела пред се бил огромен тактичар, кој знаел да игра со сите, да го нагласува секој свој акцент во зборувањето, да побива туѓи тези, да дебатира на најразлични теми. Затворениците често пати комуницираа меѓу себе, оставајќи писма во кујните, во тоалетите и на некои други поскришни места. Меѓутоа еднаш Мендела бил фатен како предава скришно писмо, бил затворен во изолирана соба, три дена, без храна. Често пати затворениците за време на својата работа знаеа да ја поминуваат во пеење песни и свирење, но подоцна им била одземена и ваквата привилегија. Со цел да ја побијат монотонијата затворениците имаа сопствена градина во која одгледуваа најразлични култури како домати, пиперки, кромид и друго. Тие исто така беа самоиницјативно ангажирани во некои културни настани, па во 1975 година ја изведоа и театарската претстава Антигона од Софокле. Исто така затворениците своето време го поминуваа во спортување, иако првично и игрите со топка им беа забранети. Благодарение на Мендела по лобирањето кај Меѓународниот Црвен Крст, затворениците добијаа и спортска опрема, пинг понг и тениски рекети, како и мрежа за одбојка. Често пати и беа организирани турнири во различни спортови.
 
О па ти знаеш да копираш од Википедија, супер!

Ај не дроби. Од проектна ми е што ја направив по историја во 4-та година.

Сега продолжи да читаш или како ти фаќа умот, само не ја сери темава.

Ти се нудам да ти ја пратам цела по порака ако си заитересиран нешто да научиш, ако не пробај бујрум побарај го сето напишано на википедија и јави ми да го избришам акаунтов за век и векова.
 
Еден од највлијателните луѓе во модерната истроија. Најголем доказ за неговата работа е фактот што сите Јужноафриканци сега се собрани пред неговата куќа да му искажат почит, без разлика од бојата на кожата.

Не е голем шок, но сепак е тажно. Нека почива во мир.
 
Во март 1982 година, Мендела заедно со другите активисти на ANC , Валтер Сисулу, Андру Млангени, Ахмет Катрада и Рејмонд Мхлаба беа преместени во затворот Полсмур, со цел да се отстрани влијанието на овие активисти врз ново дојдените затвореници од црната раса.Во февруари 1985 година претседателот Бота понуди условно ослободување на Мендела во замена за откажување на вооружената борба која се спремаше. Советниците и министрите се спротивставија против овој став на Бота, велејќи му дека вооружените сили на Мендела никогаш не би се согласиле да ја прекинат битката, во замена за слободата на својот лидер. Исто така Мендела ја одби ваквата понуда велејќи,,Каква слобода ми е мене понудена, ако организацијата на луѓето им биде забранета”. Првата средба меѓу Мендела и владата на Националната Партија беше во 1985. На оваа средба Мендела се сретна со Коби Котзе во Волкс болницата, каде Мендела се опоравуваше од операцијата на простатата. Во 1988 година е преместен во затворот Виктор Верстер.Во овој затвор тој беше често пати посетуван од Хари Шварц, кој подоцна ќе стани амбасадор во Вашингтон за време на претседателскиот мандат на Мендела.
Додека Мендела беше затворен, се ствараше огромен локален и меѓународен притисок врз јужноафриканската влада , за негово ослободување под слоганот ,,Слободен Нелсон Мендела. Во 1989 година претседателот Бота претрпи мозочен удар, па затоа беше заменет од страна на Де Клерк. Следната година Де Клерк го овозможи конечното ослободувањето на Мендела.
Во 1990 година Де Клерк, ја враќа забраната за организациите против апартхејдот и извести дека Мендела ќе биде наскоро ослободен од затворот. Мендела беше ослободен од затворот Виктор Верстер на 11 февруари 1990 година. Ова случување беше пренесувано во живо на повеќе телевизии низ светот. Притоа Мендела и се обрати на нацијата, вети дека ќе се избори за мирот на населението од црната раса и дека ќе им овозможи да гласаат и на националните и на локалните избори.
По неговото ослободување од затвор во 1990 година, Мендела се враќа во раководството на ANC. Во 1991 година, ANC ја одржува својата прва национална конференција во Јужна Африка, каде Мендела е избран за претседател на организацијата. Неговиот колега и стар пријател Оливер Тамбо, кој придонесе за одржување на организацијата во функција, во времето кога Мендела престојуваше во затворот, стана национален претседател. Во 1993 година стапува во контакт со актуелниот претседател Де Клерк, по заедничкото добивање на Нобеловата награда за мир. Претходно во 1992 година кога Мендела го завзеде целосно АNC ја обвини владата на Де Кларк, за учество во голем број на убиства. Во 1993 година беше убиен еден од лидерите на ANCКрис Хани, а со тоа беа обновени стравувањата дека насилството повторно ќе завладее во земјата.Една година по атентатот беше одлучено да се одржат нови претседателски избори на 27 април 1994 година. Па така по спроведувањето на овие избори ANC освои 62 проценти од вкупните гласови на населението, а со тоа Мендела беше назначен за претседател на Јужна Африка.Тој воедно беше и првиот црнец претседател. На 10 мај истата година беше инаугуриран за претседател. Оваа функција ја обавуваше од 1994 до 1999 година.Стекна голем рејтинг и меѓу останатите држави бидејќи ја застапуваше политиката за национално и меѓунационално помирување. Исто така Мендела беше охрабруван од јужно африканците да застани зад дотогаш омразениот Јужно Африкански Национален Рагби Тим Спрингбокс. Африка беше и домаќин на Светското првенство во рагби кое се одржа во 1995 година. Откако Спрингбокс го добијаа финалето со Нов Зеланд , Мендела го прослави трофејот, облечен во дрес од Спрингбокс,носејќи го дресот на тогашниот капитен Пиенар.
. Коментаторите, критичарите и некои ХИВ активисти, го критикуваа Мендела дека не превзема мерки против ширењето на СИДАТА во Јужна Африка. По завршувањето на својата должност Мендела призна дека не посветил доволно внимание на овој проблем во државата. Мендела исто така го помогна решавањето на долгогодишниот спор меѓу Гадафи во Либија од една страна и САД од друга. Мендела стана најстариот избран претседател на Јужна Африка, кога ја превзеде фунцијата на возраст од 75 години.Тој одлучи да не се кандидира за втор мандат , па затоа се пензионира во 1999 година и на негово место доаѓа Тамбо Мбеки. По неговото заминување од функцијата претседател, даде огромна поддршка во развојот на социјални организации и организации за човековите права.
Мендела се ожени три пати во текот на својот живот, стана татко на шест деца. Подоцна стана и дедо, имаше вкупно 20 внуци. Првиот брак на Мендела беше со Евелин Нтоко која исто така водеше потекло од Транскаи областа, но тие се сретнаа дури во Јоханесбург. Меѓутоа нивниот брак пропадна во 1957 година, по изминати цели 13 години заедно. Причини за пропаѓање на бракот се многубројните отсуства на Мендела како и посветеноста на револуционерната борба. Тие имаа два сина и две ќерки. Меѓутоа првата ќерка почина на возраст од 9 месеци. Нивниот син Темби, загина во сообраќајна несреќа во 1969 година, на 25 годишна возраст. Мендела беше затворен за тоа време на островот Робен и не му беше дозволено да присуствува на погребот од неговиот син. Неговиот втор син почина од сида во 2005 година. Со неговата втора жена Вини имаше две ќерки Зенани и Зинзи. Зинзи имаше само 18 месеци, кога нејзиниот татко беше испратен на островот Робен. Меѓутоа неговата втора жена ќе премини на страната од другата политичка партија, па затоа нивниот брак ќе резултира со развод во 1996 година. Потоа Мендела се преженува во 1998 година, на 80 годишна возраст.
Во 2001 година му беше дијагностициран рак на простатата. Во јуни 2004 година, на 85 годишна возраст, се повлече целосно од јавниот и политичкиот живот, бидејќи неговото здравје беше во опаѓање и сакаше да го помини остатокот од својот живот со неговата фамилија. Во 2003 година, на CNNбеше објавено дека поранешниот Јужноафрикански претседател починал, меѓутоа тоа беа само едни неточни гласини. Исти вакви гласини следеа и во 2007 година, различни пораки и мејлови пристигнуваа со содржина за смртта на Мендела, додека тој беше на одмор во Мозамбик. 90тиот роденден на Мендела беше прославен на 18 јули 2008 година со спектакуларен концерт во Hyde Park.Средствата собрани од концертот беа насочени кон сиромашните семејства насекаде низ светот.Многу познати музички имиња имаат напишано песни за Мендела.Меѓу нив се Витни Хјустон,Стиви Вондер, Сантана, Никлбек.
Мендела издаде своја автобиографија во 1994 година под наслов,,Long walk to freedom”. Автобиографијата ја пишуваше тајно за време на неговиот престој во затворот.


Толку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom