Ако успее да се измкне од градникот (не е огрлица) ќе го прекрстам во Худини. Кога не ја искористил шансата во овие 13 години да касне некого (или нешто) тешко дека ќе стаса да го направи тоа во остатокот од животот.
Ај ако ја имаш статистиката за каснувањата, баш ме интересира колку од нив се од малите раси (чивава, пинч, пекинезер и сл).
За се има првпат
Инаку не зборев конкретно за тебе, зборев општо за сопствениците на мали раси.
Еве не сите сопственици на мали раси користат ам (народски кажано градник).
Повеќето сопственици на мали раси користат огрлици, а доколку огрлицата не е доволно затегната околу вратот и ако е малку полабаво поставена, кучето може многу лесно да ја измкне главата.
Потоа следува една интересна ситуација.
Ај еве ќе речеме да се согласам со тебе, твоето куче е старо, нема пола заби, и плус тоа го шеташ со ам и неможе да се измкне кучето, и ОК ти не му ставаш маска затоа што според тебе нема потреба поради староста и амот.
Но тука веќе имаш и други сопственици на мали раси, и кога ќе те видат тебе дека без маска го шеташ, ќе си помислат "па зошто јас да му ставам маска на моето куче, кога и он не му става маска" ... и така сите ќе се прегледуваат едни од други, и никогаш нема да се спроведе законот на дело.
И доколку сакаме да се спроведе законот на дело, најголема функција во спроведувањето ќе имаат надлежните служби, бидејќи нашиот народ единствено со казни може да се доведе во ред.
А подетално за статистики, неможам да барам.
Членовите @Vanlok и @Uluru се добро упатени во барањето на статистики, па ако не им е тешко нека побараат некоја статистика за каснувањето од мали раси
Инаку ако твојот Пекинезер не е агресивен и не каснал никогаш никого, немој да мислиш дека и сите други мали раси се исти како твоето куче.
Малите раси најчесто ги третираат како деца, и ги размазуваат во огромни мери, и стануваат претерано доминантни и агресивни ... но секако сето тоа (не)однесување на сопствениците им изгледа слатко и интересно.
Еве типичен пример за доминантен Шпиц кој што покажува агресија кон луѓе:
А еве и зошто законот треба да важи за сите раси, и да нема исклучоци врз база на големината на кучето или расата, еве ви примери како и "најдобрите раси" можат да покажат агресија.
Еве ви ги мирните Златни Ретривери
И еве ви ги мирните Лабрадори, кои што според многумина се ангелчиња и неспособни никого да повредат, запазете на
1:12 како Лабрадорот му ја зграпчува раката на Цезар Милан и повеќепати брзо штрака со вилицата