ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Денес видов дека по автобусиве на дисплеите пишале парола „СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗАЕДНО ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО - СВР СКОПЈЕ“.
Демек, некој ќе улета во автобус со безбол палица и желба да млати рандом луѓе, ќе застане 10 секунди пред дисплејот, ќе ја прочита пораката и ќе се попишмани. :pos:

Дај искористете ги дисплеите за некои корисни информации... Насилниците се поправаат на друг начин - во казнено поправен дом.

Изгледа пораката важи само за Македонците зошто е напишана само на македонски јазик,а од надвор автобусите се двојазични. :)
 
Опрема за вторник и петок
oWPFizx.jpg
 
У петокот на сета таа нервоза со стариве и гужвите колку ме изнасмеа една госпоЖа во 2ка. :pos:

Значи онаму кај што е апаратчето за куцање во двокатниве е секогаш најголемата гужва иако не можеше игла да се фрли ама ајде низ цел бус и едни 2-3 девојчиња застанале тука и позади нив една госпоЖа. Се возиме така неколку станици и госпожава одеднаш на цел глас вика „А ти девојче се држиш за шипка или за мене се држиш?????????? Две станици те гледам ама ај викам ќе ти текне!!!!!!“

:pos::pos::pos:

Која смеа ме фати ииии се покрив со јакна да не испаднам ненормална, човече, ало, петок, двојка автобус, гужви крца бусот, оваа вика девојче за мене се држиш, па зарем се држи некој за нешто во тие гужви бе жено :pos: фала богу дека тој до тебе што е ќе ти биде „перниче“.
 
Ова се случува во приватен автобус.
Седам на седиште наменето за една персона и спроти тоа седиште имаше седишта наменети за двајца. После 2-3 станици се качува ромка со бебенце и со уште едно нејзино дете на возраст 4~5 години и седнуваат спроти мене, бебето во раце и другото дете до неа. Се беше океј додека мајкава не ја извади нејзината сочна, великобрадавичеста цицка да го дое бебето. Од што ми беше толку незгодно, решив да го извадам учебникот и така да зјапам во него само за да не го гледам тој чин. Трауми имам од таа цицка. :pos:
 
Пензионерите во приватните автобуси (посебно вторник/петок/сабота), се загрозен вид. Ретко кога можеш да ги видиш:icon_lol: .
Инаку да не испаднам пензиомразач... да им станувам на пензионерите/постарите лица, ама само кога се возам во приватен автобус. Не за друго, мене глупо ми е да седам додека баба/дедо стои над мене. Значи се додека се возат во приватен автобус, им е оправдано, си платиле возење, заслужиле да седнат... Ама кога се возам во државен.... што ги ебам, ќе си седам :D
И убаво направиле приватњациве што почнаа да пуштат студенти без пари во нивните автобуси. Помалце гужва ќе се ствара во државните
 
Да не знае некој шо се дешаваше денес у 9ка кај Рамстор накај 1.30-2 ? Со џандари обиколен беше ...ваљда нешо се дешавало..
 
На ЈСП бе - дупла 9ка беше ...освен ако не трипам...
Дупла мислиш на зглобна или двокатна? Ако била од старите зглобни изгледа трипаш. Ако била двокатна, најверојатно браќата правеле проблем, па морале да интервенираат. Или друга претпоставка е да имало контрола, па со полиција (сериозен сум за ова).
 
Дупла као двокатна =) Имаше 2 дефендера + 5-6 џандари околу/во автобусот.
 
Сигурно имало некој проблем чим имало 2 дефендера. Кога има контрола со полиција не би требало со дефендера да седат тука :)
 
Дали знае некој слободниве билети (не студентски, обични) дали имаат важност т.е. дали треба нови да се вади секоја година или само маркица? Затоа што на студентските си пишуваше за учебна таа и таа, на оваа нема ништо такво. Последна маркица ми е од март, па после точак сезона и сеа да знам утре шо да им барам во билетара...
 
Дали знае некој слободниве билети (не студентски, обични) дали имаат важност т.е. дали треба нови да се вади секоја година или само маркица? Затоа што на студентските си пишуваше за учебна таа и таа, на оваа нема ништо такво. Последна маркица ми е од март, па после точак сезона и сеа да знам утре шо да им барам во билетара...
Само маркица барај
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom