Сега сменив кај мене 4 комада Michelin Alpin A4, ми излезе околу 36.000 т.е околу 9.000 по гума (плус-минус нешто ситно). Цените за таа димензија се тука негде од сите производители и во сите продавници за гуми (според тоа јас колку сум истражил). Ама можеби ќе начекаш нешто и за 8300 - 8500 по парче гума. Мислам дека поевтино нема од таа димензија, но некој друг ако користи, баш би било добро да сподели инфо
Јас сум од мишелинот презадоволен до сега, навистина колата се држи како лепак да пуштаат гумите, намерно сум пробувал на ладно и врнежливо да ја лизнам и, нејќе да мрдне
Да не заборавам, јас ги сменив во Церес.