Последниот воз за Истанбул - Ајше Кулин без збор ме остава книгава вреди да се прочита!!!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Влада Урошевиќ ~ Детство, лето, град.
Прва книга која ја читам од него. Импресиониран сум, дефинитивно ќе гледам да ги купам и другите. Заслужува посебно место во мојата библиотека.
Урошевиќ на интересен начин го прикажува нашиот најомилен дел од животот, детството. Преку расказите и зборовите во нив, не носи на патување назад низ времето. Се потсетуваме на безгрижните денови, кога единствената преокупација ни беше дочекот на утрото, средбите со другите деца, маалските игри, ужувањето на улицата и сознавањето на непознатото, онаа специфична мистериозност за тие детски години.
Урошевиќ ми ги враќа спомените за седенките, крвавите колена од маалскиот фудбал, муабетите од постарите и учењето од нив. И со право вели дека тоа баснословно време, мирисите и боите, со тој детски интензитет никогаш повеќе не ќе може така да ги почувствуваме.
Ми текнува на мирисот на одредени јадења на баба ми и вкусот кој веќе никогаш не ќе биде ист. Боите на големиот трендафил во дворот, прошетките со дедо ми по Илинденска и мирисот на липите.
И кога го читам во Ноќ на полна месечина над Скопје, ми доаѓа да ја земам книгата и одам на сите места кои ги навел. Онака, чисто да ги почувствувам.
Препорака од мене, задолжително да ја прочитате. Ветувам ќе уживате во секоја страница.