Некој си се рекламира, а се прави невина жртва...Дечки, а што се тоа пвц прозори? А која фирма е подобра? Пластиката ваква била, таква била, шкарт била! lol
со пластика работам повеќе од 10години, имам работено во неколку фирми и за ПВЦ...па имам доволно информации и искуство за да си споделам мое лично мислење без никаква реклама за ниедна фирма.
Некои фирми давале 100години гаранција ?
- да сте живи и здрави 100години од како ке ги ставите прозорите, па после истекот на гаранцијата од мене имате гратис викендица од 600м2 во било кој дел на светот ( се сфаќаме мислам)
тоа 100 години, 50 години 600години...се е маркетинк трик, на почеток ми изгледаше како доста глупа реклама - 100години гаранција бе...ама после видов дека лесно може да се прелаже народов...па во фирмата што бев пред оваа на клиентите им викав доживотна гаранција имате...интересно, се летаа како славејчиња.
кола купувате од 30 000 еур и имате гаранција 3 години, а верувате во пластичен прозор од 100-200еур дека има гаранција 100години или доживотна гаранција?
Друго што прочитав... кинеска, турска, бугарска, шкарт пластика...не била баш германска? жити се?
еве за пример, ај ти лепи со овој наш стандард, со нашава плата живеј и троши во Германија...за 2 недели ке те бараме по ќошеви на некоја уличка. Цените на ПВЦто биле тука исто како во Германија?- другар, а да не не си бил ти во доичланд? да не си бил накај на Амди Бајрам крајот, па ти изгледало како доичланд?
Друго,
Ајфонот, амерички... шкарт е,не е амерички, во тајван и кореа се прави...тајвански делови - шкарт нели? а ајфонот со галакси се нумеро уно во светов, плус на телефонот ти пишува маде ин тајван, кореа - ама сепак е Американо нели?
Германските коли за поевтини пазари во светот...во Германија да не се прават?
давам глупи примери, дека такви мислења читав.
Пластика си е пластика, оков си е оков... како купувач, јас менувам прозори за да знам дека имам нешто германско дома? за да имам екстра оков кој ке ми работи додека спијам? не - мене ми е најважна изолацијата, а во ПВЦ прозорите најголемата изолација ја добивате со стакло пакетите...
Не негирам дека оковот игра разлика, секако игра за прозорот без мува да го лази да си функционира повеќе од 5год, ама пак ке се вратам на тоа дека кога купуваме ПВЦ нас ни е најбитна изолацијата, а таа се добива како што кажав преку стаклото.
Пред да купите, прашајте во неколку фирми за нивната понуда на вашите прозори, направете споредба, земете го тоа што ви одговара на џепот, а не да ви ја полнат главата секакви хиени за да ви ги земат парите.
Без писмена гаранција земете само ако е без пари, се друго ви е ризик.
Најскапото е најквалитетно... за пвц то не важи... Најскапото значи најголем сатар ви спремаат.
фала пуно lol