Прозорци и столарија

  • Креатор на темата Креатор на темата korka
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро ставав PVC прозорци па да споделам мислење со надеш дека ќе помогнам на некој кој допрва сака да става.

Скоро месец дена правев исражување на пазар, кој тип на профили постојат, тип на стакло и механизми т.е оков.

На крајот дојдов до два главни заклучоци:
1. Како и да се пвц прозорците, ќе бидат далеку подобри од дрвените, па не се залетувајте толку на бројки на хартија од типот на коефициенти на топлопроводливост и сл.
2. Побитна е фирмата т.е изведувачот т.е тој кој го крои и монтира прозорецот околку кој тип на профил се користи.

И нај шит профил да ставите ако фирмата добро го изработи, со челични појачувања и добро го монтира, топ ќе биде. И најдобар профил да ставите ако лошо е монтиран џабе е.

Секој прозорец има три компоненти:
Профил
Оков
Стакло

1. Профил
Битно е да има 1.5мм челично појачување. Коефициент на топлопроводливост да е под 1.5. Број на комори и не е нешто многу битен.
Ова е моја ранг листа, не мора сите да се согласите со неа
Прва класа на профили: Rehau (најскапи), Veka
Втора класа: Salamnder, Kommerling, Aluplast
Трета класа: KBE, Trocal, Wingo, Gaelan, Roplasto
Шит класа (турско-бугарски): Ролопласт, Winhause, Wintec, Bauer
Со една напомена дека кај Рехау Генео нема челично појачување, демек биле нов модел и немало потреба. Јас никад не би зел вакви.
Саламандер нуди 100 години гаранција дека нема да ви смени боја профилот.

2. Оков
Најбитен момент. Џаве фрлиш пари на рехау ако имаш лош око.
Ранг листа
1. Siegenia
2. Roto, Maco
3. Winkhouse

3. Стакло
80% од фирмите кај нас користат домашно стакло (еленови, 29 ноември, пинтија итн). Што и не е така лошо
1. 4 сезони стакло. Дефинитвно најдобро. Најдобра излоација.
Најскапо. Но не се препорачува за прозорци кои не ги фаќа многу сонце бидејќи ова стакло ја затемнува малку собата, Се става од надворешна страна, ги одбива сончевите зраци. Гледано од надвор на сонце не се гледа многи внатре, како огледало е . Прелива.
2. К стакло. Дефинитвно ако не може да се купи 4 сезонско мора ова. Разлика во топлинска проводливост со 4 с не е којзнае колкава ама и во цена исто така.
3. Термопан стакло, не е лошо, најефтино е. Може да се земе ова стакло заедно со надворепни ролетни и да се добие добра комбинација.

По мое надобри цена перформанси кај нас е Алупласт со Рото или Мако со 4с стакло.
Јас ставив алипласт со рото со 4 сезонско стакло и презадоволен сум. Презадоволен сум од фирмата пред се.
Екстра беа. Плавит 40% пред монатажа, остатокот недела дена по монтажа.
Имам гаранција десет години. Многу добро ги монтираа, ептен ми излегоа во пресред со се, дури и мајсторот што ги монтирање, он и ги склопувал, една цефка имав пукната во вц и таа ми ја среди онака. Се исчистија на крај.
Фирмата нема веб страна, само профил на фб, и имаа и една од најконкурентните цени тука.
Нема да пишам има за да не рекламирам тука, кој го интересира може по пп.

Која е оваа фирма ако може пп или кажете ми предлог кај да се обратам во скопје а да не е изгор скапо. Морам да ги сменам прозорците во станот. Фала
 
Едно прашање... пред неколку години ми местеа ПВЦ прозори 6 коморни бла бла... е сега од надворешна страна има дупки на рамките доле, ама затворени се со капаче. Дали тие треба да бидат отворени, за во зимно време да не ми се прави вода на прозорите од внатрешна страна? или е во температурната разлика?
 
Мене ми се без капачиња. Јас би ги извадил на твое место.
 
Доклку планирате да поставувате пвц прозори еве линк : https://www.facebook.com/pvcprozorialuplast?ref=hl

Го нудат оригиналниот профил на германскиот бренд АЛУПЛАСТ по најдобри цени во Македонија[DOUBLEPOST=1420741774][/DOUBLEPOST]
Која е оваа фирма ако може пп или кажете ми предлог кај да се обратам во скопје а да не е изгор скапо. Морам да ги сменам прозорците во станот. Фала

Доклку планирате да поставувате пвц прозори еве линк : https://www.facebook.com/pvcprozorialuplast?ref=hl

Го нудат оригиналниот профил на германскиот бренд АЛУПЛАСТ по најдобри цени во Македонија[DOUBLEPOST=1420741893][/DOUBLEPOST]
Да не знае некој како идат венецијанките?
12ев и 13ев/м2 со вклучена монтажа ..еве број 077/670-691
 
Последно уредено:
Дали може да ми предложите фирми што нудат PVC столарија од висока класа кои имаат добра услуга т.е. квалитетна монтажа?

До сега ги имам контактирано само Проспера, кои ми понудија Trocal 88+ профили и 4 сезони стакло пакет.

Самостојни мајстори отпаѓаат од игра. Ме интересираат само фирми, по можност да не се од вчера.
 
Едно прашање... пред неколку години ми местеа ПВЦ прозори 6 коморни бла бла... е сега од надворешна страна има дупки на рамките доле, ама затворени се со капаче. Дали тие треба да бидат отворени, за во зимно време да не ми се прави вода на прозорите од внатрешна страна? или е во температурната разлика?
Тоа се одводи, капачината се за лик..да не се гледаат дупки на прозорите и да не се полнат со прашина, остави ги не сметаат.
Водата од внатрешна страна можеш да ја спречиш само ако го смениш стаклото, тројно или четири сезонско, не е до прозорите.
 
Сега видов, капачињата се да, за изглед, но од долната страна се отворени.
 
Треба да мењам прозори, па ги прочитав сите три теми за прозори, кои успеав да ги најдам на подфорумов. Приметив дека скоро све е за PVC прозори. Нигде нема ништо за алуминиумски или дрвени прозори. Па заклучив дека огромен дел од тие што мењаат прозори ставаат PVC.
Ја нешто не сум баш љубител на пластики и сакам да стаам дрвени или алуминиумски. Кажаа сите дека се скоро дупло поскупи, али колку е тоа дупло? Дупло од која цена, односно сакам да прашам, да ми каже некој колку кошта еден двокрилен прозор PVC, а колку алуминиумски? Значи, знам дека тоа зависи од тоа какви рамки, оков, стакло, али ете нека ми каже некој колку е грубо, еден таков дупли прозор PVC (грубо, значи со произволни параметри). За да знам отприлика колку би бил таков алуминиумски. Дали е еден прозор 1000 евра или 150 евра...
На сајтовиве наши не најдов скоро ништо за дрвени или алуминиумски прозори (ни цени за PVC).
Акo може нека сподели некој линк на фирма што продава алуминиумски или дрвени прозори (со Google-пребарување не најдов ни една со конкретни информации).

Сакам грубо да знам колку би коштало и кои фирми наши се ОК за алуминиумски и дрвени прозори (пошто дискусиите во сите три теми се за PVC фирми)
 
Околу дрвените прозори во времето изработуваше Јелак од Тетово кои беа со солиден квалитет.
Претпоставувам дека и ти си запознат дека Леснина беше како некој репер за квалитет што се однесува за тоа, ама искрено не знам дали сеуште изработуваат такво нешто.
Има преставништво до скоро Леснина тнр. Лесна во Скопје, ама навистина не знам дали се сеуште во корелација со словенечка Леснина во тој сегмент на производство или пак само го користат брендот.
Проблем беше што прозорите беа со одредени димензии и не правеа по нарачка како Јелак пример барем во времето.

Инаку јас познавам двајца мајстори кои изработуваат дрвени прозори и ако не се лажам цената им е иста и слична како ПВЦ столарија од материјал бел бор или пак по нарачка со специфичен материјал како костен или орев.

Прати ми димензии и ќе ти кажам цена за изработка и монтажа.

Еве ти листа на фирми што изработуваат древна дограма.

Што се однесува за алуминиумска столарија исто има доста фирми што ја работат.

Еве ти листа на фирми за алуминиум.
 
Смрека или чамовина?

Што е боље?

(за прозори де)
Мислам дека смреката е поквалитетно дрво за таа работа...Најважно е во секој случај да е суво дрвото.
 
Смрека или чамовина?

Што е боље?

(за прозори де)
Сеедно, само гледај да биде суво. Некои викаат дека подобро е смрека, но не дека нешто посебно лошо е чамовото дрво, но мала негативност му е неговата мекост во однос на другите дрва:)
 
Здрaвo
Сaкaм дa стaвaм пвц прoзoри пa се мислaм измеѓу wingo i roplasto двaтa се 5 кoмoрен прoфил и 4 сезoмскo стaклo мoже ли дa ми кaжете кoј се пoдoбри
 
Многу сум задоволен од соработката со конструктор и ДА они се главни дистрибутери на саламандер во мкд!

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom