Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

S

Stef Bachatero

Гостин
Dali si ti gord na toa sto si ateist?
Горд сум на тоа што можам да го базирам моето учење на факти и на аргументи поткрепани со наука.
Горд сум затоа што знам што сакам и не можам да бидам манипулиран.
Речи го како сакаш тоа атеист,реалист,научно ориентиран.
Но на крајот на денот кога ќе ме праша некој за нешто јас му нудам решение,не му нудам пасуси од Спајдермен или Каспер.
И не ми треба некој да ми каже дека јас сум специјален,уникатен и дека бдее во секој момент на мене.
Затоа што знам сите акции што ги правам сега,ќе ме афектираат во иднина.
Луѓето сакаат да веруваат во искуства,пренесено од човек на човек,колку пати е променета Библијата од првиот пат.
Сигурно колку што луѓето сакале да си ја приспособат за свои цели.
И за разлика кога не знам нешто,ќе речам дека не знам,оставам на некој со повеќе знаење да каже,но тоа не значи дека не сум аргументирал нешто што не е точно.
И за крај ако си ја прочитал библијата ќе разбереш,колку глупости и колку е надвор од реалноста.
П.С барем религиите напреднале од многу богови,направиле еден бог.
 
D

Daedalus

Гостин
на мене.
Затоа што знам сите акции што ги правам сега,ќе ме афектираат во иднина.
Патем, ти и твоите акции исто така сте афектувани од други работи. Монотеистичките религии, баш ја промовираат слободната волја и изборот на доброто или лошото.

Науката пак ти кажува дека ти немаш влијание над твоите акции и дека ти самиот како и твоето однесување, сте ефект на други предизвикувачи кои се независни од тебе.ТИ дури и не постоиш како сингуларитет. Тоа е илузијата на егото и духот. Ти си збир од мемории, потсвесни акции, нервен систем и други компоненти кои потоа се разложуваат на атоми а атомите се покоруваат на основните закони на физиката. Земајќи го тоа во предвид, ти не одлучуваш за тоа кои акции треба да ги направиш за тие да те афектираат во иднина, ниту пак да знаеш како твоите акции ќе те афектираат во иднината.
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
270
Поени од реакции
204
Ах Хермане, треба да судам по тебе и оној со никот Атеист ли :D
Нит си бог, нит судија па да судиш :D
А што им фали на атеистите па и на Атеист. Ах тој пусти македонски инает, и ПСЖ го победува, а камоли пак мирнорелигиозните. (y)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Нит си бог, нит судија па да судиш :D
А што им фали на атеистите па и на Атеист. Ах тој пусти македонски инает, и ПСЖ го победува, а камоли пак мирнорелигиозните. (y)

Остај ПСЖ, тек му следи него пеколот.

Него, ти треба да знаеш што му фали, или не на Атеист:)
 
Член од
2 октомври 2012
Мислења
270
Поени од реакции
204
Остај ПСЖ, тек му следи него пеколот.

Него, ти треба да знаеш што му фали, или не на Атеист:)
Појма немам, ти знаеш ли? Кога вие двајца не ме викате и мене на пиво од кај ќе знам. :P
 
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
Мене ова атеизмот ми е апсурден и контрадикторен. Еден од основните принципи на физиката е дека од енергија се создава енергија односно само од нешто се создава нешто. А атеизмот практично укажува на тоа дека од ништо се создало нешто, и затоа ние постоиме тука и денес. Малку фак лоџик, а?

Не знам дали сте ја прочитале приказната за Њутн, некои викаат од биографијата му е, ма да мање више небитно е тоа, важно пораката е многу добра. Накратко, оди вака:
Исак Њутн на својата маса имал минијатурен сончев систем. Во центарот било сонцето со сите планети што се движат околу него. Еден научник влегол во неговата работна соба и рекол: ,, Колку е сложен овој систем? Кој го направил?’’ ,, Никој‘’, му одговорил Њутн на човекот кој бил неверник. ,,Зошто ме правиш неразумен , сигурно некој го направил и тој некој мора да бил гениј!’’ Њутн му одговорил: ,, Овој систем е ситна имитација на еден огромен систем чиишто закони ги познаваме вие и јас. Јас не можам да ве убедам дека ова е само играчка без творец, а вие сепак верувате дека големиот оригинал нема Творец. ‘’

Сфаќам јас факти, науки и се тоа, практично и животов мој на физиката одамна е посветен особено на метафизиката.

И што сте се фатиле, библијата та библијата кога во принцип и да нема здраворазумен човек што не сфатил до сега дека сето тоа е алатка за да се контролира умот. Мислам можеби некогаш и некаде имало се тоа убава цел, да му се даде надеж на народот но некои паметни чичиња ја сфатиле цаката и така до ден денес многу умови за жал слепо се контролирани од религијата.

НО, тоа не значи дека треба да го негирате секое постоење на нешто поголемо од нас. ;)
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Многупати сум одговорил, а сега ќе бидам најкраток: -Затоа што бараат утеха за своето неверување! (Spiros color):D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мене ова атеизмот ми е апсурден и контрадикторен. Еден од основните принципи на физиката е дека од енергија се создава енергија односно само од нешто се создава нешто. А атеизмот практично укажува на тоа дека од ништо се создало нешто, и затоа ние постоиме тука и денес. Малку фак лоџик, а?
Да не си ги измешал брзините нешто ти? Атеизмот не укажува на ништо, атеизмот е став дека непостојат божества како што ги дефинира теизмот.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
Да не си ги измешал брзините нешто ти? Атеизмот не укажува на ништо, атеизмот е став дека непостојат божества како што ги дефинира теизмот.
Не си ме разбрал и не, ништо не сум измешалА.
Прочитај ја реченицата пред болдираното и размисли малку за напишаното. Поентата ми беше дека токму атеистите тврдат дека нема никаков создавач, никаква сила која би поттикнала создавање на живот. Зошто ако одиш по длабоко, до каде можеш да се вадиш дека се е создадено од хемиски реакции, м? Во еден момент мора да дојдеш до почетна точка, и што ја создало неа? Значи зборувам за она најнајнај првото создавање на било што, како сакаш речи си, елемент, партикула, нуклеон, небитно. Јас си го објаснувам тоа со виша сила. Ти како?
Тоа е она ништо што го спомнав.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не си ме разбрал и не, ништо не сум измешалА.
Прочитај ја реченицата пред болдираното и размисли малку за напишаното. Поентата ми беше дека токму атеистите тврдат дека нема никаков создавач, никаква сила која би поттикнала создавање на живот. Зошто ако одиш по длабоко, до каде можеш да се вадиш дека се е создадено од хемиски реакции, м? Во еден момент мора да дојдеш до почетна точка, и што ја создало неа? Значи зборувам за она најнајнај првото создавање на било што, како сакаш речи си, елемент, партикула, нуклеон, небитно. Јас си го објаснувам тоа со виша сила. Ти како?
Тоа е она ништо што го спомнав.
Се извинувам што го згрешив полот. :)
Инаку да имаш измешано нешто, ако се мора да има создавач, тогаш кој го создал создавачот? ;)
 
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
Се извинувам што го згрешив полот. :)
Инаку да имаш измешано нешто, ако се мора да има создавач, тогаш кој го создал создавачот? ;)
Знам, знам и чекав такво нешто да прашаш. Да ти кажам право, појма немам а од некаде 7 години си ја тупам главата околу тоа прашање. Ама бар заклучив дека физиката не го создала. :pipi:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Знам, знам и чекав такво нешто да прашаш. Да ти кажам право, појма немам а од некаде 7 години си ја тупам главата околу тоа прашање. Ама бар заклучив дека физиката не го создала. :pipi:
Физиката не создава ништо, само бара и нуди одговори за некои прашања. ;)
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мене ова атеизмот ми е апсурден и контрадикторен. Еден од основните принципи на физиката е дека од енергија се создава енергија односно само од нешто се создава нешто. А атеизмот практично укажува на тоа дека од ништо се создало нешто, и затоа ние постоиме тука и денес. Малку фак лоџик, а?
Еден од основните принципи на физиката не е дека од енергија се создава енергија...

Религијата укажува на тоа дека од ништо (замислен фактор=бог) настанало нешто.

Атеизмот едноставно вика дека бог(ови) (с)е бесмислен(и). Атеистите не мора да знаат наука или да се филозофи.

Малку фак-лоџик, од друга страна, вика дека од 5000 божества кои ординираат на планетава денес (тука се и Џизс, Ала(х), Кришна, мишна, Тор, Шива, Јахве, Ч'тулу и 'Н'гамбе) ниту едно не го поминува ниту елементарниот тест на рациото и разумот.

Ај сеа пробај да се доартикулираш у контрадикторноста на атеизмот.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Еден од основните принципи на физиката не е дека од енергија се создава енергија...

Религијата укажува на тоа дека од ништо (замислен фактор=бог) настанало нешто.

Атеизмот едноставно вика дека бог(ови) (с)е бесмислен(и). Атеистите не мора да знаат наука или да се филозофи.

Малку фак-лоџик, од друга страна, вика дека од 5000 божества кои ординираат на планетава денес (тука се и Џизс, Ала(х), Кришна, мишна, Тор, Шива, Јахве, Ч'тулу и 'Н'гамбе) ниту едно не го поминува ниту елементарниот тест на рациото и разумот.

Ај сеа пробај да се доартикулираш у контрадикторноста на атеизмот.
заборави да напоменеш дека атеистите веруваат во розевиот летечки еднорог ;)
него, инфо за тие што се интересираат што е атеизам, секој четврток предавања во кафе либертас од 19ч. предавањата се од реномирани атеисти, со видео бимови и специјални звучни и светлосни ефекти. нормално, одбрана музика од антихристите :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom