Завчера случајно го мерев притисокот, моиве дома мереа, па си викам ај и ја, пред тоа не се сеќавам дека сум го мерел и оп искочи висок, 150 со 70

А јас се осеќам најнормално, никакви главоболки такви сл. работи.
И вчера отидов на лекар, докторска рука да измери, да чујам мислење, ми мереше и он, и ми покажа 160 со 70, и дијагноза да испијам аналгин и две апчиња Б6 па за два саата пак да отидам да го измери. И отидов и пак исто, и ми кажа и срцето дека ми е убрзано
И ми вика ако осетиш болка во гради или трнење на лева рака, викај брза помош, тој за инфаркт почна да ме спрема .Ова го пишувам со мали букви зошто се надевам дека нема гробарот од погоре да го прочита тоа со трнењето па да се извади од памет. Тоа у спојлери мојлери не знам како се става
Па од таму отидов на специјалист, кај него притисокот 150 со 60, ми го слушаше и срцето, и ми вика најнормално ти работи, пулсот некаде 84-85 што е добро
И ми препиша апчиња, ЕНАП, со баба ми што е постара од мене 40 и кусур години пиеме исти апчиња, она од 20 јас од 5мг

И по едно у ден да пијам, и веќе втор ден пијам

И во понеделник треба да одам пак кај него, па може ќе треба и лабароториски испитувањаа...
И негде накај 19ч се напив апче, и пред 1 саат мерев, ми беше 120 со 60, што е океј.
Дајте кажете некои билки, нешто природно, да не се трујам со апови, малечко сум уште

Или да ја барам баба Рада
Цигарите како влијаат на притисокот?