Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Украина го прекина процесот напристапување кон ЕУ!!!!!!!!!

Што пие кафана!!!!!:icon_lol:

Мислам дека требаа да балансираат,бидејќи веќе се откажаа од НАТО ако сега пак се откажат во ЕУ засекогаш ќе бидат црна офца во Европа и никој нема да ги сака па дури ни Русија освен за свој интерес.Политиката не е само фати се како слеп за стап,секогаш има последници,треба да се постапува мудро :)
 
Член од
13 април 2013
Мислења
73
Поени од реакции
72
Мислам дека требаа да балансираат,бидејќи веќе се откажаа од НАТО ако сега пак се откажат во ЕУ засекогаш ќе бидат црна офца во Европа и никој нема да ги сака па дури ни Русија освен за свој интерес.Политиката не е само фати се како слеп за стап,секогаш има последници,треба да се постапува мудро :)
Нема потреба од никакво балансирање,или што би рекле седење на две столици или седење на два ...

Треба да се приклониш кон местото кон кое што природно припаѓаш,зошто тоа е единственото место кое ќе ти овозможи да просперираш.

Ако си ти виолинист и некој ти наметнува да бидеш рудар,правењето компромис или балансирањето помеѓу тие две работи ќе оди само на твоја штета.

На Украина природно и е местото да биде рамо до рамо со Русија,и секое друго стратешко балансирање е дојдено од надвор и, е, заговор за туѓи интереси.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Океј ама верувај дека нема да види дар и бериќет со Русија а нема ни со ЕУ. Затоа што Русија е една од 9те главни стратешки пратнери на Европската Унија заедно со Кина,Индија,Бразил итн.. што значи на економски план ЕУ-Русија соработуваат одлично,а овие како средина ќе го изедат.

Да ја водеа Украина паметни немаше да се доведе во сутација да бира меѓу две големи ''зла''. Ама и она ја има судбината на Македонија.. проклета судбина.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Гледаjте на живо протестите и немирите во Киев. На плоштадот Независност во Киев се собраа над 500 000 луѓе. Луѓе од цела Украина се упатиле кон главниот град на Украина. Оваа ноќ се очекуваат големи судири. Фудбалски ултраси, граѓани со автомобили и демонстранти обидуваат да го нападнат украинскиот парламент.

http://www.ustream.tv/channel/aronets

http://www.youtube.com/watch?v=uZtwFH4uKxk&feature=share
 
Член од
13 април 2013
Мислења
73
Поени од реакции
72
Сега Јанукович мора жестоко да реагира,и тоа така жестоко,да конечно и донесе мир,ред и поредок на Украина.

Било каква колебливост во овие моменти ќе се смета за негова слабост и ќе донесе голема криза нестабилност и веројатна граѓанска војна.

Мора да се расчисти тоа екстремно евроталибанско крило кое заради интересите на своите газди нема да се колеба да направи граѓанска војна.Мора да реагира како војската на Египет против муслиманските браќа и да воведе мир кој на Украина сега и е најпотребен.
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Било каква колебливост во овие моменти ќе се смета за негова слабост и ќе донесе голема криза нестабилност и веројатна граѓанска војна.

Украинското општество е многу поделено. Во Источна Украина населението во мнозинството е рускојазично и православно, во Западна Украина има голем број проевропски настроени католици. ЕУ се меша во внатрешните работи на Украина, Русија, исто така. Мир може да има само ако овие два фактора постигнат договор, инаку се оди кон територијална поделба на Украина.
--- надополнето: 1 декември 2013 во 16:37 ---
Наjнегативно и радикално настроени кон Русија се украинската националистичка организација УНА УНСО кои учествуваат во сите војни против Русија - Приднестровие, Абхазија, во Чеченската војна каде група УНА УНСО Викинг се бие во Грозни под команда на Шамил Басаев. Во борбите се одликува Украинецот Александр Ивановиќ Музычко (Сашко Билыј). Групата на Сашко Билыј уништува 3 тенка, 6 БТР, еден самоодни фрлач и организира засада на цел баталјон руски маринци. За заслугите во овие борби е награден со орден лично од Джохар Дудаев.

групата УНА УНСО Викинг во Чечнja





Александр Иванович Музычко ( Сашко Билыј ): Пока живу, буду воевать против коммунистов, жидов и москалеј. Это мое кредо.

Додека сум жив ќе војувам против комунисти, евреи и москали ( москали - навредливо обраќање кон рунаците). Тоа е моето кредо.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.881
Поени од реакции
12.986
Пример како се користи пропагандата во денешно време.
Имено сликава ја пуштија во оптек прозападните медиуми дека се собрале над 500.000 протестанти.




А сликата е направена во Август 2004 година кога се слави денот на независноста во Украина
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Сомнително.
Така е друже.
Ова на улица ешака јада.
Инаку ако влезе во ЕУ тешко на украина само за прилагодување на законодавството им треба 160 милијарди долари!
а надокандата е само 1 милијарда прагматично.
Само портокалови кловнови ке скокаат наоколу.
 
B

Borg_Drone

Гостин
А да ставеше линк од тој про-западен медиум не ќе беше лошо.За да знаеме кој шири наоколу вакви глупости...

Инаку еве, еден реален весник за да знаете што се случува во Украина:

http://www.spiegel.de/fotostrecke/ukraines-opposition-fordert-nach-polizeigewalt-neuwahlen-fotostrecke-104391.html

Овој Јанукович како да се родил со сликата на Сталин, му прилега ова диктаторсково лупање на демонстранти.
.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
А јебига....постојат во таа земја и луѓе на кои им е преку такво од Русија од која никогаш во својата историја раат не виделе.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Гласови за Тимошенко


Украински мајчин јазик на попис



Како убаво си се поклопуваат овие 2. Испаѓа дека русите,русофилите и понекој старец кој плачеј по СССР им кажуваат на украинците каде ќе припаѓа нивната држава и нација.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.008
Од Русија никој и никогаш не видел аир , па дури ни самите Руси. Не дека и ЕУ е подобар избор за Украинците, но факт е дека Украинците низ историјата повеќе страдале од руската чизма, отколку од земјите во западна Европа. Работава е дали змија да те клукни или магаре да ти го лупни.

Најдобро за нив ќе е да не се во сојуз ни со Русија ни со ЕУ , но прашање е дали ќе ги остават на раат и едните и другите.

Иначе Украина ги има сите предуслови за самостојно да си се развива, без да мора да им слугува на Истокот или на Западот. Има и рудни ресурси, и енергетски ресурси, а за производство на храна и да не зборуваме, и плус излегува на море.

На сите им е познато дека Украина може да ја храни половина Европа (зборувам за жито и житни култури) .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom