Имам чуство на моменти дека и самиот не знаеш што пишуваш. Уште ова ќе те прашам:
1). Во Македонија има Криза на Идентитет па затоа се вадат Бугарски Пасоши.
2). Во Македонија тешка е ситуацијата за работа наоѓање, слабо платена, се зема Бугарски Пасош и идат во Европа да печалат пари.
Па и првата точка не е за занемарување,посебно ако земеме во предвид дека втората точка може да доведе до првата.
Земал пасош,од економски причини,отишол да работи некаде,се вратил,почнал почесто да оди во Бугарија,створил контакти,пријателства,видел дека Бугарите го прифаќаат како свој и почнува да ја менува перцепцијата.
Нешто слично се случува и со тие што студираат во Бугарија.
Не треба да занемари и чувството на вина кое доведува до потрагата по факти кои би послужиле како самооправдување.
Перцепцијата на Македонците кон Бугарија/Бугарите, е доста сменета во изминативе 20-тина години,ми се чини дека тој тренд се повеќе и повеќе зема замав,за што доста придонесуваат и горенаведените работи..
Така да,ако трендот продолжи,може многу лесно да се случи предвидувањето на фми да се оствари.