Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Тоj целиот днешен свет е вештачки и политика...
Исто како што е вештачка политиката на Бугарија спрема Македонија, согласно она што го кажа погоре.
Да се вратиме на темата, исто како што е вештачко издавањето бугарски пасоши, само косоварите што зедоја бугарски пасоши е природна работа и неминовен процес кој оди во насока на исправање на една голема историска неправда направена над Бугарија.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Исто како што е вештачка политиката на Бугарија спрема Македонија, согласно она што го кажа погоре.
Да се вратиме на темата, исто како што е вештачко издавањето бугарски пасоши, само косоварите што зедоја бугарски пасоши е природна работа и неминовен процес кој оди во насока на исправање на една голема историска неправда направена над Бугарија.
Дали се читаш што напиша?
Па сека политика е вештачка бре .....
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Политиката е инструмент со чија помош појаките ги остваруваат своите интереси за сметка на послабите и се согласувам дека е вештачка и нереална како што е впрочем и политиката на твојата земја спрема мојата.
Еве за пример ќе ја земам Бугарија, америте сакаа една влада и ви ја донесоа, русите друга влада и ете ја донесоа, сите ви одлучуваат што ќе биде кај вас само не и вие самите, повештачки од ова здравје.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ха ха ова мора да го прочитате, фактите и бројките за бугарските пасоши на дело. Во јавноста се споменуваа десетици или стотици илјади бугарски пасоши. Е, па интересно е кога ќе излезат бројките. Еуростат направил статистика на новите државјанства и податоците за Бугарија покажуваат дека во Бугарија во 2010 година 900 личности се стекнале со бугарско државјанство, а во 2011 година 600 личности се стекнале со бугарски пасош. Од овие 600 нови бугарски граѓани 44.4% биле државјани на Македонија. Колку што јас се разбирам во математика, тоа значи дека во 2011 година 272 Македонци,а може добар дел од тие 272 македонски државјани биле и албанци што добиле бугарски пасош.

Дали некој конечно ќе се извини затоа што ја малтретира македонската јавност со глупости? 272 граѓани на Македонија се 0.01 процент од македонското население. Доколку Бугарија продолжи да дава пасоши на македонските државјани со ова темпо, тогаш сите Македонци ќе се здобијат со бугарски пасош во 2770 година. Зарем е можно сеуште да дебатираме за оваа тема по овие бројки?!? И како велат ако баба лаже, трап не лаже. Повелете официјални извори и линкови http://epp.eurostat.ec.europa.eu/cache/ITY_PUBLIC/3-27112013-AP/EN/3-27112013-AP-EN.PDF
http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=9763&cat=2

Еве уште малце податоци, објавени од еуростат , а анализата е на еден наш политичар(Ивица Боцевски) што ја коментира темава на ФБ.

2002 - 1,369
2003 - 1,735
2004 - 2,302
2005 - 2,444
2006 - 2,933
2007 - 3,247
2008 - 3,637
2009 - 427
2010 - 439
2011 - 272

Или вкупно за една деценија 18,805 македонски државјани извадиле бугарски пасоши. Според проекцијата на ЕУРОСТАТ Македонија има 2,062,294 жители, односно 0,91% од македонските државјани поседуваат бугарски пасош. Уште поинтересно е тоа што бројките очигледно паѓаат по 2008 година, а тоа не гледам дека кој било го коментира во нашата јавност.Затоа, повторно ќе запрашам ОД КАДЕ Е ЦЕЛАТА ОВАА ПАРАНОЈА СО БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ?!?
 

Registriran

Professional
Член од
20 јули 2010
Мислења
42
Поени од реакции
44
АХАААХАХААХАА мислете си дека се само 18 000 бугарски пасоши у Македонија !!
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Во голема полициска акција за разбивање на меѓународна криминална група што изработувала бугарски пасоши, лични карти и патни исправи, две лица се уапсени.
Извори за Сител од МВР потврдија дека еден од групата е во бегство надвор од земјава, а еден е веќе осуден и издржува затворска казна.
Повеќе детали за групата која била поврзана со лица од Бугарија каде се изработувале бугарските исправи МВР ќе објави во текот на денот.
Македонците обично плаќаат по неколку стотици евра за легално вадење на бугарски пасош на посредници од Македонија и Бугарија, при што се декларираат како Бугари само за да патуваат и работат во западноевропските земји.
Сител
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Јас негледам ништо противзаконско да посредуваш за вадење на бугарско државјанство ... Па ке ги казнеле со затворска казна !? Ама зошто ?
 
R

Rigel Kent

Гостин
Јас негледам ништо противзаконско да посредуваш за вадење на бугарско државјанство ... Па ке ги казнеле со затворска казна !? Ама зошто ?
Противзаконито е фалсификување на исправа а не посредување , прочитај подобро .
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
617
Поени од реакции
63
Противзаконито е фалсификување на исправа а не посредување , прочитај подобро .
Да точно е Противзаконско ако е Фалсификување на документ. но мегутоа ако оди се исправно преку институции нема логика некој тоа да го смета за криминал .
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.985
Имам чуство на моменти дека и самиот не знаеш што пишуваш. Уште ова ќе те прашам:
1). Во Македонија има Криза на Идентитет па затоа се вадат Бугарски Пасоши.
2). Во Македонија тешка е ситуацијата за работа наоѓање, слабо платена, се зема Бугарски Пасош и идат во Европа да печалат пари.
Па и првата точка не е за занемарување,посебно ако земеме во предвид дека втората точка може да доведе до првата.
Земал пасош,од економски причини,отишол да работи некаде,се вратил,почнал почесто да оди во Бугарија,створил контакти,пријателства,видел дека Бугарите го прифаќаат како свој и почнува да ја менува перцепцијата.
Нешто слично се случува и со тие што студираат во Бугарија.
Не треба да занемари и чувството на вина кое доведува до потрагата по факти кои би послужиле како самооправдување.

Перцепцијата на Македонците кон Бугарија/Бугарите, е доста сменета во изминативе 20-тина години,ми се чини дека тој тренд се повеќе и повеќе зема замав,за што доста придонесуваат и горенаведените работи..

Така да,ако трендот продолжи,може многу лесно да се случи предвидувањето на фми да се оствари.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.368
Поени од реакции
18.498
попрво со србите ќе се претопиме него со овие...повеќе заеднички работи иаме и многу од нашиве ги гледаат као постаро братче.
Реално да си бугар и не е нешто посебно атрактивно:icon_lol:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
попрво со србите ќе се претопиме него со овие...повеќе заеднички работи иаме и многу од нашиве ги гледаат као постаро братче.
Реално да си бугар и не е нешто посебно атрактивно:icon_lol:
Тука си во право. Знам доста мешани бракови Македонци, Македонки со Србинки, Срби. Каде се "браќата" Бугари? Згора на тоа правам муабет со една Бугарка на FB и ми вика бев во Македонија и ми падна срам.. И викам па зошто? Па вика сите ли мислат дека Бугарките се лесни жени? Демек општо мислење за сите нив било тоа. Шо да одговорам на тоа... :pos: Иначе правнука на еден Бугарски Револуционер и од Велико Тарново(Трново).

Да се навратам назад, Бугарите да ми се објаснат зошто на мапи нивни има и Српски села, каде што и денес живеат Срби а се заведени како Бугарски? И не е случај само со едно. Кога веќе лажат нека прошетаат поубаво по државава, се опседнале на Wikipedia повеќе артикли има за МАКЕДОНИЈА него ли за БУГАРИЈА. :D И замисли, каде направиле колежи нема ништо. Вратете се што џопосавте од Македонија во Втора Светска Војна назад и да не се правите ни слепи, ни будали. Народот памти и не заборава колежите, вистинскиото лице ви го знаат сите. Требен ми е пасош од вас, убијци и узурпатори!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.417
Поени од реакции
4.326
За бугарските пасоши не ни се криви бугарите. Не ни се криви бугарите што ја уништивме сопствената држава, не ни се криви бугарите што државата го осиромаши и му го уби духот на секој македонец и го доведе на дереџе да се пиши бугарин. Што досегашните власти во РМ направија за луѓето да си ја сакаат татковината? Ништо! Стигнавме до дното оти нема пониско една посрана албанија да има повисока просечна плата од нас за 40 евра! Каде пониско од ова? За какво достоинство зборуваме? Што браниме? Срамно е да се пишува човек бугарин ама уште посрамно е да гледаш како детето ти плачи за млеко а да немаш да му купиш, уште посрамно е да ти ја исклучат струјата, уште посрамно е да бидеш вечито на рабуш кај бакалот, уште посрамно е да немаш да ги школуваш децата........ За луѓето во таква ситуација е оправдано да се пишат и бугари и виетнамци и недај боже да дојдам во таква ситуација и јас ке се пишам. Затоа не ги осудувам оние кои од социјални причини и однемајкаде се пишат бугари. Другите кои имаат за живот е срамота да се пишат бугари.
А и државата не превзеде никаква мерка да ја спречи или барем ублажи оваа состојба со бугарските пасоши.
Ако ја прифатиме поделбата дека луѓето најмногу земаат пасоши од 3 причини и тоа:
1. Оти се чувствуваат како бугари;
2. За да си купат и возат кола на бугарски таблици; и
3. За да му ја здувнат во странство на работа,
4. За да учат во бугарија.
Треба да имаме во вид дека на првата група државата не треба и не смее да им се меша односно ако некој навистина се чувствува како бугарин државата треба да му овозможи тоа и да си се декларира што и не е спорно, но таквата цифра е многу мала дури и безначајна и е за занемарување.

За втората група, луѓе кои си сакаат поевтин автомобил и поевтина регистрација а која група е и те како голема, државата можеше, може и мора да реагира. Па зошто бре ние не ги намалиме царините за половните возила како бугарите? Зошто да одат луѓето да купуваат коли од бугарија и бугарите да печалат на нас? Па пушти слободно нека се увезува и заеби и царини и еко 3 и еко незнам кој стандарди! Намали тоа регистрацијата на возилата! Како може во бугарија регистрацијата да е некои 60 евра а кај нас најевтината да е 160 евра? Возило си е возило и неговата поправка чини исто и во бугарија и кај нас (делови и работна рака) а и другите штети кои се исплаќаат во бугарија веке се повискои оти стандардот им отиде погоре. Како тогаш кај нас е поскапа регистрацијата? На некој да не му е мрсен газот овде? Зшто не го сторат ова и спасат еден голем дел од македонците да се пишат бугари? Или профитот на осигурителните компании и царините се побитни од народот?.....
се нервирам.... за другите две групи во друга прилика..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom