Ок,се надевам дека ќе имаш објаснување на ова:
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, глава 19
14 Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха.
15 Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“ “Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, глава 27
46 Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“ што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО, глава 15
25 Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса.
---------------------------------------------------------------------------------------------------
Или смртта на Јуда:
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 27
5 Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ
Глава 1
18 Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.
--------------------------
Колку години имал Јоахин???
ВТОРА КНИГА ЦАРЕВИ
Глава 24
8 На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим.Името на мајка му и беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим.
ВТОРА КНИГА ЛЕТОПИСИ
Глава 36
9 На Јоахина му беа осум години кога се зацари, а царуваше три месеци и десет дена во Ерусалим;правеше што е зло во Господовите очи.--- надополнето: 1 ноември 2013 во 01:49 ---
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
---------------------------------------------------------------------------------
Глава 24
1 Уште еднаш Господовиот гнев пламна на Израелците та го поттикна Давида против нив, зборувајќи: „Оди, изброј ги Израелците и Јудејците!”
ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ
Глава 21
1Тогаш Сатаната стана против Израел и го поттикна Давида да го изброи Израел.
????
--------------------------------------------------------------------------------------
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 6
23 А Михала, Сауловата ќерка, немаше пород до денот на својата смрт.
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 21
8 Така царот ги зеде двата сина на Ресфа, ќерката на Ајин, која му ги роди на Саула, Армониј и Мефивостеј, и сите пет синови на Михала, Сауловата ќерка, која му ги роди на Адрил, синот Варзелаев, од Меола.
-----------------------------------------------------------------------------
А и математикава слабо...
Прва Книга Цареви
Глава 9
23 Главините, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управниците на народот, што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет.
Втора Книга Летописи
Глава 8
10 Главните настојници, што управуваа со народот при царот Соломон, беа двесте и педесет.
Ако одговорот ДА,ќе те смири и ќе ми помогне да не ме гњавиш со оваа тема веќе,тогаш ДА.