Поднесување предлог до Собранието на Р. Македонија

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Здраво.
Најпрво изреволтиран од некои случувања, а сакајќи истите да ги променам, сакам да прашам која е процедурата за поднесување прелог до собраниска комисија?
Знам дека при крајот на тековната година се прави План со кој ќе се одбележуваат значајни личности и празници во идната година. Е сега, сакам да поднесам предлог со кој ќе одбележуваме: ден на македонското знаме, ден на македонскиот грб, ден на македонската азбука и ден на македонската химна.
Да не знае некој која е процедурата? Каде конкретно треба да го поднесам предлогот? Дали ќе треба преку некоја партија, невлада и сл. да поднесувам?
Благодарам на помошта однапред.

ps: се надевам дека нема да се смета за политика, а со тоа темата да биде избришана
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Најдобронамерен совет - преку Светскиот Македонски Конгрес
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.523
Најдобронамерен совет ако веќе си решил да се замараш барем избери подобра цел. Ако ти треба идеи имам цел тефтер на тема едукација и по нешто економија и право само извести ме ако ги усвојат не барам благодарност ;)

П.С Национализмот и/или патриотизмот нема да ги нахрани гладните во Македонија.
Поздрав и се најдобро
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Најдобронамерен совет - преку Светскиот Македонски Конгрес
Друже, СМК, односно лично Тодор Петров го контактирав за референдум за враќање на Закон за децентрализација од 2004та, па индиректно ми кажа дека не е заинтересиран, па морав да се бафтам, па излезе дека Ангелов се зафати, ама заглави.

Иначе мислиш дека идејата не е лоша и дека е можеби остварлива?
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 20:13 ---
Најдобронамерен совет ако веќе си решил да се замараш барем избери подобра цел. Ако ти треба идеи имам цел тефтер на тема едукација и по нешто економија и право само извести ме ако ги усвојат не барам благодарност ;)

П.С Национализмот и/или патриотизмот нема да ги нахрани гладните во Македонија.
Поздрав и се најдобро
Другар, јас мислам дека прво треба да се реши нешто што е посериозно од тоа, а тоа е зачувување на територијата што ја имаме и да не дозволиме одредено изедначување со некои.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.523
Другар, јас мислам дека прво треба да се реши нешто што е посериозно од тоа, а тоа е зачувување на територијата што ја имаме и да не дозволиме одредено изедначување со некои.
Со оваа реченица ми кажуваш дека немаш повеќе од 15 години.

Да ја зачуваме територијата од кого?
Албанија, Грција, Бугарија се во НАТО. Србија нема некоја шанса да не нападне, Косово и да сака не може?

Дај образложи од каде потекнуваат твоите стравови и дали сериозно мислиш дека по 2001 прва некој би кренал пушка за Македонија?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Со оваа реченица ми кажуваш дека немаш повеќе од 15 години.

Да ја зачуваме територијата од кого?
Албанија, Грција, Бугарија се во НАТО. Србија нема некоја шанса да не нападне, Косово и да сака не може?

Дај образложи од каде потекнуваат твоите стравови и дали сериозно мислиш дека по 2001 прва некој би кренал пушка за Македонија?
Најпрво, возраста си ми ја утнал, но нема врска.
Второ, очигледно не се сите свесни дека некои преку свои манифестации, пропаганди и сл., сакаат да си остварат одреден сон кој е многу стар и започнува со окупирањето на Западна Македонија од Италија, а потоа они го предаваат на владение на овие другиве.
А моите стравови потекнуваат, како што реков, од засилените работења на одредени каузи, кои за жал не се во интерес на Република Македонија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Собранието на РМ има повеќе работни тела
http://www.sobranie.mk/?ItemID=5F7FFCC415614545A6D47FC1E75E5BF6
Најнапред одбери на кое тело сакаш да упатиш предлог.
Согласночлен 24 од Уставот ти можеш да упатиш предлог кому сакаш.
Еве го законот за постапување со предлози и поплаки
http://pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakonot-za-postapuvan-e-po-pretstavki-i-predlozi-04-07-2008.pdf
Напиши предлог и поднеси го во архивата на Собранието
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Пробај преку пратеник, штом веќе си имал искуство со контактирање организации.
 
Фала ви на двајцата
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.523
Најпрво, возраста си ми ја утнал, но нема врска.
Второ, очигледно не се сите свесни дека некои преку свои манифестации, пропаганди и сл., сакаат да си остварат одреден сон кој е многу стар и започнува со окупирањето на Западна Македонија од Италија, а потоа они го предаваат на владение на овие другиве.
А моите стравови потекнуваат, како што реков, од засилените работења на одредени каузи, кои за жал не се во интерес на Република Македонија.
Не ми беше цел да ти ја погодам возраста туку да потенцирам за според мене колку години размислуваш. Не мислев со таа изјава никаква навреда. Тие манифестации како што ги нарекуваш не се ништо повеќе од манипулации на луѓето на врвот за да се одвлече вниманието од моменталната состојба.

Немој да мислиш дека ова некој сам го прави македонските политичари заедно со албанските се под рака прават за да останат на власт и да уживаат што подолго во привилегиите кои ги поседуваат.

Не сакам оф-топик да идам, но земи прочитај за техники на манипулација и ќе сфатиш дека се ова е сценарио. Еве јас сум од западна Македонија и ќе ти кажам дека со сила убавина не бидува.

Моменталниве случки се реприза на последниве 5-6 години пред самитот за ЕУ/НАТО.

Имаше една статија ако ја најдам ќе постирам линк за дешавките секоја година во овој период.
Што мислиш зошто преку лето нема вакви дешавки туку цело време во истиов период секоја година СЛУЧАЈНОСТ?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
@smihajlo јас нешто што највеќе мразам е тоа што нашиве тиквари од политичари, како позиција, така и опозиција наместо да се сплотат и да стават крај, они гледаат кој повеќе да краде, и како што рече ти, да ги зачуваат привилегиите.
Иначе јас сум од порано најубавата општина во Скопје, но сега најзаостаната и најизолирана, Чаир, така да знам како е и да се биде во Западна, бидејќи имам роднини кои таму живеат.
Што се однесува до случајноста, ништо на овој свет не е случајно ;)

Но затоа сакам да идам на политички науки, па некогаш во земјава ако даде Господ да променам некои работи, бидејќи не е нормално 1/5 од населението да го командува другите 4/5 од населението.
 
Со среќа друже, но за реални промени ни требаат најмалку 30 - 50 години и тоа најоптимистичка проценка ако до тогаш сите не се исселиме. Едноставно ништо не функционира и треба многу за да почнеме да се движиме напред. Моментално не само што не се движиме напред туку и наназад идеме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom