За бугарските пасоши не ни се криви бугарите. Не ни се криви бугарите што ја уништивме сопствената држава, не ни се криви бугарите што државата го осиромаши и му го уби духот на секој македонец и го доведе на дереџе да се пиши бугарин. Што досегашните власти во РМ направија за луѓето да си ја сакаат татковината? Ништо! Стигнавме до дното оти нема пониско една посрана албанија да има повисока просечна плата од нас за 40 евра! Каде пониско од ова? За какво достоинство зборуваме? Што браниме? Срамно е да се пишува човек бугарин ама уште посрамно е да гледаш како детето ти плачи за млеко а да немаш да му купиш, уште посрамно е да ти ја исклучат струјата, уште посрамно е да бидеш вечито на рабуш кај бакалот, уште посрамно е да немаш да ги школуваш децата........ За луѓето во таква ситуација е оправдано да се пишат и бугари и виетнамци и недај боже да дојдам во таква ситуација и јас ке се пишам. Затоа не ги осудувам оние кои од социјални причини и однемајкаде се пишат бугари. Другите кои имаат за живот е срамота да се пишат бугари.
А и државата не превзеде никаква мерка да ја спречи или барем ублажи оваа состојба со бугарските пасоши.
Ако ја прифатиме поделбата дека луѓето најмногу земаат пасоши од 3 причини и тоа:
1. Оти се чувствуваат како бугари;
2. За да си купат и возат кола на бугарски таблици; и
3. За да му ја здувнат во странство на работа,
4. За да учат во бугарија.
Треба да имаме во вид дека на првата група државата не треба и не смее да им се меша односно ако некој навистина се чувствува како бугарин државата треба да му овозможи тоа и да си се декларира што и не е спорно, но таквата цифра е многу мала дури и безначајна и е за занемарување.
За втората група, луѓе кои си сакаат поевтин автомобил и поевтина регистрација а која група е и те како голема, државата можеше, може и мора да реагира. Па зошто бре ние не ги намалиме царините за половните возила како бугарите? Зошто да одат луѓето да купуваат коли од бугарија и бугарите да печалат на нас? Па пушти слободно нека се увезува и заеби и царини и еко 3 и еко незнам кој стандарди! Намали тоа регистрацијата на возилата! Како може во бугарија регистрацијата да е некои 60 евра а кај нас најевтината да е 160 евра? Возило си е возило и неговата поправка чини исто и во бугарија и кај нас (делови и работна рака) а и другите штети кои се исплаќаат во бугарија веке се повискои оти стандардот им отиде погоре. Како тогаш кај нас е поскапа регистрацијата? На некој да не му е мрсен газот овде? Зшто не го сторат ова и спасат еден голем дел од македонците да се пишат бугари? Или профитот на осигурителните компании и царините се побитни од народот?.....
се нервирам.... за другите две групи во друга прилика..