Фан Клуб: Пелистер

Д

Дуле Пацов

Гостин
Дај бе нека кажи некој подетално за утакмицата...
Иначе браво за победата(y),гледам теренот бил:гомце:
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Дај бе нека кажи некој подетално за утакмицата...
Иначе браво за победата(y),гледам теренот бил:гомце:
Почна со Пашето, Владица, Ковачев, Драгаро, Фиката, Мојсов, Христов, Бабата, Батецо, Жуниор и Мацата. Околу 70та минута го кладе Воденичаров место Батецо и другите 2 измени беа на крајот за времето да помини. Од почетокот играчите на Гостивар лежеа на терен и држеа време на секаков начин. Ние почнавме уште одма да напаѓаме ама немавме никаква игра (ни тие) заради снегот на теренот само ја лупаја на долги. Жуниор успеа еднаш да му избега првото ама му застана топката и му ја зедоја. Во првото од слободни се заканивме 2 пати. Еднаш Бабата шуткаше, му фати голманот, а другиот Ковачев и тогаш голманот ја изби во корнер. Други посериозни шанси немавме. Тие шуткаја ама ништо страшно, голот не го погодија. Второто прицнаја поќе нашите да дат гол ама од една контра за малку ќе го примевме арно ама тој од Гостивар го промаши голот од 10тина метри. Па следеше слободен на Мојсов кој ја погоди пречката. Неколку минути после то падна голот. Му ја дадоја долга на Воденичаров, голманот на Гостивар излезе мислеше дека ќе стигни прв ама пак подзастана топката во снегот и остана на пола пат голманот па Воденичаров само ја погоди празната страна од голот.
Теренот требаше барем да го исчистат од снегот, немаше смисла она.
Како и да е, многу битни 3 бода (y)
Сега уште скопјани нерешено да завршат и се ќе биди супер :)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.324
Поени од реакции
5.297
Многу битни 3 бода, уште ко видов колку снег има, реков овде нема гол да падни, никакви услови за игра, многу се лизгаше, вода, ќе пропуштевме 3 бода, слободно можевме 3-4 гола да дајме, но не дозволија условите за игра на теренот, на Жуниор топката му застана на пред шеснаесетник, Мацата имаше добра шанса, слободниот на Ковачев, слободниот на Мојсов, игравме поќе од нив, тие можеа да не казнат од 5-6 метри го промашија цел гол. Добар голманот на Гостивар се покажа на снегот :D
@Kико, да 5 жолти имаше Томе зато не играше...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/11/blog-post_27.html
Со бела топка во снегот играле бе...:facepalm:
Многу лошо изгледа теренот од сликите , за малце ќе изгубевме битни бодој на домашен терен.
Арно шо имаме зелени дресој,замисли да игравме со белите...ко стелт играчи ќе беа нашите:нинџ:(само жуниор ќе делеше)...:)
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Многу важна улога в недела со Шкендија , треба да изигра Бочевски.
Мора да се пази на жолтите картони , да немаме казнети и да одиме во Скопје комплетни за купот.
Ако треба нека се прими гол , само да нема жолти и црвени картони.
Утакмицата со Работнички е најбитна ...
Сите сили треба да се насочат на та утакмица.

П.С.
Инќерите си продолжват...:D
В недела губиме 100%
( . )( . )
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Владица, Ковачев и Воденичаров во екипата на колото од македонски спорт
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.324
Поени од реакции
5.297
Читав кај Мишевски вели дека можно е да се одмарале клучните играчи за со Шкендија, в недела да излезиме со комбиниран состав, а да ги чуваме за со Работнички за купот останатите.
Грешка ќе напрајме мислам, таман влеговме во серија 4 победи во низа, па нека продолжи серијата без пораз, искрено и со бод сум задоволен со Шкендија, а 3 бода се полна капа , кога можевме со Турново и Металург зошто да не и Шкендија?

Точно дека утакмица на сезоната ни е во среда за купот со Работнички и треба да се пазат играчите, ама јас мислам да си продолжиме со исто темпо и во првенството. За во недела сите играчи се на располагање, значи немаме суспендирани и повредени играчи со фул состав сме (освен повредените од порано Демиќ, Врапчето и Главевски). Најубо да си почниме со стартните 11, па во второто нека ги вади Бочески побитните играчи за во среда !

П.С. Утакмицата со Шкендија е пренос на МТВ !
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.274
Читав кај Мишевски вели дека можно е да се одмарале клучните играчи за со Шкендија, в недела да излезиме со комбиниран состав, а да ги чуваме за со Работнички за купот останатите.
Грешка ќе напрајме мислам, таман влеговме во серија 4 победи во низа, па нека продолжи серијата без пораз, искрено и со бод сум задоволен со Шкендија, а 3 бода се полна капа , кога можевме со Турново и Металург зошто да не и Шкендија?

Точно дека утакмица на сезоната ни е во среда за купот со Работнички и треба да се пазат играчите, ама јас мислам да си продолжиме со исто темпо и во првенството. За во недела сите играчи се на располагање, значи немаме суспендирани и повредени играчи со фул состав сме (освен повредените од порано Демиќ, Врапчето и Главевски). Најубо да си почниме со стартните 11, па во второто нека ги вади Бочески побитните играчи за во среда !

Некој прашања не заслужуваат одговор :D а зошто ќе видиме недела на МТВ 1 ;) и колку сме пријатели со газдите од Тетово инаку јас ги давам трите бода на искра за пролаз во купот и така шампион се знај кој ќе биди исто и првите три екипи од прилика се знаат а кај нас ништо не се знае така да само купот ние е спасот не дека во првенството немаме шанси за европа арно ама за тоа ни требаат уште минимум три играчи односно пари за плати и премии или по едноставно ни треба спонзор-газда на клубот оти ако остани вака статус кво како шо е сега може да се бориме за опстанок ако си заминат играчите и монголот шо значи најважно е да поминеме во купот за било кој да има надеж да влези во клубот а после да се најде спонзор и сопсптвеник на клубот и да знаеме на што сме !

ps.да продолжиме со инкерите недела губиме 3-1 со гол на џуниор оти нели треба да се шитни ѓупчето да крени на цена :P
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
Главен судија Влахо Константин – Скопје
1 асистент Стојановски Тони – Скопје
2 асистент Ширилов Игор – Скопје
4 судија Мустафи Фатон – Тетово
Контролор:
Стојаноски Градимир – Гостивар
Делегат:
Мојсоски Зоре – Македонски Брод
 

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
Нешто штрајк имало денес ....да не знај некој поќе нешто.....????

За мене поважен е купот за да има надеж за на пролет.Ако испадниме во купот како што стојат работите тешко нас ке бидо од јануари.Монголот ако се повлечи ке се повлечат и 7 до 10 играчи...што значи ке останиме со ништо..не знам шо да мислам повеќе ....!!!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Жуниор настинал:pos:..снег чоекот немал видено и го фатило ладното..ајде да се надеваме дека ќе се опорави побрзо
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.301
Поени од реакции
8.274
spb da tocna tie informacijata za zal ne sakale da treniraat i so pravo prvi na tabela bez pari nekolku meseci a dvojce pickata lazi vtornik petok ke go daj klubot a ne go dava isto kako i pari sto ne dava ...
 

spb

Битола ах моја битола...те уништија селјаците...
Член од
7 ноември 2012
Мислења
146
Поени од реакции
70
Во право се шо не тренират .... добро е и до сега шо издржаја и шо собраја толку бодој...
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
887
Поени од реакции
360
Резил невиден ако е таква работата!Па нормално дека нема да тренират и слично,наместо да добиваат премии и награди за добриот успех тие ни плата ни ништо каша попара ,клубот не се зане на кој е ,ништо чудно и да е пералница за пари за една полусезона како шо е тргнато :facepalm:.Незнам како не му се срам да се понашат така према играчите.ете на пример почна да применват карантин и тоа добро се исплати собравме многу значајни и до негде не планираи бодови во гости.Утре сите се на располагање па ќе ги видиме како ќе ги постави тренерот кој ќе добие шанса и слично.Со реми јас сум задоволен иако не е ништо чудно ако победиме или изгубиме со 3:0 ,лигата е изедначена,ќе биди интересно!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom