Ердоган побара од Путин прием во Шангајската група

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.272
Поени од реакции
23.875
Нигде јас не напишав дека Турција и Русија не можат да соработуваат. Во тој случај не сме се разбрале. Јас само пишав дека таа соработка ќе заврши лошо.

Не да ја окупираат, туку да го решат статусот на Северен Кипар. Затоа што тоа им е отвореното и болно прашање со Грците. Ама никаков напредок нема. Ни милиметар не отстапи Грција.
.
Значи сепак добро сме се рабзрале, само теоријата дека лошо ке заврши ви е постирана од балканска логика. Зошто лошо ке заврши? Затоа што Русија и Турција се нејкеле и во минатото имале спорови. Кога ке ги ставиш економските интереси кој би бил луд тоа да го загрози заради било што друго. И што мислиш Франција и Германија многу се сакаат. Ајде кажи ми освем економската соработка првенствено( што и беше првобитната идеја на ЕЗ) што нив ги држи заедно. Еве и за Велика Британија. Тие сакаат да се во Еу ради што? Па заради економските придобивки првенствено.
За Кипар Турција го реши тоа уште пред многу години, својот дел од популацијата го заштити и тоа воено од грчката доминација. А ако зборуваме за попуштањето грција не и попушти ни на САД во Букурешт па што? Америка е слаба или грција е посилна и помоќна од САД?
Така да ајде да не мешаме баби и жаби.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251

Не, туку затоа што имаат желба да бидат влијателни во ист регион. Им се судираат интересите. И затоа што ако тие почнат да соработуваат добро, има други, помоќни страни, на кои ќе им засмета таа соработка. Франција и Германија заедно ги држи заедничкиот интерес. Првенствен интерес на Франција е да биде социјален рај. Првичен интерес на Турција е да биде повторно империја. Тоа е големата разлика.

Ако САД сакаа, Грција ќе попуштеше. Не се споредува желбата на САД да и помогне на Македонија, која завршува во моментот кога таа помош на САД и ги нарушува одличните односи со Грција и желбата на Турција да им помогне на Турците од Северен Кипар.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
- Израел на двапати му се извинуваше на Турција, а ретко на кој Израел досега му се извинил. А почна и да исплаќа репарации на жртвите од нападот на Мави Мармара. Пред да се извини Израел, Нејтанаху кратко и јасно даваше изјави дека не сака ни да чуе за извинување.
- Благодарение на лобирањето на Турција, Палестина стана и официјално држава која не е во ОН. А со тоа стекна и одредени привилегии кои дотогаш неможеа ни да помислат Палестинците. И не само што стана земја набљудувач во ОН, туку стана и членка на многу други светски организации, кои подоцна Америка и Израел ги санкционираа но безуспешно.
- Турција му воведе санкции на Франција, која е земја членка на СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ!
- Турција му воведе санкции и на Израел!
- Во спротивно, Турција е единствена земја која јавно го признава Северен Кипар и не ја подржува новата власт во Египет, досега никој тоа не го санкционирал, иако е во спротивно со многу државни интереси и со правилата на ОН! Исто така, Турција јавно се залага за независна Чеченија и Источен Туркистан!

Исто така, Турција е блиску да го превземи Бондстил од Америчката армија, ако дојди до ова тек тогаш ќе видиш какво е влијанието на Турција! А кога сме пак кај Сирија, влијанието на Турција е послабо само заради Русија и Кина, кои моментално за многу работи диригираат во светот!
Турција има 15 милионско конзервативно курдско население и уште толку што гравитираат на четирите страни со коишто граничи Турција. Најбрзо растечка популација се во Турција со скоро дупло поголем наталитет од Турците коишто се начукаа во градовите, а Курдите се претежно рурално население. Со вакво темпо за 10 години значајно ќе им се зголеми популацијата на Курдите со што лесно и ќе се населуваат и во други краеви на Турција.

Поентата ми е дека нема никој пострашен и полош непријател од тој внатрешниот. Првиот момент кога ќе сакаат да ја растурат Турција тоа ќе го сторат внатре со Курдите. Се друго ти е залудно.

Америка и Европа имаат многу лоша иднина исто така за 40 години. Кога Црнците, Азијатите(Монголите, Индијците, турските народи) , Местизо-Хиспано-Америдијаните, еврејско-семитските народи ќе достигнат свои врвови на наталитет и кога Белците коишто се во опаѓање ќе стануваат пополека апсолутно малцинство ќе им се случи тотален економски, социјален и општествен крах.
 
C

cige

Гостин
Најголем пример е Германија, низ цела историја на чело со Адолв Хитлер, војуваше со цела Европа , а сега денес се заедно во ЕУ и НАТО.. Исто е и со Јапонија, порано војуваа со САД,а сега се сојузници и имаат соработка, политиката не се води со емоции туку вразум и логика..
Па Германија е јадрото на ЕУ.
И гледам многу некако прокурски ми сте се настроиле на темава. Демек подобро е да се приклучиме кон некаков никаков источен сојуз без концизни цели и намери отколку кон добрата стара и модерна Европа.
Турците и Русите сеуште живеат во средниот век, сеуште војните ги сметаат за главен адут за решавање на било каков проблем. Не верувам во нивни сојуз.
А турците после 20 години сватија дека немаат никакви шанси во ЕУ па ајде сега ќе привлекуваат внимание, уште долго ќе се бранат како од кучиња од нивните источни и југоисточни соседи. Таму никогаш ќе нема стабилност и безбедност како во Европа, затоа што тие цивилизациски не се ни приближно до Европа. Ако некој смета дека во цела Турција се живее како во Истанбул се лаже исто како да си мисли дека како што се живее во Скопје исто така е и во Источна Македонија.
Пред се во Турција народот не е доволно едуциран ниту има култура на живеење, образовниот систем им е "пинџур", повеќе од 80% од населението живее "провинцијалски", најпросто кажано да отидат во ресторан незнаат како да ги држат вилушката и ножот. Што дека од сите страни излегуваат на море кога тие од внатрешноста 90% од нив никогаш се немаат соблечено во костими за капење.
Најиновативен производ им се БЕКО телевизорите кои што барем во Македонија се прославија поради ниската цена. Единствен бренд кој го извезуваат во ЕУ им е УЛКЕР кој навистина им е за капа симнување, отсекогаш имале добри слаткарски иновации, тоа им е единствената позитивна страна.
А тоа дека со Русите ќе направеле некаков си влијателен источен сојуз може да остане само како желба на Ердоган, ништо повеќе.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.272
Поени од реакции
23.875
Не, туку затоа што имаат желба да бидат влијателни во ист регион. Им се судираат интересите. И затоа што ако тие почнат да соработуваат добро, има други, помоќни страни, на кои ќе им засмета таа соработка. Франција и Германија заедно ги држи заедничкиот интерес. Првенствен интерес на Франција е да биде социјален рај. Првичен интерес на Турција е да биде повторно империја. Тоа е големата разлика.

Ако САД сакаа, Грција ќе попуштеше. Не се споредува желбата на САД да и помогне на Македонија, која завршува во моментот кога таа помош на САД и ги нарушува одличните односи со Грција и желбата на Турција да им помогне на Турците од Северен Кипар.
Кој се тие други помоќни страни?
Искрено ке си помислам дека имаш нешто лично против Турција или против Ердоган ( не дека мене ми е омилен нешто) но тоа не го менува фактот дека во политиката се битни и постојани само интересите најчесто економските и према тие интереси се гради надворешната политика. Од моја гледна точка во Турција може да биде на власт и најголемиот диктатор но се додека тоа мене или нас ни е во интерес и имаме полза од тоа око нема да ми трепни. А од независноста до сега од сите наши соседи со Турција си имаме најдобри односи и најголема поддршка во сите нивоа.
Тоа за мене е и повеќе од доволно во Турција да гледам како битен стратешки партнер и сојузник.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Турција има 15 милионско конзервативно курдско население и уште толку што гравитираат на четирите страни со коишто граничи Турција. Најбрзо растечка популација се во Турција со скоро дупло поголем наталитет од Турците коишто се начукаа во градовите, а Курдите се претежно рурално население. Со вакво темпо за 10 години значајно ќе им се зголеми популацијата на Курдите со што лесно и ќе се населуваат и во други краеви на Турција.

Поентата ми е дека нема никој пострашен и полош непријател од тој внатрешниот. Првиот момент кога ќе сакаат да ја растурат Турција тоа ќе го сторат внатре со Курдите. Се друго ти е залудно.
Супер све и точно е све што напиша, ама концептот на Ердоган е верска држава, а не национална. Тој сака сака да наметне, а досега успешно му оди, вера пред народност. Со пакетот за демократизација на Турција му даде големи права на Курдите, за кои дотогаш не можеа ни да помислат. Ердоган Турција ја гледа како нова Османлиска империја, еве и како:

- Османлиската империја не била турска држава, туку исламска. Тоа што Турција е земја наследничка на империјата е само заради официјалниот јазик.
- Колку султани не биле Турци (поточно чисти Турци)?
- Колку везири, паши, беглербези и др. не биле етнички Турци?
- Турчинот бил исто што и Арапот, Курдот, Бошњакот... т.е. сите биле Османлии.
- Исто така, Турците во големи временски периоди не биле мнозинство во Османлиската држава.

Ердоган не е националист, тој е исламски фундаменталист. Ердоган не се залага за Пантуркизам и етнички чиста Турција како Девлет Бахчели (лидерот на турската „Златна Зора“).

И најбитно од се и самиот Ердоган не е етнички Турчин, а и не се осеќа за етнички Турчин.
 
red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
освен тоа Турција има одлична географска положба,има силна економија,има силна армија, а во едно е и стара членка на НАТО... САД,Русија Кина и дурги светски сили во иднина ќе се борат на дипломатски начин меѓу себе како би ја тргнале Турција кон нивна страна
Турција е колос на глинени нозе. Ситуацијата е иста како крајот Отоманската империја кога е нарекувана болниот човек на Европа. Ердоган како неоосманист разбира дека неговата неоосманистка доктрина се крепи на два темела - ислам и армија, за тоа прави радикални реформи во армијата која по традиција во современна Турција е прокемалистки настроена. Во турската политика има две крила кои во својата суштина се подеднакво агресивни - неоосманистите на Ердоган и пантјуркистките националисти на Девлет Бахчели. Пантјуркистка е и турската националистичка и терористичка организација Сивите волци. Пантјуркистите имаат традиционално огромна поддршка меѓу највисоките воени слоеви во армијата. Ердоган многу добро знае дека Турција како наследник на една империја - Османлиската е етнички нехомогена - курди, лази, ерменци има дури голема религиозна поделба - освен сунитско мнозинство има и алевитско малцинство, што според некои брои 15 милиони. За тоа Ердоган сака да стави религијата на преден план како обединувачки фактор на различните етнички групи во Турција. Тој многу добро знае дека главната грешка на османлиската империја (како и на секоја империја) е дека не можела да создаде обединета нација. Сега Ердоган се обидува да ja поправи оваа грешка и да обедини Турците под знамето на исламот, но нема да успее... .. плановете на големите сили са други. Тие сили меѓу кои и Русија играат внимателно и не сакаат конкуренција.

- Израел на двапати му се извинуваше на Турција, а ретко на кој Израел досега му се извинил.

Генерална грешка на Ердоган беше да ги разтури односите со Израел. Со тоа тој сакаше да легитимира Турција како главен заштитник на муслиманите во светот. Целиот економски раст на Турција денес се гради на два фактора - слободна трговија со ЕУ и инвестиции од Саудиска Арабија. Саудитците се надеваат на Турција како стратешки партнер против шиитски Иран, но тие никогаш нема да прифатат Турција да шири влијание врз арабски земи и да создава нова империја. Ердоган очигледно не знае од историјата дека Евреите и техното лоби во Британија и Германија е овоj фактор кој држеше жива Отоманската империја само за да ja попречува територјалната експанзија на Русија. Евреите и нивното лоби во САД создадоа секуларна Турција како штит против традиционалниот арапски - сунитски радикален ислам. Тие избраа Турција бидејќи е единствената исламска неарабска држава во регионот. Евреите, САД и некои големи европски земји веќе чувствуваат каков монстер го создале, но ќе го убијат кога престане да им служи. Доаѓа ред на нов геостратешки проект - нова голема неарабска држава во регионот на Блискиот Исток - Курдистан. И на него ќе му дојде редот кога Големите сили се ракуваат и се договорат и тогаш ниту Ердоган, ни нацинолистите, ни пантјуркистите ќе можат да го спречат тоа !
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ердоган за неколку години ќе заврши обесен за јајца на некој плоштад во Истанбул, или пак ќе се крие по канализациски цевки како Гадафи, слободно ставете му букмарк на овој мој коментар.
 
1

1292

Гостин
Ердоган беше се, од новиот татко на нацијата до најголемиот заштитник на муслиманите, но едно утро пристигна наредбата од САД која освен кредибилитетот на Ердоган го уништи и целокупниот углед кој во последните десетина години го градеше Турција. Против свој интерес, кога останатите сојузници на САД се повлекоа, Турција остана верен пијун и активно се вмеша во конфликтот во Сирија. Цената е нов конфликт со Курдите кој е на самата нивна граница и тоа баш во време кога на домашен терен успеаа да постигнат некаков договор со лидерот на ПКК. Го принудиа Асад да склучи сојуз со Курдите кој исклучително може да им наштети на нивните интереси во тој регион. Курдскиот регион во Турција останува единствениот без никаква автономија. Зошто сето ова? Затоа што мораа да ја исполнат желбата на господарот.

Но да не ги обвинуваме само Американците. Ердоган и исклучиво Ердоган е виновен за катастрофалните односи со Египет. Неговата исламска идеологија односно неговиот анти-секуларизам е причината за крајно влошените односи со Египет, а како стојат работите набрзо ќе бидат причина и за неговото заминување од власта. Сепак Ердоган не губи време. Додека го чека „судниот ден“ играта „империја“ експресно си ја пренесе на Балканот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Кој се тие други помоќни страни?
Искрено ке си помислам дека имаш нешто лично против Турција или против Ердоган ( не дека мене ми е омилен нешто) но тоа не го менува фактот дека во политиката се битни и постојани само интересите најчесто економските и према тие интереси се гради надворешната политика. Од моја гледна точка во Турција може да биде на власт и најголемиот диктатор но се додека тоа мене или нас ни е во интерес и имаме полза од тоа око нема да ми трепни. А од независноста до сега од сите наши соседи со Турција си имаме најдобри односи и најголема поддршка во сите нивоа.
Тоа за мене е и повеќе од доволно во Турција да гледам како битен стратешки партнер и сојузник.
САД, Израел, Иран, Германија, Франција, Британија. И имаат механизам да ја разнесат Турција сосе економија ако сакаат. Јас лично не ги сакам сите исламисти, на кои основна цел им е верска војна и ширење на исламот, не е Ердоган некој исклучок.

Ние од одличната соработка со Турците ги видовме само зградите во Аеродром и стотици невладини организации кои организираат верски учења и ги радикализираат Торбешите и Ромите. Турција си има стратешки сојузници на Балканот во Албанија и Косово, не Македонија.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
А што ви е поентата? Читам коментари нонстоп против Русија и Турција, а што сакате вие ? со ГРЦИЈА да има соработка? Па и не ме чуди тоа што грчките плажи на лето што се полни токму баш најмногу од македоснките туристи.. Со вакви умови ние ќе страдаме дур сме живи..:facepalm:
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 14:55 ---
Па Германија е јадрото на ЕУ.
И гледам многу некако прокурски ми сте се настроиле на темава. Демек подобро е да се приклучиме кон некаков никаков источен сојуз без концизни цели и намери отколку кон добрата стара и модерна Европа.
Турците и Русите сеуште живеат во средниот век, сеуште војните ги сметаат за главен адут за решавање на било каков проблем. Не верувам во нивни сојуз.
.

А сојуз со ГРЦИЈА сакаш? Нив им веруваш?:eek:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
А што ви е поентата? Читам коментари нонстоп против Русија и Турција, а што сакате вие ? со ГРЦИЈА да има соработка? Па и не ме чуди тоа што грчките плажи на лето што се полни токму баш најмногу од македоснките туристи.. Со вакви умови ние ќе страдаме дур сме живи..:facepalm:
Нема како Турциja и Грциja да имат соработка на високо ниво,но пробаj да познаеш Русиja на коja страна ке седи.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Две бивши империи,кои имат желби за влиjaние во исти региони (Балканот и Каспиjскиот регион),кои едната енергетски е плашило за другата,кои се борат за влиjaние во Црно море...нема начин долго да продолжат добрите си односи. Не велам дека ке биде наредните месеци или наредната година, но генерално...Русиja и Турциja са саперници.
Турциja се повеке и повеке не може да се управува от САД,има претензии да биде не само регионален играч,но и светски, затоа нема да ме изначуди,ако после едно 10 години,Турциja напушти НАТО.

Незнам дали си информиран но скоро секој ден има масовни протести во Турција против Ердоган,Турција има многу големи внатрешни политички проблеми,веќе и турските националисти се против турската влада, јас мислам дека владата на Ердоган кат тат ќе падне.. А во Русија сиромаштијата се уште неможе да се контролира,Русија е сиромашна земја тоа е факт и реалност, таму се уште владее руска мафија,бесен криминал ... убиство, кражба и питачи по улиците се типични примери и феномени во Русија..
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Ердоган за неколку години ќе заврши обесен за јајца на некој плоштад во Истанбул, или пак ќе се крие по канализациски цевки како Гадафи, слободно ставете му букмарк на овој мој коментар.
Незнам дали си информиран но скоро секој ден има масовни протести во Турција против Ердоган,Турција има многу големи внатрешни политички проблеми,веќе и турските националисти се против турската влада, јас мислам дека владата на Ердоган кат тат ќе падне.. А во Русија сиромаштијата се уште неможе да се контролира,Русија е сиромашна земја тоа е факт и реалност, таму се уште владее руска мафија,бесен криминал ... убиство, кражба и питачи по улиците се типични примери и феномени во Русија..
Ајде јунаци... ако сте толку сигурни 1 спрема 10 давам, дека на претседателските 2014 Ердоган тепа во прв круг?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.272
Поени од реакции
23.875
САД, Израел, Иран, Германија, Франција, Британија. И имаат механизам да ја разнесат Турција сосе економија ако сакаат. Јас лично не ги сакам сите исламисти, на кои основна цел им е верска војна и ширење на исламот, не е Ердоган некој исклучок.

Ние од одличната соработка со Турците ги видовме само зградите во Аеродром и стотици невладини организации кои организираат верски учења и ги радикализираат Торбешите и Ромите. Турција си има стратешки сојузници на Балканот во Албанија и Косово, не Македонија.
Ова сега се детски муабети или за пред кооперација. Светот не функционира баш по тој принцип. А и повеќето кој тука ги наброи биле некогаш фактор , сега се фактор помножен со 0. Во секој случај небитно за муабетот.
И малце да не ги измеша лончињата со радикалниот ислам.
Не доаѓа тој од Турција туку од друго место. Исламот кој се практикувал на овие простори со векови нема допирна точка со исламот кој денес длабоко навлегува. Дури и новоизградените џамии се прават по друг терк кој не е својствен за овие простори.
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 20:45 ---
Ајде јунаци... ако сте толку сигурни 1 спрема 10 давам, дека на претседателските 2014 Ердоган тепа во прв круг?
И после ке читаш како изборите биле наместени, бла бла бла.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom