Ердоган побара од Путин прием во Шангајската група

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Знаеш кога последен пат природните противници на турската држава мафтале на официјални турски претставници? За време на младотурската револуција во 1908. Треба да те потсетувам што се случило во 1912?
За да ме потсетиш што се случило 1912 треба да знаеш што се се случувало уште после смртта на Сулејман Величествениот, бидејќи тогаш е почетокот на крајот за империјата, а не 1908 год.

Според мене, Путин и Ердоган се вистински примери како треба да се реформира една држава почнувајќи од минус, а не од 0. Можи на многу не му се допаѓа ова, но тоа е факт!

Плус Турција 1912 и Турција 2013 се два различни света со ист идеолошки концепт, бидејќи уште од сега се работи на Турција (империја, а не република) 2023 год. Според мене ова тешко дека ќе го постигнат враќањето на империјата, но дека ќе ја зајакнат Турција внатрешно е повеќе од сигурно! И да знаеш после Сулејман Величествениот најголем турски реформатор е Ердоган, а не Ататурк! Еве ти видеото да видиш каде е Турција денес и да направиш споредба каде беше во 1912 г., во времето на Ататурк или па ако сакаш и пред 20 год.

Еве, штотуку прогуглав и најдов и на македонски за проектот 2023:
Турција 2023

Доколку Турција успее да ги оствари своите амбиции и до 2023 да влезе во топ 10 светски економии тоа ќе значи без дилема дека оваа земја ќе стане една од глобалните економски ѕвезди на новиот век. Во време кога развиениот запад се мачи да оствари стапки на раст над нулата Турците креираат огромни стапки на раст и полека но сигурно стануваат сериозен фактор на периферијата на Европа.

Колку расте Турција?

Во 2011 година Турција порасна неверојатни 8,5%. Тоа ја прави убедливо најзилна економија во Европа. Токму ова е една од главните причини што турците многу не ги боли глава дали ќе влезат во унијата. 2012 погодена од ситуацијата во светот економијта доживеа таканаречено благо приземјување и се очекува 2013 повторно моторот на растот да се запали и да се постигне раст од близу 4%.

Ова сепак значи дека Турција за да може да ја оствари нејзината цел дека ќе мора да постигнува раст од 6%. Математички на ваков начин може да се дојде до она ниво кое Турција го бара а тоа да биде една од најсилните економии на светот.

Што точно значи Турскиот проект 2023 ?

Проектот те целите кои треба да се постигнат ги објави Реџеп Таип Ердоган премиерот на Турција. Тоа се серија проекти кои Турција треба да ги релизира до 2023 година.

Основната цел е растот на БДП од сегашните 775 милијарди долари на 2 трилиони долари во 2023 година. Целта е исто така да се намали невработеноста на скоро природна стапка на невработеност од 5%. Додека БДП по глава би постигнал ниво од 25.000 долари.

Инаку Турција во моментов има стапка на невработеност од близу 10%, додека нејзиниот БДП по глава на жител изнесува 10.500 долари.

Турција проценува дека ќе има вкупно 30 милиони жители кои ќе бидат во категоријата работна сила, во моментов имаат нешто повеќе од 22 милиони.

Кои промени се случуваат во моментов?

На Турција исто така како и на Кина е потребна поголема домашна потрошувачка и инвестиции во инфраструктурата. Интересно е тоа дека се повеќе глобални брендови влегуваат во Турција. Типичен пример за тоа дека Турците се повеќе трошат производи кои доаѓаат од западот е огромниот пад на традиционалниот турски пијалокот – раки (значи тоа е оној бел пијалок што наликува на узо и може да го видите во турските серии). Ова не значи дека турците не пијат алкохол, туку дека потрошувачката се повеќе се врти кон глобалните брендови.

Исто така младото население се повеќе троши на технологија. Впрочем замислите секој млад човек кога ќе влезе во заедница треба да купи стан и истиот да го опреми. Замислете каков потенцијал има само Истамбул кој има скоро 14 милиони жители и тоа е град кој сеуште рапидно се шири.

И за крај во целава оваа приказна и поради моќта која ја имаат Турците не прифаќаат квази односи со ЕУ и бараат да бидат полноправна членка. Се чини во ЕУ сеуште има отпор Турција да влезе во големата Унија и времете ќе покаже дали на крајот ЕУ ќе ја моли Турција да и се приклучи.

Редакција Фактор
Можи изградил 17.000 џамии во овие 11 години, ама ја направил земјата светска сила. Камо среќа и нашите да не направеа регионална сила овие 20 год. па не 500... 1500 споменици нека изградеа!

Можеби и почетокот на крајот на Ердоган или Турција како држава е започнат, ама конечниот крај би дошол релативно долго долго време подоцна, бидејќи фала богу ништо не е вечно! И ќе завршам како што почнав... Османската империја започнала да тоне уште во 1566 год. ама сепак како што и самиот кажа, крајот дојде 1912 год. или поточно 1923 год.

Сега комотно можиш во чек дис аут, да се префрлиш!
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
ОК, харизмата на Ердоган е скоро колку таа на Бране (не е иста, би било грев да се тврди тоа). И сигурен сум дека секоја млада жена од Курдите сака да има дете од Ердоган, а на педерите од таа заедница им е дел од сништата. Ако се земе тоа во предвид, постои можност да се помират.

Не заборавам ништо, само давам пример дека мафтањето со знаменца не мора да значи ништо. И нагласувам дека најбитни се интересите. Кој е интересот на Курдите да бидат покорни на султанов во обид, кога регионот гори и ова им е најголема шанса во последниве 100 години за нивна независна држава? После тоа, кој е интересот на големите сили за силна Турција и ако имаат, како таа силна Турција ќе проектира влијание во регионот? На Балканов и побитно на Блискиот Исток и Северна Африка.

САД има корист Турција да има влианије овдека на Балканот пред се не заради ЕУ,туку заради Русија,, http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9593807700CDCA42AC6EF93ED6F50BF0
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.271
Поени од реакции
23.874
Dur sme кај интересите на темата, чим спомна, повели. Да чујам, кои се тие интереси кои би ги конвертирале непријателите да не бидат вечни?
Во случајот економските најчесто.
Ако одиме по вашата теорија колку војни имаат водено Франција, Велика Британија и Германија во последните 300 години од кој последната 1940 а пред тоа само 20 години претходно. Франција и Англија 100 години беа во војна и сега што? Америка и Англија ?
Сакаш уште?
Јапонија и Америка.
Сите овие денес спрема вашата теорија се смртни непријатели и ама нема никаков начин да соработуваат на економски политички и воен план, па оддтаму побрзавте да заклучите дека Русија и Турција никогаш нема да соработуваат оти бла бла бла.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Не е битно колку згради и мостови изградил, туку што направил надворешно-политички. Затоа што Ердоган сака да направи од Турција светски фактор пак, не да направи социјален рај. Ајде сега, пред да заминам во ЧДА, кажи ми кои се успесите на ердоганова Турција во надворешната политика и проектирањето на влијание. Мостовите се небитни за темава.
САД има корист Турција да има влианије овдека на Балканот пред се не заради ЕУ,туку заради Русија,, http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9593807700CDCA42AC6EF93ED6F50BF0
И како и оди на Турција? Досега во колку држави на Балканов успеа да извлијае? Не се САД глупи па да држат до неуспешен проект.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Во случајот економските најчесто.
Ако одиме по вашата теорија колку војни имаат водено Франција, Велика Британија и Германија во последните 300 години од кој последната 1940 а пред тоа само 20 години претходно. Франција и Англија 100 години беа во војна и сега што? Америка и Англија ?
Сакаш уште?
Јапонија и Америка.
Сите овие денес спрема вашата теорија се смртни непријатели и ама нема никаков начин да соработуваат на економски политички и воен план, па оддтаму побрзавте да заклучите дека Русија и Турција никогаш нема да соработуваат оти бла бла бла.

Најголем пример е Германија, низ цела историја на чело со Адолв Хитлер, војуваше со цела Европа , а сега денес се заедно во ЕУ и НАТО.. Исто е и со Јапонија, порано војуваа со САД,а сега се сојузници и имаат соработка, политиката не се води со емоции туку со вразум и логика..
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.271
Поени од реакции
23.874
Не заборавам ништо, само давам пример дека мафтањето со знаменца не мора да значи ништо. И нагласувам дека најбитни се интересите. Кој е интересот на Курдите да бидат покорни на султанов во обид, кога регионот гори и ова им е најголема шанса во последниве 100 години за нивна независна држава?

После тоа, кој е интересот на големите сили за силна Турција и ако имаат, како таа силна Турција ќе проектира влијание во регионот? На Балканов и побитно на Блискиот Исток и Северна Африка.
Од дрвата не ја гледаш шумата, и многу битно во случајот гледаш со балкански очи на целата работа.
И не заборавај дека Турција била велесила цели 500 години. Не дека тоа нешто значи сега но колку да се има во предвид дека Турција не е од вчера во овие работи и си има некој континуитет.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Не е битно колку згради и мостови изградил, туку што направил надворешно-политички. Затоа што Ердоган сака да направи од Турција светски фактор пак, не да направи социјален рај. Ајде сега, пред да заминам во ЧДА, кажи ми кои се успесите на ердоганова Турција во надворешната политика и проектирањето на влијание. Мостовите се небитни за темава.
И како и оди на Турција? Досега во колку држави на Балканов успеа да извлијае? Не се САД глупи па да држат до неуспешен проект.

Турското влианије по полека веќе и почна да се почуствува пред се заради курвинсите политики на ЕУ.. Како и да е за Македонија по убо е да соработува со Русија,Кина Турција,Индија итн,отколку со ЕУ педерите..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Од дрвата не ја гледаш шумата, и многу битно во случајот гледаш со балкански очи на целата работа.
И не заборавај дека Турција била велесила цели 500 години. Не дека тоа нешто значи сега но колку да се има во предвид дека Турција не е од вчера во овие работи и си има некој континуитет.
Да де, ама едноставни работи прашувам. Со кого ќе соработува Турција од регионов? Каде ќе проектира влијание? Грција, Бугарија, Србија? Или можеби Сирија и Египет? Проба Ердоган таму, и тоа баш сега, доби по нос и еве го, коленичи кај Путин. И ние треба тоа куропушење од страв да го нарекуваме одлика на голем лидер?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.271
Поени од реакции
23.874
Да де, ама едноставни работи прашувам. Со кого ќе соработува Турција од регионов? Каде ќе проектира влијание? Грција, Бугарија, Србија? Или можеби Сирија и Египет? Проба Ердоган таму, и тоа баш сега, доби по нос и еве го, коленичи кај Путин. И ние треба тоа куропушење од страв да го нарекуваме одлика на голем лидер?
За какво влијание зборуваме тука?
И оти коленичењето пред ЕУ 20 години не е коленичење а ова другото е? Јас зборувам за економски придобивки , а и не треба да се биде којзнае колку мудар за да се сфати дека со економската моќ доаѓа и другото влијание а не обратно.
 
За политичко, какво што Ердоган сака. И коленичењето пред ЕУ е коленичење. А големи држави и големи лидери не коленичат. Тоа ми е поентата цело време.

Ердоган е самоумислен голем лидер, а нивната економска моќ може да ја презентираат само во сателит држави ко Македонија и Косово. Дури и со ваква Грција, економски падната на колена, нивната економска моќ не им помага многу.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Да де, ама едноставни работи прашувам. Со кого ќе соработува Турција од регионов? Каде ќе проектира влијание? Грција, Бугарија, Србија? Или можеби Сирија и Египет? Проба Ердоган таму, и тоа баш сега, доби по нос и еве го, коленичи кај Путин. И ние треба тоа куропушење од страв да го нарекуваме одлика на голем лидер?

Ердоган после Ататурк е најголем лидер во турската историја,тоа е факт,без разлика дали ние тоа го сакаме или не, освен тоа Турција има одлична географска положба,има силна економија,има силна армија, а во едно е и стара членка на НАТО... САД,Русија Кина и дурги светски сили во иднина ќе се борат на дипломатски начин меѓу себе како би ја тргнале Турција кон нивна страна,тоа е исто како со фудбалерите, големите фудбалски клубови секогаш ги сакаат најдобрите играчи,за да одат без проблеми до трофејот..:icon_lol:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.271
Поени од реакции
23.874
За политичко, какво што Ердоган сака. И коленичењето пред ЕУ е коленичење. А големи држави и големи лидери не коленичат. Тоа ми е поентата цело време.

Ердоган е самоумислен голем лидер, а нивната економска моќ може да ја презентираат само во сателит држави ко Македонија и Косово. Дури и со ваква Грција, економски падната на колена, нивната економска моќ не им помага многу.
Далеку ја заминавте од првобитниот муабет, а тој беше дека нема шанси Русија и Турција да соработуваат.
А за грција незнам што се очекува, да ја окупираат или ? И впрочем од досегашната историја незнам што толку има направено грција во однос на турција. Секогаш само и да покушаат нешто да мрчат редовно го папаат воено ама тоа мислам дека не е ни тема на муабет тука.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Не е битно колку згради и мостови изградил, туку што направил надворешно-политички. Затоа што Ердоган сака да направи од Турција светски фактор пак, не да направи социјален рај. Ајде сега, пред да заминам во ЧДА, кажи ми кои се успесите на ердоганова Турција во надворешната политика и проектирањето на влијание. Мостовите се небитни за темава.
- Израел на двапати му се извинуваше на Турција, а ретко на кој Израел досега му се извинил. А почна и да исплаќа репарации на жртвите од нападот на Мави Мармара. Пред да се извини Израел, Нејтанаху кратко и јасно даваше изјави дека не сака ни да чуе за извинување.
- Благодарение на лобирањето на Турција, Палестина стана и официјално држава која не е во ОН. А со тоа стекна и одредени привилегии кои дотогаш неможеа ни да помислат Палестинците. И не само што стана земја набљудувач во ОН, туку стана и членка на многу други светски организации, кои подоцна Америка и Израел ги санкционираа но безуспешно.
- Турција му воведе санкции на Франција, која е земја членка на СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ!
- Турција му воведе санкции и на Израел!
- Во спротивно, Турција е единствена земја која јавно го признава Северен Кипар и не ја подржува новата власт во Египет, досега никој тоа не го санкционирал, иако е во спротивно со многу државни интереси и со правилата на ОН! Исто така, Турција јавно се залага за независна Чеченија и Источен Туркистан!

Исто така, Турција е блиску да го превземи Бондстил од Америчката армија, ако дојди до ова тек тогаш ќе видиш какво е влијанието на Турција! А кога сме пак кај Сирија, влијанието на Турција е послабо само заради Русија и Кина, кои моментално за многу работи диригираат во светот!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.251
Далеку ја заминавте од првобитниот муабет, а тој беше дека нема шанси Русија и Турција да соработуваат.
А за грција незнам што се очекува, да ја окупираат или ? И впрочем од досегашната историја незнам што толку има направено грција во однос на турција. Секогаш само и да покушаат нешто да мрчат редовно го папаат воено ама тоа мислам дека не е ни тема на муабет тука.
Нигде јас не напишав дека Турција и Русија не можат да соработуваат. Во тој случај не сме се разбрале. Јас само пишав дека таа соработка ќе заврши лошо.

Не да ја окупираат, туку да го решат статусот на Северен Кипар. Затоа што тоа им е отвореното и болно прашање со Грците. Ама никаков напредок нема. Ни милиметар не отстапи Грција.
--- надополнето: 26 ноември 2013 во 02:13 ---
Непријатели, непријатели, непријатели. Непријатели насекаде и многу помоќни од нив. Стварно многу јака стратегија за водење надворешна политика. Со Туркменистан против Израел и Франција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom