Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
населбата `Ќерамидница`,мислам дека така се вика бидејќи тука имало некаков погон за правење на тули и ѓерамиди

аха фала..иначе на прв поглед ме зачуди зашто во драчево исто имаше таква фабрика...а бев сигурен дека нема такво нешто
у секој случај ок :)
 
Јас сакам да го споделам моето искуство со нло,ова се случи пред околу два месеци.Седев во соба на компјутерот,а прозорот беше отворен.Бидејќи живеам високо на 12 кат одеднаш мајка ми ја слушнав како рече демек што е она што свети толку силно надвор,не е ѕвезда.Јас љубопитен г'з набрзина се кутнав на прозорот и кога видов голема светлечка топка како лебди негде кај воена болница и светеше жар црвено.Си викам еј да си ибеш векот што може да е она.Прво што направив беше да пробам да си ја само-објаснам оваа појава.Си викам,авион не е,хеликоптер не е,сателит не е затоа што топката беше на многу ниско растојание,метеролошки балон никако затоа што беше преголемо,значи си викам ова мора да е нло.Во меѓувреме го извадив мојот чкарт алкател земен на нула денари при-пејд и си викам леле готово се збогатив,Латас ќе ме искешира.Палам камерата кога единствената снимка што ја направив беше фамозната црна боја со 0.5 мегапиксели камера.Си викам пу да ти ибам камерата сега ми преостанува само да набљудувам.Наеднаш црвената жар топка почна да се движи со огромна брзина лево-десно и да се гасне и пак да се пали.Кога го видов тоа сфатив дека тоа што го гледам не е од оваа планета т.е не е направено со човечка рака.Наеднаш светлечката топка стоејќи во место како се палеше и гасеше исчезна негде накај 12 саатот по полноќ,а се тоа се случуваше 5 минути.Си реков толку од сеирите и седнав на компјутерот по брза постапка да известам дека маалото ми го нападнале свемирци.Така скролајќи со маусот на фејсбук наидов на една статија дека истата топка е забележана негде околу 9 саатот по ручек.Така праејќи си филмови со моите дома и гледајќи низ прозорецот цело време љубопитно одеднаш ко на филм ја гледам истата топка како се враќа од пределот накај Шар планина и повторно дојде на истото место.Целиот возбуден за подобар поглед летнав накај терасата да го доживеам тоа чуство на возбуда поубаво.Истата таа светлечка топка повторно со голема брзина мрдаше лево-десно и се палеше и гасеше жар црвена за да за неполни 2 минути да се изгасне повторно.Така седнат на терасата замислен,возбуден помислувајќи дека одисејата заврши наеднаш ко на филм негде од кај пределот на село Волково три бели кугли наместени во правоаголна положба се издигнаа во небото и се распрскаа на три страни со голема во брзина и одеднаш застанаа во место па почнаа да се палат и гасат за на крај скрос да се изгасат.Јас пред да го видам ова не верував во такви работи но после тоа што го видов засекогаш ми се изменија видиците.Се извинувам што отупев толку но сакав детално да ви ја пренесам случката.Позз
 
Американските набљудувачи неодамна на Марс открија дупка длабока околиу 130 метри, за која сметаат дека е некој вид на подземна база за вонземјани.
Прегледај го приврзокот 77485
Покрај оваа база се пронајдени отпечатоци за кои постои сомневање дека всушност се од летечки чинии. Исто така, постои верување дека вакви дупки има и на Земјата.

Извор: http://denesen.mk/web/2013/11/22/video-na-mars-pronajdeni-bazi-za-letacki-cinii/
 
Баш наидов на еден клип на интернет и трите бели топки што ги видов изгледаа буквално овака,.
http://www.youtube.com/watch?v=d4jD-dE0fPE само разликата е што јас тие што ги видов брзо се движеа.http://www.youtube.com/watch?v=dkCbk6EjpRcИначе приметив дека овој феномен се појавува скоро секаде во светот и до сега нема ниедно логично објаснување што би можело да биде ова.
 
ги најдов сликите од отворите на северниот пол,стварно се чудни

61377901.jpg

66793077.jpg

--- надополнето: 23 ноември 2013 во 00:03 ---
за Марс

81°21'3.47"N
91°29'22.73"
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 00:05 ---
и левата дупка на јужниот пол
66153599.jpg
 
Црвји дупки уште да откриеме како функционираат направиме летачки чинии ќе почнеме да летаме и побрзо откриваме нови светови соодветни на земјата.Ќе биде може би за едно 1000 години
 
Имам пишувано во оваа тема за мојата случка пред некаде 5-6 години која ме натера до ден денес да се интересирам за вакви работи и да изгледам стотици документарци. За тие што ме немаат прочитано во кратки црти оваа е случката: Огромно летало во облик на тријаголник, не испушташе НИКАКВИ звуци, а беше ниско, се движеше бавно. Тоа е во кратки црти е сеа интересното е јас како дете и незапознат со овие појави одма дома на Google пишав triangle ufo и ми излегоа премногу слики и снимки слични на тоа што јас го видов и бев премногу изненаден дека тријаголните UFOa се многу чести низ светот !
Иначе, причината што постирам пак во групава е да ставам видео на кое налетав и е ново, а е премногу слично на тоа што јас го видов само што кај мене беше уште поголемо, пониско и речиси можев да го видам до детаљи.

 
Луќе, вчера и некни ми се случи нешто ептен чудно, значи во двата дена во исто време, околу 20 часот, се слушаше нискофрекфентен, но многу продорен звук кој се засилуваше. Фрекфенцијата беше околу 10 херци. Што мислите, што може да е ова?
Изгледа ЕВН барал нов начин да ти ги изгори кондензаторите на матичната, а да не одговара.
 
Со видеово слободно можи темава да се премести во "Свет".
 
Да, верувам. Но, не такви зелени човечиња како од филмовите. Повеќе, друг вид на организми.​
да мислиме дека има живот само на нашата Земја. Па, ако овде се створиле услови, сигурно има и на некое друго, далечно место..​
Во приказните со НЛО не верувам. Тоа се само лаги за повеќе внимание. Едноставно е премногу тешко...Треба да се патува со брзина на светлината, а тоа може само ако се претворат во честички без маса, дојдат до овде во таа форма и потоа пак се соберат во едно парче. Ај замислете го тоа, де! А и НЛОто има малку поголема маса...​
Па, така, изгледа уште долго ќе си живееме така, паралено.:)
 
Да не знае некој што бидна со Боб Лазар?
Порано имаше бајаги интервјуа со него околу Ареа 51 али го снема нешто..

Да не знае некој нешто ново околу неговите тврдења?
 
Да не знае некој што бидна со Боб Лазар?
Порано имаше бајаги интервјуа со него околу Ареа 51 али го снема нешто..

Да не знае некој нешто ново околу неговите тврдења?

Па колку што знам има компаниија, United Nuclear. Има доста кои сеуште го викаат на интервјуа или слично ама не е толку активен како порано. Има и доста истражувачи (како Стантон Фридман на пр.) кои велат дека Лазар лаже. Лично јас досега не сум чул некој друг да ги потврди неговите изјави или да даде слични, посебно за (во тоа време) унунпентиумот, дека постои како елемент и дека се користи за антигравитациона технологија.
Сега најверојатно си го тера бизнисот и не се експонира толку многу како порано.
--- надополнето: 30 ноември 2013 во 00:49 ---
http://www.youtube.com/watch?v=_BLjI_PAFEs&list=PLD7B1CAD213739A0D&index=1
Еве една емисија со Лазар на Coast to Coast радио, кој му се слуша нека повели
 
Што се запнавте со Лазар, имате 2ца астронаути од Аполо мисиите јасно и гласно без муабети одоколу си изјавуваат дека ЕТ постојат, башка другите високи владини функционери, генерал, поручници, стражари, со top secret одобрение луѓе кои се викнати како сведоци... Видеото што го поставив е страшно и крајно сериозно и најмногу ме радува што не е наменето за mainstream масата како Ancient Aliens на пример.
 
Што се запнавте со Лазар, имате 2ца астронаути од Аполо мисиите јасно и гласно без муабети одоколу си изјавуваат дека ЕТ постојат, башка другите високи владини функционери, генерал, поручници, стражари, со top secret одобрение луѓе кои се викнати како сведоци... Видеото што го поставив е страшно и крајно сериозно и најмногу ме радува што не е наменето за mainstream масата како Ancient Aliens на пример.

Човекот си праша најнормално за Боб, па јас што знаев му кажав.
А видеото што си го постирал е добро познатиот Disclosure Project. Јас барем 3, 4 пати постирав видеа од тој проект и од Стивен Грир. Има што да се види и чуе таму, се надевам ќе се најде некој да го изгледа цело видео што си го пратил.
Сепак, добро е да се види и другите што имаат да кажат, има цела плејада истражувачи, многу од нив постирав претходно, да не се повторувам сега.
 
Верувам во Вонземјани , дали имате гледано во Среда во 22 часот на Дискавери(Discovery) емисијата Alien Mysteries , значи првата епизода раскажуваше една жена како цело време ја следеле летечки објекти и вонземјани , исто така таа на некои случки не се сеќаваше , но само на една се сети дека видела вонезмјанин и видела мешовина од фетуси на вонземјани и луѓе .. Другата епизода што ја гледав се работеше за 2јца војници од Студената Војна , шетале во шумата и притоа наишле на чудно светло , го следеле и одеднаш двајцата паднале на земја безсвест кога се разбудиле едниот војник пошол до леталото кое било во облик на триаголник и пишувало некои чудни букви , а пак другиот кога се разбудил усвари видол само црвено светло , после тоа двајцата заедно го видоа леталото што лета на небото , им се случуваа чудни случки , кога се пријавиле за војска биле сосема здрави , кога се одјавиле едниот доживеал срцев удар а другиот имал шум на срце , притоа тоа се случувало од преголема радијација , кога едниот војник пошол на хипноза тој самиот кажуваше дека имал контакт со вселенското возило со хирогливски букви , тие му кажале дека ние сме(луѓе се) што патуваат низ минатото , а уствари тие се во иднината , мој заклучок , гледајте ги денеска во 22 часот , интересно е баш..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom