Прашање за Христијанството III

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Ме интересира, во кој месец е роден Исус? Податок кој го пишува во библијата.

Во Библијата не е назначен никаков месец на Исусовото раѓање, туку се дадени описи на времето и приликите приликом неговото раѓање. Добрите аналитичари на тие прилики се сложни дека Исус се родил во летен наместо зимски период.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Токму тоа и го барав, ние Исусовото рагање го славиме во 25 Декември односно 7 Јануари, а тој е роден во лето односно претпоставка некаде околу Март. А зошто е тоа така?(одговорот на моето прво прашање го знаев,го знам и на ова,но сакам да слушнам и други мислења)
Гледам дека сте муслиман, според пораката, а имате и добри познавања и кои христијанството епа тогаш ќе те замолам да ми одговориш и на следново прашање. Дали е вистина дека муслиманите се обидувале да докажат дека Исус бил црнец?
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31

Кај си го слушнал ова?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Кај си го слушнал ова?
Одговорите се кријат во книгите, а и од таму потекнуват и прашањата. Го сретнав во една книга, детално е објаснето, а заверата сакале да ја “искенираат“ муслимански секти кои биле активни во европа. Сега ме интересира дали е вистина? Моја претпоставка дека е лага, но сакам да слушнам и други размислувања.
 
Искрено од тебе слушам дека имало таков обид од одредени муслимани за да докажат дека Исус бил црнец. Мило ќе ми биде да го споделиш твоето знаење во врска со тоа.

Инаку,BBC пред 10—11 години прикажал документарен филм под наслов Son of Godза Исус, во кој се вели дека научниците го зеле просечниот череп на луѓето кои што живееле во првото столетие од новата ера во делот од Палестина каде што е роден Исус. Пластер копијата на черепот е направена во Израел и е однесена во некој медицински центар ( чинам) во Манчестер во Англија, каде што форензичарите направиле реконструкција на лицето кое изгледало вака:

Она што е битно да се знае ( барем за мене ) е тоа дека вероватно Исус си личел на својата семитска раса каде што се родил и живеел.
 
Своите мислења и знаења во моментов ќе си ги задржам за себе околу оваа тема, и онака самиот неверувам во нив, но никогаш не може да се знае што мислеле и планирале да направат одредени секти и масони, а и не постојат документи кои ќе го докажат тоа. Но клучното прашање е ова ,дали имало муслимански секти длабоко во европа? И ако имало кои биле нивните цели?, а целите се повеќе од јасни и сите ние ја знаеме барем нивната главната цел!
Но темава е “Прашања за христијанството“, а не за исламот и ќе се обидам да се задржам до неа.
Една религија е составена од синџир на мислења, верувања, правила на однесување и облекување во светите храмови (некаде се диктираат и правилата за тоа како треба да го живееме животот), приврзаници, ставови, храмови и света книга односно документ или приказни за тоа што направил во текот на својот живот човекот/богот во кои веруваат. Зошто многу малку работи кои ги пишува во библијата денес постојат односно верниците ги применуваат и зошто христијанството не постои во целина туку е разделено на 2 гранки (католицизам и православие) и тие гранки имаат свои подгранки!? Со самото тоа што има раздор помеѓу црквите се создава и раздор помеѓу верниците, а сите се христијани било католици, било православни, било протестанти. Дали е тоа во ред???
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
За поделбата на христијанството ќе оставам да ти одговорат христијаните, иако постои и трет голем блок ( протестантите).

Генерално и јас не се согласувам со такви поделби, но, поради кои причини дошло до тоа, подобро да одговори некој покомпетентен.
 
Го набројав и третиот блок при крајот на мојот коментар.
Да бидам искрен детално и генерално не знам зошто црквата се расцепила на почетокот на 2 осносни дела, а протестантите настанале од католицизмот, од таму произлегле. Не се согласувале со црковното правило, ако направиш грев и и дадеш пари на црквата и владиката ти испее песна-молитва гревот ќе ти се заборави или господ ќе ти го прости, туку тие сметаат дека за гревовите во овој живот ќе ги носиме и ќе ги платиме во наредниот живот-пеколот или рајот, животот во вечноста.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ме интересира, во кој месец е роден Исус? Податок кој го пишува во библијата.
Ако јазикот не Ти е проблем, имаш поопширно овде:

http://www.pravoslavniforum.com/index.php?topic=2940.0
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 17:38 ---
Не се согласувале со црковното правило, ако направиш грев и и дадеш пари на црквата и владиката ти испее песна-молитва гревот ќе ти се заборави или господ ќе ти го прости, .
Кај го најде ова правило?
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 17:39 ---
туку тие сметаат дека за гревовите во овој живот ќе ги носиме и ќе ги платиме во наредниот живот-пеколот или рајот, животот во вечноста.
Таман работа ако после смртта носиме гревови: така најбрзо ќе отидеме во пеколот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ако јазикот не Ти е проблем, имаш поопширно овде:

http://www.pravoslavniforum.com/index.php?topic=2940.0
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 17:38 ---

Кај го најде ова правило?
--- надополнето: 23 ноември 2013 во 17:39 ---

Таман работа ако после смртта носиме гревови: така најбрзо ќе отидеме во пеколот.

Добро и православието се носи со тоа правило затоа протестантите се отцепија, а не се споија со православието или со некоја друга христијанска гранка. Во библијата има многу правила, а секако очите се фрлаат на 10-те божји заповеди како врвот на пирамидата.
Живот после смрта има, но тој е краток односно се додека се сеќаваат и зборуваат за нас, дотогаш ние живееме. Рајот и пеколот се само бујна фантазија при стравот од смрта на човекот при неговото развивање и развивањето на христијанството. А каде се наоѓа рајот, а каде пеколот? Тие се тука, на земјата, односно зависи како го живееме животот-некој лошо, а некој добро,начинот на кој живееме и нашите постапки-грижата на совеста, но и љубовта која ја и ни ја пружаат ,но и грижите кон нашите најблиски. И секако-како ќе го искористиме животот!
Кратко и јасно-месецот во кои е роден Исус!?
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31
Одговорите се кријат во книгите, а и од таму потекнуват и прашањата. Го сретнав во една книга, детално е објаснето, а заверата сакале да ја “искенираат“ муслимански секти кои биле активни во европа. Сега ме интересира дали е вистина? Моја претпоставка дека е лага, но сакам да слушнам и други размислувања.

Искрено прв пат читам за ова ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кратко и јасно-месецот во кои е роден Исус!?
На линкот кој го посочив, стои: ноќта, сабота спроти недела, 25 декември.
Читни троа...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
На линкот кој го посочив, стои: ноќта, сабота спроти недела, 25 декември.
Читни троа...
А зошто ние го славиме на 6-ти и 7-ми Јануари? Односно 2 недели после католичкиот исто како што го славиме Велигден ,2 недели после католичкиот Велигден. Да одиме конта далеку помоќната католичка црква со седиште во Ватикан или си имаме свои мери и мислења за како тоа треба да се прославуваат празниците и кога!?
Би сакал некогаш да подискутирам со тебе околу религијата, врската вселената и божествата, стравовите на самиот човек и вистината која се крие позади исламот.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Односно 2 недели после католичкиот исто како што го славиме Велигден ,2 недели после католичкиот Велигден.
Ова не е точно , принципот на одредување на датумот на Велигден е различен .
--- надополнето: 24 ноември 2013 во 16:12 ---
Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.
Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.
Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај.
Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268).
http://preminportal.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=12100&Itemid=54

Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај.
Ова правило не се почитува од Католичката црква затоа има различни датуми за Велигден.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А зошто ние го славиме на 6-ти и 7-ми Јануари? Односно 2 недели после католичкиот исто како што го славиме Велигден ,2 недели после католичкиот Велигден. Да одиме конта далеку помоќната католичка црква со седиште во Ватикан или си имаме свои мери и мислења за како тоа треба да се прославуваат празниците и кога!?
Затоа што католиците го користат грегоријанскиот календар а православните јулијанскиот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom