Односно 2 недели после католичкиот исто како што го славиме Велигден ,2 недели после католичкиот Велигден.
Ова не е точно , принципот на одредување на датумот на Велигден е различен .
--- надополнето: 24 ноември 2013 во 16:12 ---
Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Тоа значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.
Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сонцев знак – пролетната рамнодневница; ноќен, месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамнодневница; споредбен празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Таа е старозаветна, а Велигден новозаветен. Таа претходи, а Велигден следи. Тој е Новата Пасха.
Најрано, пролетната рамнодневница може да дојде до 4 април, а најкасно до 8 мај. А и Месечината може да биде полна, најрано на 4 април. Па, ако тој ден е недела – тогаш ќе биде најраниот Велигден. Кога на небото ќе се сретнат и Сонцето и Месечината полна, во недела – таа недела е Велигден. Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај.
Во еден Велигденски круг од 532 години, може да се падне најраниот Велигден – на 4 април, петпати (во сегашниов круг во: 2010, 2105, 2200, 2213, 2447), а најдоцниот Велигден – на 8 мај, четирипати (1983, 2078, 2173, 2268).
http://preminportal.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=12100&Itemid=54
Но, ако тоа се падне пред Пасха јудејска или заедно со неа, тогаш се одлага Велигден за првата недела по следната полна месечина, ама не подоцна од 8 мај.
Ова правило не се почитува од Католичката црква затоа има различни датуми за Велигден.