Плински уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ako e plinot strucno namesten ne e nisto poopasen nego benzinot,vo nekoi uslovi duri i posiguren e,poso brzo isparuva. Toa sto kaj nas ima maalski majstori pa stavaat na stari kanti sve i svasta,plinski sistemi od rusija,bugarija i kojznae kade stari po 50 godini toa e druga rabota. Plinskiot ured od vreme na vreme normalno treba da se servisira kako i sve ostanato. Jaka muda,ke smenis (ocistis) filter za plin, po potreba ke se smenat crevata ako se mnogu stari i gotovo.
Pa normalno deka plinot e za tie so potenok geb,80 denari za benzin za nasiov standard e pravo kolenje,zatoa i se prepravaat kolite. 80% od narodot realno edvaj krpi kraj so kraj,i plinot veke stanue skap.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 21:28 ---
Jas cekam na Makpetrol da ja rasiri mrezata za punenje na metan i odma odam vo Italija po nekoja limuzinka na metan.
 
Александар, помини, ќе видиме што има вградено , во делот за покажување на ниво на плин во резервоарот, отпосле ќе видиме што понатаму. Колку што ми е познато во Сингелиќ нема друг автогасен сервис освен нашиот, ќе ти пуштам телефон на ПП де се чуеме. Консултацијата не кошта и не боли глава од неа. :)

Плимонт, а да ви поминам јас утре/задутре? За колку време се завршува работа? Истиот ден?
Станува забор за Citroen C4 Coupe. Кој плински уред би го препорачале и која е цената?

Секако, после ова форумџиите ќе добијат целосна рецензија на форумов за уредот и постапката. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред :)
 
Slobodno pomini do kaj nas koga ke ti odgovara, a mozes I na tel. da zakazes termin za vgraduvanje na ured. Montazata na plinskiot ured ke ja zavrsime vo tek na eden den. Za Citroen C4 predvideno e vgraduvanje na sekvencionalen plinski ured so torusen rezervoar koj se postavuva na mesto na rezervno trkalo. Nasa preporaka e da se vgradi Landi Omegas Evo, ured od najnovata Evolution serija na Landirenzo. Cenata na uredot vo kombinacija so torusen rezervoar e 570 evra (35.050 denari).
Kaj Omegas Evo uredot se primeneti najnovite tehnicki resenija na Landirenzo, sto posebno se zabelezuva kaj noviot ECU I softver, koi vo cekor gi sledat tehnickite resenija primeneti kaj novite modeli na vozila. Od druga strana, pri razvojot na komponentite na uredot akcentot e staven na isdrzlivosta I dolgotrajnosta vo site uslovi na eksploatacija.
Brojot na C4-ki na koi sme postavile plinski ured voopsto ne e mal, dosega ne se zabelezani problemi kaj ovie vozila, taka da ocekuvam da bides zadovolen so tvojot Citroen na plinski pogon
 
@plimont Иам едно прашање се работи за пежо 206 седан 1.4 мотор вграден е плин кај вас исто торусен резервар на место на резервно тркало али у последно време има некој проблем колава сецка и на почетокот кога не била возена пример повеќе од 5-6 саати на прво палење гаси и така 2-3 пати и се осеќа како колава да работи со мнооогу помала снага што би можело да е проблемот и колку кошта поправка?
 
Претпоставувам, помината е гаранцијата, под гаранција е бесплатно.Пежо 206 со 1.4 мотор е опремено со бензинска централна единица (ECU), која користејќи ги сензорите од возилото доколку осети отстапување во работата на моторот од фабричките вредности, преку актуаторите кои му се на располагање (тука спаѓаат и бензинските инјектори), ќе проба да го реши проблемот. Во твојот случај, Бензинскиот ECU констатирал богата смеша гориво/воздух, незнае дека е на плински погон, и преку бензинските инјектори го намалува вбризгувањето на гориво (бензин) во моторот. Најизразено при ладен старт, точно како што опишавте во постот погоре.
Најчесто се решава софтверски, меѓутоа сепак ќе мора да се погледне за точна дијагноза и совет.
 
Бидна и тоа. Од денес и јас се приклучувам кон баграта возачи на плин на форумов :)

Прво, морам да признаам дека воопшто немав дилеми околу изборот на компанијата која ќе ја изведе инсталацијата на уредот, затоа што Плимонт се неприкосновени на македонскиот пазар. Од препораки по пријатели кои веќе се задоволни корисници, преку одличната покриеност со информации на интернет просторот (веб сајт, социјални медиуми, форуми и тн.), па се' до информациите кои може да се добијат телефонски и на лице место, се' што прават оддава впечаток на сериозна компанија која не остава простор за некаков сомнеж.

Знаеме дека фирма која во денешно време не е присутна на интернет - исто како да не постои. Епа, за @plimont, важи обратното. Тие се присутни, ажурни и конкретни. Презадоволен сум од информациите кои може да се најдат на нивниот сајт. Од основни објаснувања за LPG, најчестите прашања на корисници, па се до ценовници, пресметки за заштеда, начини на плаќање, процедури за А-тестирање и галерии во кои може да научите нешто повеќе за изведбата на плинските уреди... Работи кои можеби одземаат време создадат и ажурираат, но решаваат многу дилеми кај потенцијалните клиенти кои се' уште се двоумат околу одлуката за преминување на LPG. За тоа, симнувам капа.

Исто така, позитивно изненаден од педантната изведба на техничките лица. За „цепидлака“ како мене (или со други зборови - човек кој сака да се грижи за состојбата на возилото), вистинско охрабрување е кога ќе видиш дека автомобилот се „конзервира“ пред почеток на изведбата. Најлони на седишта, фолија на волан, менувач, рачна кочница... Се' по пропис и професионално. Не дека се работи некоја валкана работа, ама зошто да се случат несакани дамки од страна на техничарите кога може да се делува превентивно? :)

Инсталацијата беше брза и завршена уште истиот ден. Пред предавањето на возилото следуваше кратко запознавање со плинскиот систем, гаранцијата, начинот на користење и тн. При предавањето на возилото, визуелна тура околу инсталираната опрема (плинскиот резервоар, полначката, индикаторот и контролите за префрлање од бензин на плин и тн.) и секако - кратко упатство околу начинот на користење. Не дека треба да си гениј за да сфатиш како се префрла од бензин на плин и обратно, ама никогаш не е на одмет да се разјаснат некои работи. После тоа, пали - вози! :)

Иако денес поминав некои 30-40 километри, имав можност да ја „нагазам“ малку C4-ката и на автопат. Не забележувам никаква варијација од возењето/брзината на бензин до возењето на плин. Се' е исто. Освен цената на горивото, нормално. При крај на возењето си викам: „чекај да видам дали мириса на плин“ и се доближувам со носот до издувот да видам дали го има оној мирис на „купус“ кој често во минатото сме го чувствувале - нема ништо слично. Никаков мирис на плин, особено не на зелка. Тоа ми се допаѓа :)

Утре одам да завршам работа со документацијата на технички. За да нема нејаснотии околу тоа, дури се потрудиле и да ги објаснат чекорите (1. потврда од технички, 2. потврда од МВР, 3. извршување на технички преглед) кои треба да се поминат за да се добие документот за „А-тестиран уред“.

Плимонт, ви благодарам. Сега, може да зачести одењето на викенд надвор од Скопје... :)
 
Дека за исто време раљзвива иста брзина на плин и бензин не е можно и не можеш да забележиш.
Ќе забележиш разлика кога ќе возиш паралелно со друга C4 што користи бензин.
Пред да монтираш плин,се консултираше ли во авто нова дали ќе ти го севисираат возилото со плински систем или кога ќе ја носиш на сервис ќе треба да го демонтираш системот.

Не знам сега дали е така ама пред 7-8 години не сервисираа возила кои користат плин,бидејќи фабриката не дозволувала на нивните мотори да се експериментира вградувајќи плински систем
 
Не утре право у сервис да ти го исклучат сијаличето check engine,па после на викенд....

Е сега прашање.Дали е со дизна систем или е попартизанско праено,мислам за цената.Вујко ми има Ксара попартизанска значи не е дизна систем,туку некоја си ебем мајсторија,па на крајот мораше да ги менува вбризгувачите кои за жал чинат 75евра 1 ком а ги има 4.....
 
Да, да, ќе го демонтирам и пред носење во перална :pos: Пред 8 години плинските уреди уште беа „ѓаволска работа“, па ништо чудно овластените сервисери да дигале раце од автомобилите со плин. Нема зошто би се консултирал дали ќе го сервисираат или не. И онака и поминат периодот за гаранција, а редовниот сервис се сведува на менување на масло, филтер за полен, филтер за воздух и некои ситници. Ако сакаат да земат пари (пошто никој сервис не е бесплатен), нормално дека ќе го сервисираат возилото кога ќе има потреба од тоа. За брзината, реков сам - не е можно да забележам, ниту пак забележувам промена, ни па ме интересира. Да ми беше брзината предизвик, ќе земев Toyota GT86, а не Citroen со 90КС :)

Не ти го разбирам овој момент, ако сакаш, елаборирај.

Не знам, не сум техничко лице за да ти одговорам на ова прашање.
 
И мене ми беше помината гаранцијата,требаше да менувам сет ламела.
Закажав термин а кога ја однесов во сервис видоа дека има монтирано плински систем и ми рекоа дека се извинуваат и им е жал што нема да извршат сервисисирање бидејќи имало плински систем а самата фабрика не дозволувала интервенции на автомобили со монтиран на плински систем.
Од тогаш во тој сервис не сум влегол повеќе.
Плинот осекогаш бил и ќе биде ѓаволска работа.
 
Мене ми бараа 500 евра за спојлер кој е 70-90 евра. Па нормално дека разумот не ми дозволи да го купам од кај нив. За наша среќа, не постојат само Авто Нова :)
 
Да, да, ќе го демонтирам и пред носење во перална :pos: Пред 8 години плинските уреди уште беа „ѓаволска работа“, па ништо чудно овластените сервисери да дигале раце од автомобилите со плин. Нема зошто би се консултирал дали ќе го сервисираат или не. И онака и поминат периодот за гаранција, а редовниот сервис се сведува на менување на масло, филтер за полен, филтер за воздух и некои ситници. Ако сакаат да земат пари (пошто никој сервис не е бесплатен), нормално дека ќе го сервисираат возилото кога ќе има потреба од тоа. За брзината, реков сам - не е можно да забележам, ниту пак забележувам промена, ни па ме интересира. Да ми беше брзината предизвик, ќе земев Toyota GT86, а не Citroen со 90КС :)

Не ти го разбирам овој момент, ако сакаш, елаборирај.

Не знам, не сум техничко лице за да ти одговорам на ова прашање.

Значи можеле да ти постават плинкси уред за 101 а да ти го наплатат како за новите коли а ти немаш поим.Е сега или глумиш лудило или навистина немаш поим.Но јас би рекол дека глумиш лудило.Во ред со срека со зголемени трошкови за оддржување..........И пази иде зима:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Лично, не верувам дека автонова (Цитроен) не прима на сервис и одржување возила кои имаат вградено плински уред.
Минатата година имаа акција:

9k2pth.jpg

Пред некој месец имавме вградување на плински уреди кај возила од гамата на цитроен (флотна продажба):

2vjo8wn.jpg

едит:
фотографија од citroen elysee со вграден плински уред -моторен дел:
2u6dawg.jpg
 
Плимонт-дали можиш да ми кажиш за цена на вградување на плински систем за Ауди А4 1.6 со 103 КС,1996-97? Ако вградувам тоа ќе биди напролет,така да има време за размислување
 
Лично, не верувам дека автонова (Цитроен) не прима на сервис и одржување возила кои имаат вградено плински уред.
Минатата година имаа акција:

9k2pth.jpg

Пред некој месец имавме вградување на плински уреди кај возила од гамата на цитроен (флотна продажба):

2vjo8wn.jpg

едит:
фотографија од citroen elysee со вграден плински уред -моторен дел:
2u6dawg.jpg

Или се правиш луд или ти смрдат чорапите!!!Ама ке да е до чорапите....

Ако е купена од кај нив со намонтиран плински уред,нормално е дека ке си има нормална гаранција.Но ако ти веднаш по излегување од салон ја опраиш да ја правиш на плин,чао рагаци нема гаранција.Што не е јасно тука????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom