Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Страната за типување не работи кај мене.
 
Саутемптон има примено 5 гола до сега во ПЛ... ПЕТ со зборови.
Очекувам доста тврда утакмица со Арсенал.
Почна да скока коефициентот на Арсенал.
 
Хофенхајм ГГ, Милан 1, Челзи 2. 4 Коефициент.
 
Луѓе вака, страницава е готова. Сите кои се пријавивте, отворете ја, кликнете на вашето име и изберете лозинка. После тоа можете да додавате типови, со клик на вашето име па на копчето 'Додади тип' во горниот десен агол. Е сега мал проблем имам со најавувањето со додавање типови, имено откако ќе кликнете на 'Додади тип' и ќе ја внесете вашата лозинка, ќе можете да одите и да додавате тип кај било кој корисник :D Е па, не го правете тоа, за викенд ќе го средам, сега нека остане вака за да почнеме од утре, да го фатиме викендот.

Можете да додавате максимум 5 типа дневно, нема ограничен минимум, со тоа што ти што на 31.12.2013 нема да имаат вкупно 90 типови ќе бидат елиминирани.

Секој може да типува што сака, може да се дуплираат типови, нема врска тоа.

Секој тип мора да се додаде пред почетокот на истиот и да се наведе од колку почнува натпреварот, домаќин, гостин, тип, коефициент, кладилница од која е земен коефициентот.

Секој тип се типува со 10 виртуелни пари. Доколку е добитен се пресметува 10*коефицинет, ако е недобитен се смета -10 виртуелни пари. Ако е добитен, исто во историјата на типувани натпревари се обојува зелено, во спротивно црвено. Натпреварите кои допрва треба да се одиграт не се обоени.

Исходот од сите натпревари се пресметува и се ажурира табелата на крајот на денот, по завршување на сите натпревари.

Исто, во горниот дел од прозорецот, по клик на некој корисник, стои неговото име и фиксна бројка - 80 поени. Ова ќе биде средено за викендот, да ги покажува поените кои ги има корисникот.

Исто сега за почеток, корисниците се подредени рандом. За викенд ќе биде средено да бидат подредени по ред од оној со најмногу поени кон оној со најмалку.

Уште нешто мислев да пишам, не ми текнува, ќе го ажурирам веројатно постов.

За крај, страницата е хостирана на домејнот:

www.ipopust.mk

Aко имате некаква забелешка, критика или пофалба, или ненамерно сум заборавил некого, пишете ми во сандаче.


ВАЖНООО: Вие што не се пријавивте, почекајте сите да изберат лозинка и да додадат некој тип. За проба можете да додате типови и денес, тие на полноќ ќе бидат избришани и официјално почнуваме од утре.
Странава за типување не ја отвара, сабајлево беше добра. И уште нешто, коа ке кликнеш на својот ник, наведе дека треба да внесеш лозинка, мене не ми се појавува таква опција освен со клик на првиот наведен ник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom