А да си пробаш Old Fashioned way, па или џа или бу? Јас мислам најпаметна варијанта ти е.
Можи да има многу причини вака да ти прави, затоа вака мислам дека е најдобро.
Значи и викаш: Види *именадевојчето, факт е дека не сме другари, или барем јас не те гледам како другар. Комуницираме извесен период, еднаш дури излеговме, си поминав супер, и сакав пак да се видиме. Неколку пати до сега те имам покането да излезиме пак, и секогаш најдуваш причина да не излезиме. А од друга страна продолжуваш да комуницираш со мене, што прави да не ми е јасно како гледаш на мене. Значи дај да резимираме. Како гледаш на мене? Има шанси да излезиме еднаш, па уште еднаш, па уште еднаш.... или не? Да знам, ако нема, да си терам понатаму...
Вака ем ќе знаеш на што си, ем онај моментот дека спремен си да си тераш понатаму ќе ја подзамисли.
Ако имаш трема ова трезен да и го пишиш, пиши и го ко ќе се вратиш од град
Мој предлог ова. Понатаму ти си знаеш.